Свети Симеон Нов Богослов – О, љубов божествена, каде Го држиш Христос?

Example Admin User · 11 months ago

    2 minutes, 39 seconds


 За љубовта

О, љубов сепожелна, блажен е оној кој те пригрнал, бидејќи повеќе нема да посака страсно да ја пригрне убавината на што било земско.

Блaжен е оној кој те прифатил од копнеж Божји,

бидејќи ќе се откаже од целиот свет и никако нема да се управува, на кој човек и да му се приближи.

Блажен е оној кој ја возљубил твојата убавина и се насладил со неа со бескраен копнеж, бидејќи духовно ќе се осветува со водата и крвта која непорочно струи од тебе.

Блажен е оној кој жедно те прегрнал, бидејќи духовно ќе се промени со добра промена и ќе се израдува со душата, бидејќи ти си радост неискажлива.

Блажен е оној што те стекнал, бидејќи светските богатства ќе ги смета за трици, бидејќи ти си вистинско неисцрпно богатство.

Блажен и триблажен е оној кого ти си го примила, бидејќи ќе биде во привидна беславност, а пославен од сите славни и почесен и поуважен од сите почитувани.

Восфален е секој кој стреми кон тебе, уште повосфален е оној којшто те нашол, а најблажен е оној кого ти си го возљубила,

кого ти си го примила, кого ти си го поучила, кој се вселил во тебе и кого ти си го отхранила како со храната на Христос бесмртниот, Христос нашиот Бог.

О, љубов божествена, каде Го држиш Христос? Каде Го криеше? Зошто Го зеде Спасителот и се оддалечи од нас?

Подотвори ни ја и нам недостојните твојата вратичка, за и ние да Го видиме Христос Кој пострада заради нас и да поверуваме дека со Неговата милост, кога ќе Го видиме, повеќе нема да умреме.

Отвори ни, ти која си Му станала врата за Негово јавување во плотта, која си ја присилила штедрата утроба на нашиот Владика, која не дозволува да биде присилена да ги поднесе гревовите и слабостите на сите, и немој да нѐ отфрлаш, говорејќи:

не ве познавам. Биди со нас, за да нѐ познаеш нас, бидејќи ние сме ти непознати.

Всели се во нас, за преку тебе и смирениот Владика да дојде и да нѐ посети, а ти да му излезеш во пресрет (бидејќи ние сме сосема недостојни), за откако малку ќе побеседиме со тебе, потоа и нам грешниците да ни допуштиш да паднеме пред Неговите непорочни нозе;

и да побеседи со Него за нашите добродетели и замоли Го да ни биде оставен долгот на нашите гревови, за преку тебе повторно да се удостоиме да Му служиме на самиот Владика, и Тој да се грижи за нас и да нѐ храни. Оти, да не се должи ништо, а да се гине од глад и сиромаштија, носи безмалку иста плата и казна.

Дај ни опрост, света љубов, и дај ни преку тебе да ги вкусиме богатствата на нашиот Владика – богатства чија сладост никој не може да ја вкуси, освен преку тебе.

Оти, којшто не те возљубил како што доликува и кого ти не си го возљубила како што е потребно, може и да трча, но до целта нема да досегне.

Состојбата на секој кој трча пред патот да заврши е неразрешена.

А за оној кој досегнал до тебе, или кого ти си го фатила, секако нема никаков сомнеж, бидејќи ти си завршеток на законот, ти која ме опкружуваш, која ме изгоруваш и која од срдечната болка ме изнесуваш кон бескраен копнеж кон Бога и кон моите браќа и отци.

Оти ти си учителка на пророците, сопатничка на апостолите, сила на мачениците, вдахновение на отците и учителите, усовршување на сите светии и моја подготовка за ова служење.

Но простете ми, браќа, што малку се оддалечив од поуката, бидејќи копнежот за љубов ми го стори тоа.

Оти, се сетив на неа и се израдува моето срце, според зборовите на божествениот Давид, и се предадов на славењето на нејзините преубавини. Затоа би сакал и вашата љубов да се устреми кон неа колку што може и да ја достигне, трчејќи со верата, и вашите надежи нема да се покажат залудни.

Оти, секоја трудољубовост и секој подвиг направен со многу напор, кој не ја достигнува љубовта во скрушен дух, залудни се и не носат никаков плод.

Свети Симеон Нов Богослов

Source: https://pokajanie.mk/2023/10/13/36905/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
6 months ago

Посед...

ПоседХристос во земјата на Гадарените сретнува човек кој не бил опседнат од еден, туку од легија, цело мноштво зли духови. Опседувањето од демони го доведе овој човек во мизерна состојба. Опседнатиот  талкаше и не живееше во куќа, туку во гробови.сатаната го поробувал многу години. Беше врзан со син...

Image Description
5 months ago

На крајот, сепак, Распнатиот Исус ќе победи...

 На крајот, сепак, Распнатиот Исус ќе победи, бидејќи Крстот е нашиот прославен знак.  Не плашете се.  Бог е со нас. Христос е меѓу нас.  Христос царува во сите кои се крстени во Христа и ние не се плашиме.  Веројатно ќе паднеме во искушенија, но нашиот Спасител е близу, бидејќи вели: Јас го победив...

Image Description
4 months ago

Да знаеш дека оние кои ќе извршат самоубиство не се спасени!

 Да знаеш дека оние кои ќе извршат самоубиство не се спасени!Еднаш еден млад човек, одеше на исповед,очајнички ги повторуваше грешките, а искушението го доведе до таа мерка да најде пиштол и да размислува за самоубиство...Неговиот духовен татко долго пробуваше да го наговори кон љубовта и трпението...