Митрополит Атанасиј Лимасолски: Бракот е љубов, а не диктатура – (IV дел)

Example User · 3 years ago

    3 minutes, 13 seconds


Второ прашање: Како можеш да Го љубиш Бога со целиот свој ум, а истовремено да имаш време и за земните нешта со кои е поврзан семејниот живот?

Ако се задлабочиме поусрдно во животниот пат на човекот, ќе го разбереме настојувањето на Црквата во врска со воздржанието. Зошто Црквата настојува да се пази воздржанието пред бракот? Да нема предбрачни врски, човекот да е целомудрен? Да се подвизува, да го помине пубертетот и да не се оддава постојано на наслади? Причината е токму во тоа младиот човек да го пренасочи својот силен копнеж на првата љубов и да Го возљуби Бога. Таа младешка љубов, која е најмоќната, најавтентичната и чиста љубов, да не се расее ваму-таму, туку да се обрати кон Бога и кога младиот човек ќе се обрати кон Бога и вистински ќе Го засака, ќе ја вкуси Божјата љубов, дури тогаш тој ќе може да ја засака жена си, децата, луѓето. Потоа тој може и да е во светот, да е оженет, да има деца, своја професија, а истовремено да не ја губи таа здрава врска со Бога. Зошто? Затоа што ја открил и негувал својата љубов кон Бога уште кога бил млад, пред да стапи во брак, пред да ја даде својата љубов на другиот човек. Во љубовта прво се движиш кон Бога, првата заповед е да Го возљубиш Господа, твојот Бог.


Пред некој ден, дојдоа деца од една гимназија, сакаа да ми прават интервју. Издаваат некакво списание. Среде знаменитостите на градот, секако, бев и јас, паралелно со зоолошката градина. Дојдоа кај мене со магнетофони како новинари. Тие ме прашаа:

          – Првата заповед на Христа е да го возљубиш ближниот свој. Го постигна ли Црквата тоа во овие 2000 години?

Јас им реков:

          -Деца, правите грешка, првата заповед на Христос не е да го возљубиш ближниот.

Тие ја погледнаа учителката, која подголтна еднаш-двапати (затоа што веројатно имаше удел во прашањата).

Јас ги прашав:

          -Тоа ли е првата заповед?

          -Така сметаме.

          -Првата Божја заповед е да Го возљубиш Господа, твојот Бог, а потоа и ближниот како себеси. Ако требаше прво да го возљубиш ближниот, тогаш Црквата ќе беше некаква светска институција, здружение, кое ќе се занимаваше со социјална грижа, итн.

Возљуби Го Господа, твојот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сите твои сили. Тоа е првата заповед. А, втората е слична на неа: возљуби го ближниот како себеси.

Љубовта кон ближниот е последица од љубовта кон Бога. Истото се случува и во бракот. За да биде добар и стабилен, возглавител на семејството, човекот прво треба да Го возљуби Бога, а откако срцето ќе му ја вкуси Христовата љубов, и ќе се насити од неа, тогаш веќе ќе може слободно и со несебична љубов да ги засака жена си и децата. Затоа, црквата настојува и ги учи младите да го пазат целомудрието, да се воздржуваат, да немаат предбрачни врски, така што да го насочат кон Бога силниот копнеж на првата младост. Бидете сигурни, ви го кажувам ова кое многупати сум го видел, дека млади луѓе кои успеале во пубертетот и младоста да ја насочат својата љубов кон Бога, стекнуваат срце разгорено како вулкан, кое гори со огнот на љубовта кон Бога и никако не се гасне, што и да прават-се женат, раѓаат деца, влегуваат во светот со сите негови лузни, секогаш преуспеваат како луѓе кои врват по здравиот пат на љубовта. Нивната љубов најпрво е насочена кон Бога, оти имаат опит во Божествената љубов. Во спротивен случај, ќе се свртат кон жена си и ќе влезат во друга опасност – ќе ја засакаат, ќе ѝ ја предадат целата своја љубов или обратно, и тогаш ако едниот не го задуши или уништи другиот, ќе го претвори во идол. Тоа е многу тешка болест, без разлика дали објектот на твоето идолопоклонство е твојот маж, детето, науката, парите, знаењето или твоето јас.

Бидејќи, деца, во еден момент сите тие идоли што ги издигнуваме во својот живот ќе се разбијат. Ништо нема да остане од нив. Но, во часот на нивното уништување, ние ќе се разбиеме и полошо од нив.

(Продолжува…)

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/brakot-e-ljubov-a-ne-diktatura-part-4/

Друго:

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Бракот е љубов, а не диктатура – (III дел) ...

  Митрополит Атанасиј Лимасолски: Бракот е љубов, а не диктатура – (II дел) ...

http://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/23317-mitropolit-atanasij-limasolski-brakot-e-ljubov-a-ne-diktatura-i-del

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/23453-mitropolit-atanasij-limasolski-brakot-e-ljubov-a-ne-diktatura-iv-del

Share:

Example User

Sit illo et occaecati blanditiis minus. Explicabo quia eius porro earum quis. Et nesciunt et nobis autem aut quod dolorem. Cumque est quas provident nemo nihil. Perferendis sequi in ipsa consequatur voluptatibus voluptatem. Sed assumenda ut cupiditate. Saepe et fuga maiores optio. Doloribus ea iusto dolore. Sed deserunt suscipit reprehenderit magni voluptatibus dicta. Unde aliquam sunt deserunt itaque. Nesciunt tempore molestiae qui et distinctio. Dolor quae aliquam nobis minus.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Георгије Манзаридис: Присуството на Добрината – (II дел)

 Патот на созданиетоПатот на созданието се преплетува со патот на човекот и е определен од него. Падот на човекот е пад и на созданието (види Рим. 8, 20-21). Уништувањето на околината ја достигна својата кулминација во нашата епоха и јасно ја открива бескрупулозноста и несовесниот однос на чове...

Image Description
8 months ago

ДА ГО ОБРЕЖEМЕ СРЦЕТО, А НЕ ПЛОТТА

ДА ГО ОБРЕЖEМЕ СРЦЕТО, А НЕ ПЛОТТАНа денот на споменот на Свети Василиј Велики, ретко се сеќаваме на еден друг настан што Црквата го празнува денес - Обрезание Господово. Осмиот ден по раѓањето, според изричните директиви на Светото писмо, секое еврејско машко дете било обрежувано. Овој чин требало...

Image Description
1 year ago

ПРАШАЊЕТО НА ЈОВ: „ЗОШТО СТРАДАЊА?“

  Многумина сметаат дека Библијата молчи кога се работи за „скокотливата“ тема за страдањето на невините луѓе. Меѓутоа, тоа воопшто не е така. Во Стариот Завет на тоа прашање му е посветена цела една книга – книгата Јов. Човештвото се измачува со проблемот на „божествената жестокост“ од првит...