Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Example User · 1 week ago

    4 minutes, 20 seconds


sv.KiriliMetodij3.jpg

Ова зачало од Евангелието е посветено за сите свтители, кои се вистински светила на Црквата и носители на нетварната светлина Божја. Неа тие ја носеле во своите срца и го просветлувале светот, пред се, со својот личен пример и дело, а потоа и со збор.

Такви се и светите браќа Методиј и Кирил – словенските просветители и учители, кои биле Македонци од Солун, од род знаен – мајка Марија и татко Лав. Татко им Лав бил висок чиновник во Византиската империја.

Тие биле 7 браќа, а Константин, односно св. Кирил, бил најмалиот од сите. Тој се одликувал со многу бистар ум. На своја 7 годишна возраст имал сон, каде што му принесуваат многу девојки за да си избере една за жена, и тој ја избрал најубавата меѓу нив, по име Софија, односно Премудроста Божја. Затоа, тоа дете уште од своето детство било заедно со Премудроста Божја.

Еден ден, летајќи ги со другите деца своите јастреби, неговиот јастреб којшто многу го сакал, се вивнал во висините, дувнало силен ветар и го однел и тој никогаш не се вратил, за што младиот Константил многу жалел и тажел. И што е зачудувачко за едно дете, дошло до еден свој многу остроумен и сериозен заклучок: Зар е таков овој живот што наместо во радост, тој во жалост пребива? Од денес ќе појдам по друг пат, подобар од овој.  Не сакам да ги трошам своите денови во метежот на овој живот!

sv.KiriliMetodij4.jpgТогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот, го изучувал Светото Писмо, делата на светите отци, а особено делата на св.Григориј Богослов. Се подвизувал во чувањето на своето срце од страстите и затоа уште како млад го добил дарот на чистото срце и светлината внатре во него, а таа светлина не се крие и става под поклоп туку в куќи на сите да им свети. Така што. иако млад по години. бил ракоположен за свештеник и поставен како библиотекар во Патријаршиската библиотека, а подоцна бил повикан за професор на Филосовскиот универзитет во магнаурската школа, која била најпознатата школа во свое време, а свети Фотиј Цариградски го имале за свој декан, кој се сметал за најобразованиот човек во тоа време. Свети Кирил бил избран и како прв меѓу учителите. Тој предавал философија, односно Догматика и затоа е познат како Константин-Кирил Филосософ. И во меѓувреме. уште од млади години му биле доверени неколку мисии да оди меѓу незнабошците за да го проповеда словото Божјо и да ја брани светата Православна вера. Едно време тој се повлекол во манастир, а и често го посетувал својот постар брат Методиј кој тоа време веќе бил замонашен.

Неговиот брат Методиј, најпрво го избрал брачниот и световен живот, и заради својата добрина, храброст и мудрост брзо напредувал во световните титули и чинови. Бил назначен и за архонт, односоно воен началник на словенското кнежество, кое се простирало северно од Солун до течението на реката Брегалница. Се мисли дека негова престолнина била Струмица, однсосно Водоча, каде во тоа време го напишал првото словенско дело “О писмених”, кое било пишувано на словенски јазик со грчко слово. Иако световен владетел, неговите закони биле базирани на црковна основа, пред се, на добродетелениот, морален и евхаристиски живот.

sv.KiriliMetodij5.jpgПоминувајќи неколку години на таа функција, при што заедно со својот брат, Константин, ја извршиле нивната Брегалничка мисија, и откако ги увидел метежите на овој свет, со кое се мисли дека имал трагична судбина на својата млада фамилија, тој се откажал од с# световно и привремено, и својот поглед го насочил кон вишното и небесното и вечното, затоа што не сакал својата душа да ја врзува со ништо овоземно и минливо. Се откажал од сите почести и с# што имал, и се повлекол во манастир на гората Олимп, предавајќи се со смирено послушание и  служење на сите, телесна чистота и подвиг во борбата на очистувањето на своето срце од страстите и непрестајната молитва на срцето.
И тој, исто така, трудејки се во тој подвиг, напредувал брзо - ги поминал трите степени на духовниот живот на очистување на срцето од страстите, просветление и обожението. И во неговото срце се вместила таа нетварна светлина која ги просветлува сите, и на него се оствариле зборовите од Евангелието: не може да се сокрие град на врв планина. Бил избран за игумен и поставен во еден манастир во Полихрон, кој во тоа време броел братство од 70 монаси, а подоцна заедно со својот брат Кирил бил повикан за големата мисија меѓу Словените. Мисијата ја завршиле успешно. Го преведуваат Светото Писмо почнувајќи со зборовите: Во почетокот беше Бог и Бог беше Словото и Словото беше Бог и Литургијата. Двете основни начела и двете најважни работи во животот - Светотот Писмо и Светата Евхаристија ги просветиле народите кои живееле во тогашна смртна сенка. И како што гледате денес, нивното дело, нивниот траг, нивниот плод сеуште постои. Затоа шт,о ако видиме кои се денеска православни, ќе дојдеме до заклучок дека тоа се пред с# Црквите на св. Методиј и Кирил, што значи дека тие својот корен, својот плуг, го зариле толку длабоко што едноставно со право можеме да ги вбриоме меѓу најголемите светители во Православната Црква.


Од сето ова може да дојдеме до два заклучока. Едниот е дека најчесто кај нашиот народ слушаме дека монасите биле прости и необразовани луѓе што светите Методиј и Кирил го потврдуваат спротивното. Пред с#, тие биле монаси и најобразованите луѓе во тоа време и самите просветлиле многу народи. Вториот заклучок е тоа дека ако човек не го возљуби Христа со сето свое срце, со сета своја душа и сиот ум вистински и не се откаже од с# земно, па дури и од својата душа, не го земе својот крст, што и да прави, сепак ќе биде на земјата и ќе биде како еден орел кој го забил својот нокт во земјата, и колку да е голем и силен, не може да се вивне во височините.


Животот на светителите нам ни е даден да го следиме. Постојат три типа на луѓе. Едни- будалите кои веднаш и без размислување го отфрлаат и негираат Бога, други кои ги читаат житијата на светителите и се воодушевуваат, и третите, најпаметните, кои исполниваат.

 http://www.stprohor.org.au/

 Посети:{moshits}

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/1958-otec-gavril-beseda-za-sv-metodij-i-sv-kiril

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

 За самооправдувањето (11.10.2020 13:00)Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури и тие што внимаваат да не осудуваа...

Image Description
3 months ago

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

         Голем грев против соборноста и единството, но истовремено и против сведоштвото на светоста и Апостолското Предание на Црквата, всушност, голем грев и хула против Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква прави оној духовник кој ги озборува, суди и осудува другите духовници или духовн...

Image Description
4 years ago

БEСEДА за oбратнитe врeднoсти вo Бoжјoтo царствo

БEСEДА за oбратнитe врeднoсти вo Бoжјoтo царствo И мнoзина први ќe бидат пoслeдни, а пoслeднитe први (Мт. 19:30; Лк. 13:30). Кoлку e прeмудар Oнoј Кoј ги изрeкoл oвиe збoрoви! Oн нe рeкoл дeка ситe први ќeбидат пoслeдни, а ситe пoслeдни први, туку мнoзина. Ниeдна грeшка нeма вo Eвангeлиeтo иникадe...