Title : Преподобен Јосиф Исихаст: Оној што се моли бара простување на гревовите, ја бара милоста Господова

Преподобен Јосиф Исихаст: Оној што се моли бара простување на гревовите, ја бара милоста Господова

Example User · 1 year ago

    0 minutes, 3 seconds


 3.angeli.so.truba

Благодатта секогаш му претходи на искушение, како едно известие за подготовка. Не е практика некој да се обиде и да се повлече, туку, кога некој се бори да победи, или да биде победен, да добие, или да загуби, да падне, или да стане, да има подвиг и борба до последниот здив. Се додека не излезе неговата душа искачувајќи се на небото, следното што треба да го исчекува е да се спушти во адот. Мислам дека истиот момент може да се случи слетувањето. Затоа, никој не треба да се чуди на промените, туку, двете можности да ги очекува како можни. Знај, дека на искушенијата секогаш им претходи благодатта, како известување за подготовка. Веднаш штом ќе ја видиш благодатта, треба да се стегнеш и да кажеш ‘дојде известие за борба’. Варди се земјо, од која страна лукавиот ќе ја почне борбата. Често доаѓа набргу, а многупати, по два или три дена. Во секој случај, ќе дојде! Насипот нека биде цврст! Исповедање секоја вечер! Послушание спрема старецот! Смирение и љубов пред сите! Така, си ја олеснуваш маката.

Ме прашуваш, дали благодатта доаѓа пред очистувањето. Одговарајќи ти на поставеното прашање, од тебе барам сосредоточеност и чист разум. Благодатта се дели на три степени: очистителна, просветлувачка и обожувачка (восовршувачка). И животот се одвива на три степени: природен, натприроден и неприроден. На овие три степени човекот се искачува и слегува. Се добиваат три големи дарови: созерцание, љубов и бестрастие.

Значи, на практиката и содејствува очистителната благодат којашто помага за очистувањето. Благодатта предизвикува непрестајно покајание кај секого што ќе се покае. И сè што прави происходи од благодатта, иако тој што ја има често не е свесен за неа. Сепак, таа го храни и го води. И согласно напредокот што му се случува, се искачува или слегува, или пак, останува во истата состојба.

3.angeli.so.truba

Ако има ревност и самоодрекување го достигнува созерцанието коешто следува по просветувањето со божественото знаење и по делумното бестрастие. Ако се олади ревноста и усрдноста, се повлекува и дејството на благодатта. За оној што се моли во познание, како што прашуваш, тоа е оној што знае како треба да се моли и што бара од Бога. Оној што се моли со знаење, не кажува излишни зборови и не бара нешто непотребно, туку го познава и местото и времето и начинот, барајќи го она што е соодветно и полезно за неговата душа. Умно заедничари со Христа. Го фаќа и Го држи и Му вели ‘нема да Те оставам во веки’. Значи, оној што се моли бара простување на гревовите, ја бара милоста Господова. Ако има големи барања пред време, Господ не му ги дава. Зашто Бог сè дава според одреден ред. И ако, ти му дотежнееш барајќи, му допушта дејствување на духот на прелеста којшто пак, ја имитира благодатта и те опрелестува покажувајќи ти едно наместо друго. Затоа, не е корисно некој да бара нешто прекумерно. И ако биде услишен пред очистувањето, порано одошто е редот, нема полза од добиеното, бидејќи го труе и му штети. Ти имај чисто покајание, биди послушен и благодатта ќе дојде без ти да ја бараш. Човекот како дете кое што пелтечи ја бара од Бога Неговата света волја, а Бог, како благ Отец му дава благодат, но му допушта и искушенија. Ако ги истрпи искушенијата без мрморење, добива додаток на благодатта. Колку повеќе благодат добива, толку е ставан и под искушенија. Демоните кога ќе ја започнат борбата не одат таму каде што ќе ги победиш без приговор, туку се обидуваат онаму каде што имаш слабости, каде што воопшто не ги очекуваш. Така, ја поткопуваат тврдината и кога ќе пронајдат болна душа и слабост, го напаѓаат човекот при што го прават одговорен за неговата состојба. Бараш благодат од Бога? Наместо благодат, ти допушта искушенија! Не ја издржуваш борбата и паѓаш?! Нема да добиеш додаток на благодатта! Повторно бараш? Повторно искушенија! Повторно пораз? Повторно недостиг! И така, до крајот на животот. Значи, треба да победиш! Истрпи го искушението до самата смрт! Падни во борбата како труп, повикувајќи како парализиран:

