Понизноста е борба да не се добие љубов, туку да се стане љубов.
Единственото нешто што ризикувате да го изгубите со понизување е вашето его и тоа е најдоброто нешто што можете да го изгубите.
Понизниот не е глуп. Тој може да изгледа глупав пред световните очи и пред демоните, но во суштина тој е богат со благодат и разум.
Понизниот е како сонце, не мора ништо да докажува.
Како што сонцето сјае без да вика, така понизниот свети преку неговото благодатно присуство.
Преку понизноста Господ свети како сонце на правдата и Неговите зраци го осветлуваат и загреваат целото создание.
Со понизност летате шетајќи низ небесната доблест.
Со понизност, вашето постоење станува дел од рајот.
Понизувањето е борба да не се добие љубов, туку да се стане љубов. Зарем тоа не ти е доволно?
отец Спиридон Скутис
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/07/blog-post_46.html