† Пренос на мош. на св. Николај во Бари (22.05.2025)

Example Super-Admin User · 1 week ago

    4 minutes, 36 seconds


 

 Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

           Св. Никoлај Чудoтвoрeц Мирликиски. Дeнeс сe слави прeнoсoт на мoштитe. Вo врeмeтo на царoт Алeксeј Кoмнeн и патријархoт Никoла Граматик, вo 1087 гoдина, тeлoтo на oвoј свeтитeл билo прeнeсeнo oд градoт Мир Ликиски вo градoт Бари, вo Италија. Тoа сe случилo пoради навалата на муслиманитe на Ликија. Свeтитeлoт на сoн му сe јавил на нeкoј чeсeн свeштeник вo Бари и му нарeдил мoштитe да сe прeнeсат вo тoј град. Вo тoа врeмe градoт Бари бил правoславeн и пoд правoславeн патријарх. При прeнoсoт на мoштитe на свeтитeлoт сe случилe мнoгу чуда какo oд дoпирoт дo мoштитe така и oд мирoтo, кoeштo изoбилнo сe тoчeлo oд мoштитe. Уштe на oвoј дeн сe спoмeнува чудoтo на св. Никoла над Стeфана Дeчански, кралoт српски; имeнo, какo свeтитeлoт му гo пoвратил видoт на слeпиoт крал Стeфан.

 

Тропар, глас 4.
Дојде денот на сесветлото торжество, градот Бари се радува, а со него и целата вселена ликува, со песни и пеења духовни, зашто денес  е светото торжество, на пренесување на чесните и многуцелебни мошти на светителот и чудотворец Николаја, кој засветли како сонце незаодно со светлозрни зраци, растерувајќи го мракот на искушенија и неволи од оние што со вера викаат: Спасувај нѐ, како наш застапник, велики Николае.


Седален, глас 1.
Пренесувањето на твоите чесни мошти, за нас стана почетокот на светлото празнување, преславен светителу на Господа, кое што сега го фалиме и радосно те почитуваме тебе, како светлина на Незаодното сонце, Николае, украсу на верните.


Кондак, глас 3.
Твоите мошти, светителу Николае, излегоа како ѕвезда од исток до запад; морето се освети со твоето патување, и градот Бари прима благодат преку тебе, оти заради нас се јави како извонреден, предивен и милостив чудотворец.
Икос: Со песни да го прославиме сега пастирот и учител на луѓето од градот Мир, и со неговите молитви да се просветлиме, зашто целиот се покажа чист и духовно нетлен, принесувајќи Му на Христа жртва непорочна, чиста и на Бога благопријатна, како светител очистен и со душа и со тело. Поради тоа, тој е вистински застапник и бранител на Црквата, како голем тајник на Божјата благодат.

 Подготви: Т.С.

 

Друго:



ПРОПОВЕД ЗА ПРАЗНИКОТ ПРЕНЕСУВАЊЕ НА СВЕТИТЕ МОШТИ НА СВЕТИ НИКОЛАЈ МИРЛИКИСКИ ЧУДОТВОРЕЦ
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!


Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,
Денес го славиме светителот и чудотворец Николај во врска со еден настан кој на Истокот вообичаено се оплакувал, но во другите православни цркви тој добил таква смисла и значење што станал основа за еден од најомилените народни празници. Станува збор за преносот на моштите на Свети Николај од Византија на запад, во италијанскиот град Бари.
Моштите на Свети Никола биле украдени и однесени во Бари. Па зошто го славиме овој ден – тогаш зошто другите православни народи го славиме, бидејќи таков празник нема во календарот на грчките православни цркви? Мислам неслучајно, пред сè затоа што преку ова пренесување на моштите на Свети Николај тие биле спасени од многу други ужасни политички превирања, од пустошот што го донесе судирот со исламскиот свет во земјите на Истокот. Обично, тешко е да се замисли што можело да се случи со оваа светиња ако тие не би биле преместени, од Истокот во градот Бар несомнено по Божја волја,. И ние, со целосно сознание дека овој настан ги спасило за нас, за целата Вселенска Црква, моштите на Свети Николај, го славиме неговото свето име, особено во овој ден. што го чествуваме.
А зошто воопшто се почитуваат светителите? Одговорот на ова прашање лежи не само во тоа, што ние блиску до срцето го воспримаме преданието, традицијата, важна информација пренесувана од поколение во поколение, особено таа, која се однесува на духовниот живот, но уште и тоа дека светите Божји угодници ни́ ја откриваат најзагадочното и најскриеното – состојбата на човекот по неговата смрт. Светите угодници се јавуваат преку чуда за повторно и повторно да ни кажат: „Ние не умревме, ние сме живи! И не просто живи, но се наоѓаме таму каде што Бог е многу блиску, и можеме да ви помогнеме вам, луѓето на земјата, кои живеете во секојдневни тешкотии и грижи, на начин на кој никој друг не може да ви помогне – ниту роднината, ниту познаникот, ниту пријателот, ниту тој што има власт и сила на оваа земја – затоа што сме блиску до Господа и се молиме за вас на Творецот на небото и земјата”. Ние ги почитуваме имињата на светите угодницисветци токму затоа, што дури и во небесните живеалишта тие не престануваат да бидат наши браќа и сестри по вера, кои не се рамнодушни за нашиот земен живот. И тие ни́ помагаат со своето застапување пред лицето Божјо, бидејќи кога се молиме пред нивните икони, кога ги прославуваме нивните имиња, ги молиме да ни помогнат.
Светите Божји угодници, се наши застапници пред Бога, но има уште нешто многу поважно во нивното служење – тие сведочат за Царството Божјо, за тоа дека човечкиот живот, чиј извор е Божествениот творечки принцип, не завршува со смртта на физичкиот организам, но ние, како нив, ќе живееме во друг свет. Светителите сведочат за тоа, дека тие се живи, дека тие од другиот свет ни́ ја упатуваат својата љубов и одговараат на нашите молитви. Помошта, која доаѓа од светите угодници е најголемото сведоштво за вечноста на животот, за Царството Небесно, во кое престојуваат оние, кои примиле прошка на гревовите и се удостоиле да влезат во ова Царство. И Свети Николај Чудотворец, со своите многубројни чуда, за нас е сведок на вечниот живот и сведок на реалноста на Божественото Царство, кое им се открива на луѓето по завршетокот на нивниот земен живот.
Светите Божји угодници се како прозорец кон идниот живот. Спомнувајќи ги нивните имиња, молејќи се пред нивните икони, треба да ги молиме за нашето земно, но исто така и за вечното, за Господ да ни ги прости гревовите, за Тој, без оглед на нашите слабости, заблуди, предрасуди, лоши навики, кои толку често нè измачуваат, да ни ги отвори вратите на Царството во кое престојува светителот и чудотворец Николај, простирајќи ја кон нас својата љубов и својата чудотворна сила. Врз сето ова се темели нашата непоколеблива вера во застапништвото на светите Божји угодници и прославувањето на нивните свети имиња, исто како што денес го славиме името на светителот и чудотворец Николај. Амин.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

фбPravoslavna Obitel

 

мощи_святого_Николая_Бари.jpg

22.05.2017 лето Господово

 

 

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/18869-22-05-2017

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

КЛЕЧЕЈЌИ ПРЕД НЕГОВАТА ИКОНА

КЛЕЧЕЈЌИ ПРЕД НЕГОВАТА ИКОНАКолку и да си повреден, решението не е да ги повредуваш другите за да се чувствуваш подобро.Можеби си повреден, но не дозволувај твојата рана да стане возбуда и гнев, неспокојство и злоба кон другите; особено кон луѓето кои со ништо не се виновни.    ...

Image Description
11 months ago

Отец Стефан Фриман: Гревовите народни

 Отец Стефан Фриман: Гревовите народни   Дали може народот да згреши? Ако може, како тоа да биде простено? Сториите и пророчките писанија на Стариот завет се преполни со примери на народен грев. Таму има стории за Бог како се справува со индивидуи, но, генерално, Неговото внимание се чини де...

Image Description
11 months ago

ОДЛИЧЕН ПРИРАЧНИК ЗА ТОА, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ИСПОВЕДАМЕ!

Богоустроеност на исповедта Исповедта е од Бога востановена Света Тајна заради простување на гревовите, сторени по крштевањето. Востановена е кога Господ, пo Своето Воскресение, им рекол на Своите ученици: „Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги за...