    „Нема да Те оставам најсладок Исусе, ниту ќе Те напуштам! Ќе останам неразделен од Тебе во веки! И заради љубов кон Тебе ја испуштам душата на бојното поле.“ И одеднаш се појавува на бојното поле и повикува низ бурата „Овде сум, заврзи го својот појас како маж и следи Ме.“ Ти пак, целиот си светлина и радост. Тешко мене, бедниот, тешко мене лукавиот и непотребниот! Најпрвин со слухот те слушнав, а сега и моите очи те видоа и згрешив спрема самиот себе…

Тогаш ќе се исполниш со Божествената љубов и срцето ќе ти гори како на Клеопа. И додека си под искушение, веќе не го оставаш чаршавот и не бегаш гол, туку опстојуваш во тагата и велиш: „Како што поминаа другите искушенија, така ќе помине и ова.“ Кога пак, се обезнадежуваш и негодуваш и не ги истрпуваш искушенијата, тогаш, наместо да победуваш треба постојано да се каеш заради сторените грешки во текот на денот и нетрпението во текот на ноќта. И наместо да примаш додаток на благодатта, ја зголемуваш својата тага. Затоа не се сомневај! Не им се плаши на искушенијата! Дури и многупати да паѓаш, стани! Не ја губи твојата ладнокрвност, не се обезнадежувај! Облаци се, ќе се разведри!

И кога со содејство на благодатта којашто те чисти од сите твоите страсти ќе го искусиш веќе реченото што се вика практика (опит), тогаш умот вкусува просветување и се придвижува кон созерцание.

Извадок од книгата: Исихастички сведоштва, Старец Јосиф, Струмица : Манастир Свети Леонтиј – Водоча, 1999 стр: 39-43

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/onoj-shto-se-moli-bara-prostuvanje-na-grevovite-ja-bara-milosta-gospodova/

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/23523-prepodoben-josif-isihast-onoj-shto-se-moli-bara-prostuvanje-na-grevovite-ja-bara-milosta-gospodova

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

Он да е праведен, Он би нѐ претворил во пепел…!

„Најпрво би рекол дека Светителот постои и може да постои исклучиво во Православната Црква. Надвор од Православната Црква, навистина, може да има многу добри луѓе, но не и Светители, онака како што ние ги сфаќаме. Бидејќи Светител не е човек кој просто поседува добродетели или кој, низ аскетско восо...

Image Description
10 months ago

Свети Атанасиј Велики – Поуки

  Бог стана Човек, за човекот да стане бог.* * *Синот Божји е неодделив од Отецот, како што е блесокот од светлината.* * *Словото се воплотило, за луѓето кои станале распадливи, повторно да ги подигне во нераспадливост и да ги оживи од смртта, присвојувајќи за Себе тело и со благодатта на Воскр...

Image Description
6 months ago

РЕТРОСПЕКТИВА 2005-2020: АСТРОЛОГИЈАТА И МАГИЈАТА ВО СВЕТЛИНАТА НА ПРАВОСЛАВНОТО УЧЕЊЕ

свештеник Родион Петроградски 1. ВОВЕД  Кога верата исчезнува, нејзиното место го зазема суеверието. Во тој поглед, човечката душа не ја поднесува празнината. Човекот е создаден според образот Божји (Бит.1,27), и од почетокот е насочен кон својот Творец. Но, кога ќе го загуби Бога во с...