Личносно спознание

Example Super-Admin User · 5 months ago

    4 minutes, 23 seconds


Пишува: Игумен Фотиј, манастир Св. Јоаким Осоговски

Уште од древните времиња луѓето верувале дека постои Бог, но таа вера кај разните народи се пројавувала на разни начини во историјата на цивилизацијата. Вообичаено, од древните времиња се верувало во некаков безличен Бог, се верувало во некаква космичка сила, разни народи Го поистоветувале Бога со природата и природните сили. Некои народи ги сметале животните за богови, некои сметале одредени луѓе за богови, а други пак разните природни појави ги сметале како директно влијание на меѓусебни борби помеѓу некакви богови.

И денес, како и во минатото, луѓето немаат лична заедница со Бога како со конкретна личност, туку веруваат во Него како во некоја неодредена виша сила. Според библиското перцепирање на нештата ваквите аномалии кај човекот се поради последиците од човечкото паѓање во грев.

Откако Адам паѓа во грев, после одделувањето на Адам од Творецот, оддалечувајќи се од Него, се губи и нивниот личен однос и Адам Го заборава Господа. Со губењето на слободната заедница во љубовта со Творецот, Бог престанува да биде конкретна личност за човекот. После оваа фатална човечка грешка, човекот во својата слобода потпаѓа во уште по длабока морална криза и тогаш Бог престанува да постои за човекот. Човекот во себе продолжува да чувствува некоја трансцедентна поврзаност со вечноста, но не преку конкретната совршена личност на Бога, туку поврзаност со некаква безлична сила. Оттука човекот измислува и верува во лажни богови, плашејќи се од смртта и од разните неприлики. Кога човекот ја изразувал својата љубов, не го правел тоа слободно со најискрената и безрезервната емоција на својата слободна волја, туку љубовта ја поистоветувал со потребата на личниот интерес, со разните потреби и страстта како што и ден-денес се пројавува ваквиот начин на изразување.

Со појавата на старозаветниот пророк Авраам и неговиот личен однос со Бога, Господ се открива во историјата како конкретна личност. Старозаветната Библија Го опишува Господ како татко Кој се грижи за луѓето. Со личното искуство на Авраам преку својата вера, повторно ни се открива Бог како конкретна личност. Бог остварува личен однос со Авраам на темелите на взаемната слободна љубов. Како што Господ го љуби Авраама, така било потребно и Авраам слободно да Го љуби Господа Бога. Темелната и права љубов се открива како жртва преку делата. Дело на љубовта е кога безусловно го љубиме Бога, без интерес, кога љубовта ја изразуваме слободно. На ваков начин ние стануваме конкретна личност која е во искрен љубовен однос со Господ и со сите други луѓе.

Човекот остварува однос со другата личност само тогаш кога слободно ќе ја изрази својата љубов кон другиот. Сите луѓе се создадени од истата природа и по природата се иста материја. Но, секој човек е посебна и конкретна личност во заедничката природа, само тогаш кога слободно без интерес ја изразува својата љубов према сите други луѓе и кон Бога. Кога некого ќе го возљубиме толку многу и кога ќе бидеме во ситуација да се жртвуваме за него, тогаш тој другиот за нас станува конкретна и неповторена личност. Личноста не можеме да ја одредуваме со тоа што ќе ја согледуваме преку телесната убавина, преку неговата интелигенција, или преку добротата, туку само кога некого го согледуваме преку призмата на слободната безусловена љубов која ја изразуваме. И секако кога нема да бараме условно да ни биде возвратена љубовта. Доколку даваме за да добиеме, тогаш тоа не е искрена, совршена љубов. Туку таквата љубов е интерес.

Кога ја согледуваме природата и светот околу нас преку личноста која ја љубиме, тогаш констатираме дека светот постои за нас и дека целата природа околу нас, со сето она што нè окружува, станува прекрасно. Но, кога ќе умре една личност која сме ја возљубиле, тогаш и целиот свет околу нас исчезнува и ние се изгубуваме во агонијата на тагата и бесмислата. По ова споменато искуство на човекот можеме да заклучиме дека личноста е основниот фундамент на постоењето на природата. Смртта на една возљубена личност нам ни открива дека целата природа е загрозена од смртта и непостоењето, затоа што една конкретна личност за нас ја има функцијата на радоста и животот за нас и се околу нас.

За православниот Христијанин, нашиот Господ Исус Христос е конкретната вечна, совршена, безвременска, апсолутна Личност која треба да ја возљубиме, со Која треба да оствариме љубовен позитивен однос, за да постоиме конкретно и остварено како вистински луѓе и прави Божји икони. Доколку Го возљубиме Бога Творецот, за сите нас, нашето постоење ќе биде постојано конкретно во радост и љубов и целото наше окружување ќе има позитивна смисла. Господ Исус Христос е Пример за сите и единствената конкретна личност преку која го возљубуваме целиот свет.

Во процесот на создавањето на светот, Господ на крајот го создава и човекот и преку човекот ја остварува заедницата со целата природа. Преку личноста на човекот Господ го остварува целокупниот однос со творбата. Бог ја возљубува личноста на човекот и човекот возвраќа искрено и слободно со љубовта и довербата во Него, преку таа слободна заедница се остварува целокупниот Божји домострој на спасението. Тварта која ја создава Бог е прекрасна затоа што е во директниот слободен и личносен однос преку волјата на човекот. Преку оваа лична заедница на Бога со творбата се остварува постоењето на створената природа. Со првородниот грев на Адама, со кршењето на личниот однос во заедницата, започнува и деструкцијата на целата творба која умира. Ништо не може да постои без личната заедница со Бога.

Личносното спознание на самите себеси ќе биде вистинско кога ќе бидеме духовно освестени и трезвени да ја оствариме заедницата со нашиот Творец кој слободно нè повикува во вечната заедница на љубовта со Него, одговарајќи Му позитивно со нашата лична волја и желба, остварувајќи ја таа вечна Божја идеја. Остварувајќи ја таа врска, ние Го возљубуваме Господа и преку оваа заедница стануваме икони Божји кои Го сведочат Бога во светот, живеејќи во потполна хармонија со целокупната створена природа.


Лекции по веронаука

The post Личносно спознание appeared first on Литургија.мк.

Source: https://liturgija.mk/pouka/katihizis/lichnosno-spoznanie/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Се плашам да се соочам со мене за да можам да се соочам со тебе, мој Христе...

 Се плашам да се соочам со мене за да можам да се соочам со тебе, мој Христе...Се плашам да се соочам со мене за да можам да се соочам со тебе, мој Христе...Се плашиме да се соочиме со себе…Се плашиме да се соочиме со Христос...Зошто...?Тие поминуваат часови, денови и години трчајќи и грижејќи се мн...

Image Description
2 months ago

Седумте Свети архангели и седумте демонски кнезови на темнината (пеколот)...

 Седумте Свети архангели и седумте демонски кнезови на темнината (пеколот) Имињата на демонските кнезови на темнината (и смртниот грев што го сеат во човекот): -Луцифер – гордост, ароганција. - Мамон – алчност, среброљубие, личен интерес. -Абадон / Асмодеус женското алтер-его. - Лилит - блуд, развра...

Image Description
5 months ago

40 мудри правила од животот на Светогорските отци...

 40 мудри правила од животот на Светогорските отциСамите отци овие изреки ги нарекуваат „духовни шеги“, но ние  советуваме сериозно да ги сфатите – Најсложените работи во духовниот свет се всушност и наједноставните, велат тие. Токму во шегите старците ги посочуваат најважните насоки, кои многу тешк...