СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА ПОСТОТ?

Example Admin User · 10 months ago

    1 minutes, 9 seconds


СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА ПОСТОТ?

„…Ако е важно да не ги согледуваме физичките услови на постот, тогаш е уште поважно да не го забележуваме неговото внатрешно значење.

Постот не е само прашање на диета. Тоа е прашање на моралот исто како и на физикусот.

Вистинското постење треба да биде сместено во срцето и волјата; тоа е враќање кон Бога, враќање кон дома како Блудниот Син во Татковата куќа.

Во зборовите на св. Јован Златоуст, се мисли на „апстиненција не само од храна, туку и од гревови.”

Тој смета дека „во постот не треба да се чуваме само од устата,

туку и од окото, увото, нозете, рацете и од сите останати органи на телото”:

окото мора да избегнува нечисти слики, увото злонамерни интриги, рацете дела неправедни.

Бескорисно е да постиме во јадењето, а да си допуштиме суров критицизам и клеветење:

„Ти не јадеш месо, но го проголта брата си”, вели св. Василиј.

Истиот принцип се сретнува и во Триодот, посебно во првата седмица од Великиот Пост.

Како што постиме во храната, да постиме и во секоја друга опсесија…

Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа,

А вистински пост е: бегање од злото,

воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите,

озборувањето, лагата, прекршување на дадено ветување.

Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен.

Да одржиме пост не само воздржувајќи се од храна,

Туку и од сите телесни страсти.

Внатрешното значење на постот најдобро е опишан во тројството на: молитвата, постот и милостивоста.

Разделени од молитвата и од примањето на Светите Тајни, невклопени во актите на сочувството, нашето постење станува фарисејско или дури и демонско. ..“

Source: https://pokajanie.mk/2023/11/25/37147/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Од библиографија до агиографија

  Проф. Радован Биговиќ Светителите не се езотерични, вонземски битија, туку конкретни луѓе од крв и месо – прави, целовити и вистински личности – кои преку макотрпни деноноќни богочовечки подвизи човечката егзистенција ја издигнале на повисоко ниво на постоење. Тоа се неверојатно едноставни...

Image Description
3 weeks ago

Пронајдено историско писмо на славниот бигорски игумен, Архимандрит Арсениј

  Деновиве, по Божја промисла, уште еден сноп светлина заблеска врз „благиот и благодатен монашки лик на славниот Бигорски игумен – ктитор, архимандрит Арсениј“. Имено, големиот пријател и соработник на нашата Свештена Обител, г. Филип Филипов од Софија, по потекло од Река македонска, историча...

Image Description
10 months ago

Двете скулптури

Двете скулптури Свештеник Јани Мулев Еден уметник започнал истовремено да ваја две скулптури: едната ја работел дома, во своето ателје, во тишина, надвор од очите на јавноста, а другата ја поставил пред куќата, на улица, каде што поминувале многу луѓе, и таму пр...