Деветто осветување на Миро во Бугарската Православна Црква

Example Super-Admin User · 1 month ago

    1 minutes, 59 seconds


Согласно со одлуката на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, по деветти пат во поновата историја на Бугарската Патријаршија беше осветено Светото Миро.

Чинот на осветувањето се одржа за време на Василиевата света Литургија на Велики Четврток, на која началствуваше Бугарскиот патријарх Даниил во патријаршискиот храм „Св. Александар Невски“, во Софија, во сослужение на голем број архијереи и свештенослужители на Бугарската Православна Црква

За време на великиот вход, садовите со Миро беа изнесени од олтарот и повторно внесени низ царските двери, поставени до светата трпеза и отворени. Потоа започна чинот на осветување на мирото.

Според утврдениот ред, пред читањето на Господовата молитва „Оче наш“, патријархот Даниил ги прочита соодветните молитви и ги благослови садовите во кои се чува светото миро. Потоа во нив додаде и дел од мирото чувано во алабастерен сад, подарен на Бугарската Православна Црква од Цариградската Патријаршија во 1945 година, кога беше укината седумдесетгодишната шизма над Бугарската Егзархија.

„Во Христовата Црква, миризливото свето миро има богата и длабока симболика. Како задолжителен елемент при осветување на светата трпеза, тоа е знак и симбол на Господовиот гроб – гробот од кој изгрее Животот, зашто смртта не можеше да Го задржи. Светото миро се користи и при осветување на светиот антиминс, кој исто така го симболизира положувањето на Спасителот во гробот. А според свети Симеон Солунски и други отци и учители на Црквата, светото миро ја симболизира и богатата благодат на Пресветиот Дух, Кој Бог великодушно ја излева врз нас – погребаните во Христовата смрт и возродените за нов и вечен живот со Христа, во таинството на нашето обновување“ – рече патријархот Даниил во своето слово и додаде дека „приготвувањето на мирото е едно од најсветите настани во црковниот живот, како и уште една причина за радост и благодарност кон Бога за дарот на автокефалноста, од кој се радуваме и денес, и кој сведочи за зрелоста и полнотата на возраста на Христовото совршенство (Еф. 4, 13). Да се радуваме на овој голем дар, но и да се стремиме да бидеме достојни за него, зашто за секоја Православна Црква, автокефалноста е не само чест, туку уште повеќе – одговорност, не само привилегија, туку и дар што обврзува“.

По завршувањето на светата Литургија, Високопреосвештените митрополити ги пренесоа садовите со веќе осветеното Миро во просториите на Синодот, каде што беа положени пред иконостасот на параклисна црква „Св. цар Борис Покрстител“, а потоа ќе бидат сместени во Миротеката на Светиот Синод за чување.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/tarzhestvena-sveta-liturgia-i-deveto-osveshtavane-na-miro-v

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/pravoslavni/devetto-osvetuvanje-na-miro-vo-bugarskata-pravoslavna-crkva/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Првиот и најважен извор на сите нешта е: мојата душа го благословува Господа...

  Првиот и најважен извор на сите нешта е: мојата душа го благословува Господа...... Нема излез, како што стојат работите. Денешното Евангелие:  Со својата трпеливост спасувајте ги душите свои  (Лука 21,19).Изворот на лажната религија е неможноста да се радуваме, попрво негирањето на радоста, додека...

Image Description
3 years ago

“Помилуј ме, зашто сум немоќен!” (Свети Јован Лествичник)

Светите оци учат дека е едно предлог, друго е соединување, трето – согласување, четврто – заробување, петто – борба и шесто – така наречената страст во душата. Тие велат дека предлогот е обичен збор или обична мисла и слика на некој предмет, кои одново му се појавуваат на умот и биваат внесувани во...

Image Description
11 months ago

Нека нашиот збор биде со благодат

 Нека нашиот збор биде со благодат„Јазикот е мал орган, но големи работи зборува“ ( Јаков 3:5 ).Навистина, колку добро понекогаш може да се направи со еден збор, изговорен во вистинско време, смислено, збор што доаѓа од срце, плод на добро чувство, возвишена мисла. Од друга страна, колку незамисливо...