Свети Вилигиз, архиепископот на Мајнц

Example User · 8 months ago

    2 minutes, 21 seconds


СПОМЕН НА СВЕТИОТ ВИЛИГИЗ, АРХИЕПИСКОПОТ НА МАЈНЦ И РЕГЕНТОТ НА СВЕТАТА РИМСКА ИМПЕРИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 23 ФЕВРУАРИ

(940-1011; латински: Willigisus)

Свети Вилигиз[1] е роден во 940 година во Шјонинген.[2] Како младо момче, даден бил на воспитување и образование кај учителот Волколд, воспитувачот и советникот на принцот Отон II. Истакнатите способности на Вилигиз му дозволиле да напредува во кариерата при кралскиот двор, па во 969 година тој го заменил својот учител во учителската должност. По две години бил избран и поставен за канцелар на Германија. Во 975 година бил ракоположен за епископ, а папата Бенедикт VII го назначил за свој легат и го поставил за архиепископ на Мајнц.[3]

По смртта на Отон I, управувањето со државата го презел неговиот син Отон II, а свети Вилигиз бил поставен за негов советник и најдоверливо лице. Во 983 година имал чест да биде во придружба на Отон III во Ахен, за време на неговото крунисување. По смртта на императорот, бил регент на Империјата, управувајќи истовремено со вдовицата и мајката на починатиот крал. Во 996 година патувал во Рим и учествувал во изборот на папата Григориј V, кој станал прв германски папа во историјата на римскиот епископски трон. По смртта на Отон III, Вилигиз му дал безрезервна поддршка на Хенрих II во борбата за императорскиот престол.

Свети Вилигиз успешно ја консолидирал својата политичка активност со црковната. Тој бил успешен канцелар на Германија во време на четворица императори, а нему му припаѓа и најголемата заслуга во легитимизацијата при предавањето на императорската власт. Како канцелар, тој премногу се вложил во заштитата на источните граници на Империјата од нападите на Словените, а исто така и во културниот и економскиот развој на градот Мајнц и регионот. Без разлика на мрачниот период, низ кој поминувало папството, Вилигиз постојано бил на страната на тесните врски со Рим.

Во областа на црковниот живот, архиепископот на Мајнц грижливо се трудел околу зацврстување на црковната структура на германската земја, како и на мисионерството. Тој заседавал со Франкфуртскиот собор, кој во 1007 година го основал Бамбергското епископство, ги решил најважните прашања околу подобрувањето на религиозното образование и ја поддржал монашката реформа. Благодарение на неговите заложби, успеал да издејствува видниот црковен деец Адалберт Прашки да го натера да се врати од Рим во Прага. Како мисионер, свети Вилигиз успеал да испрати проповедници на христијанството во скандинавските земји.

Свети Вилигиз претрпел вистинска загуба, кога во 1009 година целосно изгорел прекрасниот соборен храм во Мајнц, кој бил изграден по негова иницијатива и со негови средства, а пожарот избувнал само по неколку дена од осветувањето. По две години од овој трагичен настан, свети Вилигиз блажено се упокоил, а храмот по неколку години бил возобновен. Споменот на овој светител, Православната Црква го празнува на 23 февруари според Јулијанскиот календар.


[1] Вилигиз = верен.

[2] Шјонинген (Schöningen) е град во Германија и реонски центар, со местоположба во федералната земја Долна Саксонија. Влегува во состав на реонот Хелмштет и денес има околу 13.000 жители.

[3] Мајнц (Mainz) е град во Германија и престолнина на федералната земја Рејнланд-Пфалц. Денес има околу 200.000 жители.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2023/03/01/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D0%B7-%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B8%D0%B5%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BD%D1%86/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Митрополит Методиј: Велигденско послание 2020

„Жалоста ваша ќе се претвори во радост… и радоста ваша никој нема да ви ја одземе“ (Јован 16,20 и 22) Најмили мои духовни чеда, Велигден е срцевината на нашата христијанска вера, затоа што нејзин темел и суштина е токму настанот на Христовото Воскресение. Зашто, нашата вера не е некаква утешна ид...

Image Description
8 months ago

Лазарова сабота

Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Во секој случај, своевремено Лазаровото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за Божественоста на Господ Христос пред тогашните Јудејци и постана камен на сопнувањ...

Image Description
4 years ago

Што празнуваме во Великата Седмица?

Која е Велика Седмица? Великата Седмица е неделата пред Пасха (од неделата на Цветници па до Велика Сабота) и се нарекува „Велика“, не затоа што има повеќе денови или часови од другите седмици, туку затоа што настаните кои се празнуваат и доживуваат во светите храмови се спасителни за човек...