Што означуваат зборовите Божји: „Не можете да им служите на Бога и на Мамона.”

Example Admin User · 10 months ago

    4 minutes, 18 seconds


Понатаму Господ вели:

„Никој не може да им слугува на двајца господари, оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре.

Не можете да им служите на Бога и на Мамона.”

Може ли две тркала од кола да возат напред, а две назад?

Може ли човек co едното око да гледа на исток, a co другото на запад?

Или co едната нога да чекори надесно, a co другата налево?

He може. Исто така не може да се оди во средба co Бога и да се останува во прегратките на светот.

He може човекот да му служи на Бога и на гревот, туку или ќе го мрази Бога, а гревот ќе го сака, или обратно:

Бога ќе го сака, а гревот ќе го мрази. За да ја нагласи оваа вистина уште повеќе, Господ ја повторува co други зборови:

„или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре”.

Ако човекот е приврзан кон Бога, тој не може да му биде приврзан и на непријателот Божји.

А љубовта кон овој свет е непријателство спрема Бога.

Од нас Бог го бара целото срце, и затоа ни ја нуди сета своја помош и сите свои дарови.

„Зашто очите Господови ја гледаат целата земја, за да им помагаат на оние, чиешто срце наполно My e предадено Нему” (2. Лет. 16, 9).

Се вели наполно, бидејќи треба срцето да е чисто и ослободено од верата во светот, надежта во светот, љубовта кон светот, a исполнето co вера, надеж и љубов единствено кон живиот и бесмртен Господ.

Кој верува, кој го сака и кој го љуби Господа, тој навистина мора да чувствува презир кон севкупната смртна, мамлива и распадлива сладост и привлечност на овој свет.

И обратно, кој целосно ќе се предаде во прегратките на привидните надежи и ветувања на овој свет, тој наполно ќе го занемари и ќе го презре Бога.

Кој ќе се одрече од Бога, и Бог од него ќе се одрече, и Бог ќе остане Бог, а оној ќе биде избришан од книгата на живите во двата света.

Затоа биди постојан во преданоста на Бога и не го дели своето срце, туку кога веќе си ја положил едната рака на плугот во нивата Господова, не се свртувај назад.

И кога веќе еднаш си почнал да бегаш од содомската расипаност на овој свет, не го свртувај својот поглед назад, за да не се скамениш како жената на Лот, па да не можеш ниту напред ниту назад.

И кога си веќе еднаш успеал да се спасиш од црниот египетски фараон,не барај пак да се вратиш во неговото ропство, макар на твојот пат кон спасението стоеле препреки големи како море, и пустини, и глад, и жед, и безбројни непријатели.

Господ секогаш оди пред тие кои се спасуваат од пожарот на гревовниот оган и им го пробива патот преку морето, и преку песочните пустини, и преку густите редови на непријателите.

„He можете да им служите на Бога и на Мамона.”

Повторно Господ сака да ја зајакне онаа прва мисла: Никој не може да служи на два господара.

Тоа значи, на два господара кои мислат спротивно, имаат спротивни барања, спротивно расудуваат.

Праведниот Авраам им служел на три господари (1. Мој. 18, 2), но, всушност, тие три господари беа во духот еден. Ние можеме да им служиме на триесет Божји ангели или тристотини Божји светители, но тие не се ниту триесет ниту тристотини господари, не се тоа ниту два господара, туку еден единствен:

тоа е Божјата војска на светлината, вистината и правдата, која му е потчинета на еден единствен господар, на Бога.

За да не се мисли дека ние не можеме да им служиме на двајца добри и свети луѓе, затоа Господ ја објаснува својата прва мисла, покажувајќи дека мисли на два спротивни господара, кои немаат меѓусебно ништо слично, како што се пладнето и полноќта.

Господ и мамон – тоа се тие спротивни господари на кои ние можеме да им се предадеме во служба:

на Бога за живот и спасение, а на мамонот за пропаст и смрт. Мамон значи богатство.

Тоа е феникиски збор.

Велат дека многубожечките Феничани имале еден кип co тоа име, на кој му се поклонувале како на божество на богатството.

