Црковното Предание учи дека Богородица се упокоила како и сите луѓе

Example Super-Admin User · 8 months ago

    2 minutes, 53 seconds



·
Црковното Предание учи дека Богородица се упокоила како и сите луѓе, не своеволно, како нејзиниот Син, туку според нејзината смртна човечка природа сврзана со овој свет.

 

TviTER213.Uspenie
          По Христовото распнување, воскреснување, вознесение на небото и седнувањето оддесно на Отецот, таа поживеала на земјата уште 11 години.
             За неа се до нејзината смрт се грижел љубениот Христов ученик свети Јован Богослов.
На Маслиновата Гора, на местото каде се вознел Христос, плачејќи се молела Бог да ја земе од овој свет.
Тогаш ѝ се јавил Архангел Гавриил и ја известил дека по три дена (на 15.08./28.08) ќе биде упокоена. Тој ѝ донел една рајска гранка од палмово дрво, која светела со светлост од небесната благодат и која ќе се носи пред одарот на Божјата Мајка, како знак на тоа дека ја победила телесната и душевната смрт. Ангелот ѝ рекол дека ќе помине во бесмртен живот за да живее вечно со Бесмртниот Цар на славата .
Таа веднаш го известила за тоа светиот апостол Јован Богослов, а веста стигнала до апостолите и голем број христијани. Чудна сила ги донела 11-те апостоли при неа. Пред нив ја искажала предсмртната порака, Нејзиното тело да биде погребено во Ерусалим, во Гетсиманската Градина, таму каде што била гробницата на Нејзините родители, светите праведни Јоаким и Ана и стариот праведен Јосиф.
На денот на нејзиното Успение, таа лежела на одарот и одеднаш се осветлила куќата со необична светлост од Божјата слава. Божјата Мајка Го видела Синот како ѝ се приближува. Загледувајќи го приближувањето на Синот, Божјата Мајка радосно воскликнала: "Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој ...". Таа се подигнала од одарот како да оди во пресрет на Својот Син и Му се поклонила на Својот Бог. А Тој, приближувајќи се, и со неизмерна синовска љубов, гледајќи на Неа, рекол: "Дојди Блиска моја, дојди Голубице моја, дојди најскапоцен мој Бисер, и влези во живеалиштето на вечниот живот". Богородица Му се поклонила и Му рекла да го прими Нејзиниот дух и да ја заштити од власта на темнината. Таа мирно ја предала Својата света душа во рацете на Бога, без да почувствува болка, како да заспала.
Во книгата за Нејзиното чесно упокојување се вели: "Бројот на годините кои непорочната Мајка Божја ги поживеа на земјата се точно педесет и девет".
Започнал највеличествениот, најсвечениот погреб, во поворка со многу христијани. Се слушало ангелското пеење. Апостолите го носеле на рамења одарот на Пресвета Богородица. А најнапред одел Св. Јован Богослов кој ја носел светлата рајска гранка. Но, еврејските првосвештеници и книжници од завист испратиле војници да ја спречат поворката и наредиле "телото на Марија да го изгорат", а на апостолите да ги претепаат. Но, Бог ги поразил со слепило злобните гонители, а на еврејскиот свештеник Антониј, кој се обидел да го сврти сандакот, невидлив ангел му ги отсекол рацете. Апостолите ја погребале Богородица. Кога по три дена го отвориле гробот за да ѝ се поклони Св. апостол Тома, кој што по Божја промисла, не бил присутен на нејзиното погребение, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше во гробот.
Таа, како и Христос, доживеала телесна смрт, но во третиот ден по погребувањето била воскресната од Синот и Својот Бог, и со телото земена на небото. Се вознела на небото. И додека апостолите стоеле пред гробницата во недоумие, Таа им се јавила на апостолите жива, во Својата небесна слава, светла и опкружена со ангели им рекла: "Радувајте се, зашто сум со вас во сите денови".
Како и сите други празници посветени на Пресвета Богородица, православните христијани го слават нејзиниот живот во Христа и Светиот Дух. Она што ѝ се случува на Дева Марија, ќе се случи на сите оние кои го подражаваат нејзиниот пример и живеат богоугоден живот на скромност, љубов и смирение пред Божјата Волја.
Преку неа, сите луѓе ќе бидат „благословени да бидат почесни од херувимите и неспоредливо послевни од серафимите“ доколку го следат нејзиниот свет пример. Уште повеќе, сите ќе имаат удел во вечниот живот на Божјото Царство.

 Bogorodica.GR

fb Православие.Мк †

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/27218-crkovnoto-predanie-uchi-deka-bogorodica-se-upokoila-kako-i-site-lugje

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

За да го здобиеме обожението, треба секогаш да бидеме свети – Старец Јосиф Ватопедски

Не постои друг пат освен спасението, освен искрената исповед, за да се воспостави она што преку овие два бунта е изгубено. Враќањето кон Бога зависи од ова толку, колку што и во природните дисциплини е потребно строго вежбање. Нашето ослободување од насилството на беззаконието, кое поради нашата лош...

Image Description
4 years ago

Отечки изреки (5)

Подобро е да јадеш месо и да пиеш вино, а да не го јадеш братот со клевета. ава Иперхиј Имаше еден човек што јадеше многу и сè уште беше гладен, и друг што јадеше малку и беше наситен. Оној што јадеше многу и пак беше гладен прими поголема награда од оној што јадеше малку и се наситуваше. отечка изр...

Image Description
11 months ago

Писма од Архимандрит Јован (Крестјанкин)

  Драга И.,   Стар сум и не можам да раководам со вашиот живот, а и никој друг  неможе да живее наместо Вас. Би било добро, да не се потпирате на словото на законот, туку да живеете во неговиот дух. Верувајте, тогаш не би ја оттурнале ќерката од себеси и би умееле да ја разберете, дотолку по...