Зошто Господ употребил туѓ збор за тоа што е спротивно на Бога?

За да го покаже својот длабок презир кон обожавањето на богатството, кон служењето и робувањето на богатството.

“Зашто коренот на сите зла е среброљубието” (1. Тим. 6, 10).

Среброљубието ја означува не само страсната љубов кон среброто, туку и кон секое одвишно душогубно богатство.

Господ можел да рече:

не можете да им служите и на Бога и на лагата, оти Бог е вистина. Тој исто така можел да рече:

не можете да им служите и на Бога и на грабежот, оти Бог е милост. Ниту на Бога и на блудот, оти Бог е чистота.

Ниту на Бога и зависта, оти Бог е вистинска љубов. Ниту на Бога и на кој било грев, оти Бог

е безгрешен и противник на гревот.

Зошто Господ Исус Христос токму службата на богатството ја постави како спротивна на службата на Бога?

Затоа што службата на богатството предизвикува и ги овозможува сите други можни гревови и пороци.

Koj co сето свое срце ќе се прилепи до земното богатство, тој не ќе може да се воздржи ниту од лаги, ниту од кражби, ниту од грабежи, ниту од кривоклетство, па дури ни од убиство, само за да го зачува своето богатство и да го намножи.

He ќе може да се воздржи од завист и омраза кон оние кои се побогати од него.

Покрај тоа, богатството лесно ги отвора вратите на сите други гревови и пороци:

пијанството, коцкањето, блудот, прељубата и сите бесчестија.

А кога човекот ќе види дека луѓето се плашат од него и му се поклонуваат поради богатството, тој ќе престане да се бои од Бога и да му се поклонува на Бога, ќе гледа co презир на Црквата Божја и на законот Божји и наскоро ќе стане голем богохулник и богоодречител.

Ете, затоа Господ ја одбра службата на богатството, односно на мамонот, демонот на богатството, како служба која најмногу е противна на службата на Бога.

Службата на богатството го води човекот кон робување на богатството и сосема ја умртвува душата во човекот.

При друга прилика Господ вели:

„Каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?” (Мат. 16, 26).

Светот е Божји и Божји ќе остане, a богатиот, кога ќе умре, ќе остане и без светот и без душата, та на судот Божји ќе биде посиромашен од најсиромашните свои аргати и наемници од овој живот.

ОМИЛИИ   – извадок

Source: https://pokajanie.mk/2022/06/22/34667/

Share:

Example Admin User

Numquam earum rerum voluptas dolorum est est dolore. Sint aliquid provident voluptas laboriosam in id tenetur. Natus reiciendis voluptates ipsum itaque et nulla at. Explicabo et qui dolorem a odio placeat minus. Debitis delectus expedita voluptatem dicta earum aut. Quia ut maxime voluptatem voluptas. Doloribus tempora repellendus at voluptas.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Јеросхимонах Макариј-ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (извадок)

  Писмо бр. 214БОРБАТА СО СТРАСТИТЕ ВОДИ КОН ВЕЧНА РАДОСТ "... Откако го прочитав твоето писмо, те сожалувам, затоа што го сметаш својот живот за тегобен како во манастирот, така и во светот. Господ не створил не за плач, туку за радост. Ние сами сме си виновни, што ги труеме со гордост дните н...

Image Description
2 years ago

Појасот на Пресвета Богородица

   На 31 август/13 септември секоја година се празнува споменот на Појасот на Пресвета Богородица. Тоа е еден уникатен свештен предмет кој се поврзува со земниот живот на Богородица и до денес се чува во светогорскиот манастир Ватопед, во Градината на Пресвета Богородица. Самата Богородица...

Image Description
2 months ago

СРЕДБА СО ТИШИНАТА: прот. Александар Шмеман

СРЕДБА СО ТИШИНАТААвтор: прот. Александар Шмеман       На неинформираниот кој гледа од страна, може да му се чини дека нема ништо пооддалечено од животот и, ако можам така да се изразам, „социјално непотребно“, од Великиот пост за кој зборува Црквата и  кој , како и с...