Title : Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски (15.06.2021)

Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски (15.06.2021)

Example Super-Admin User · 1 month ago

    2 minutes, 3 seconds


 sv.Erazmo.Ohrid.pestera1.jpg sv.Erazmo.Ohridski.jpg

Глас четврти:

Мудри, твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол хитон свештенички. Пролевајќи ја крвта своја мачемичка, си се удостоил со вечна награда и соејќи пред Света Троица, се молиш за нас, кои те прославуваме.

sv.Erazmo.Ohrid.pestera2.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 19, 20)

Рече Господ: „Не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сè ова ќе ви се придаде. Не судете, за да не бидете судени; оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери. Зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја чувствуваш? Или, како ќе кажеш на брата си - чекај да ти ја извадам раската од окото; а, пак, ете, во твоето око има греда? Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си. Светињата не ја давајте на кучињата, и не си го фрлајте бисерот пред свињите, за да не го изгазат со своите нозе, и, откако се повратат, да не ве раскинат. Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; зашто секој што сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори. Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, да му даде камен, и кога посака риба, да му даде змија? И така, ако вие, бидејќи лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку повеќе вашиот Отец небесен ќе им даде добра на оние што Му бараат?“

 

Toni3.jpg

Toni1.jpg

 Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски

Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архиереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек по име Анастас и го крсти овој човек. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. За ова беше обвинет кај царот Максимијан, којшто во тоа време престојуваше во Илирија. Царот го изведе пред бакарната статуа на Ѕевс и му нареди да принесе жртва и да му се поклони на идолот. Свети Еразмо направи со благодатта, па од статуата излезе страшен змеј и го исплаши сиот народ. И пак направи светителот со благодатта и змејот пцовиса.

Тогаш светителот Го проповедаше Христа и крсти дваесет илјади души. Огорчен царот нареди и ги заклаа сите овие дваесет илјади христијани, а Еразмо го стави на тешки маки, па потоа го фрли во затвор. Но му се јави ангел Божји, како некогаш на Светиот апостол Петар и го изведе Еразмо од затворот. По ова овој Божји слуга отиде во Кампанија, каде што им го проповедаше Евангелието на луѓето, па повторно се врати во градот Хермелија, каде што се повлече во една пештера, во која се подвизуваше до смртта.

Пред смртта трипати се поклони кон исток и со воздигнати раце Му се молеше на Бога, Бог да им ги прости гревовите и да им подари вечен живот на оние коишто со вера ќе го повикуваат неговото име. На крајот од молитвата се слушна глас од небото: „Нека биде како што се молеше, исцелителу мој Еразмо!“ Сиот радосен светителот погледна уште еднаш на небото и го виде венецот на славата кога се спушташе на него и виде хорови ангели, пророци, апостоли и маченици, кои приоѓаа да ја примат неговата душа. Најпосле самиот возвикна: „Господи, прими го духот мој!“ и издивна, во 303 година.

Пештерата со црквичката на Свети Еразмо и денес стои недалеку од Охрид и од неа и до денес се пројавува големата сила на овој Божји угодник, свештеномаченик Еразмо.

sv.Erazmo.Ohridski.jpg


Priestly-Martyr Erasmus of Ohrid


This saint was born in Antioch and lived during the reign of Emperors Diocletian and Maximian. He lived a strict life of asceticism on Mt. Lebanon and was endowed by God with the great gift of working miracles. As a bishop, he went out to preach the Good News. Arriving at the town of Ohrid, Erasmus, by his prayers, resurrected the son of a man named Anastasius and baptized him. At this time, Erasmus baptized many other pagans and destroyed the altars of the idols in Ohrid. For that he was denounced before Emperor Maximian who, at that time, was residing in Illyria. The emperor brought him before a copper idol of Zeus and ordered him to offer sacrifice and to worship the idol. St. Erasmus manifested so great a power that a horrible dragon came out from the idol, which frightened the people. Again the saint manifested great power and the dragon died. The saint then preached Christ and baptized twenty thousand souls. The embittered emperor ordered that all twenty thousand be beheaded and subjected Erasmus to severe tortures and then cast him into prison. An angel of God appeared to Erasmus as once to the Apostle Peter and led Erasmus out of the prison. After that, this servant of God departed for Campania where he preached the Gospel to the people and then again returned to the town of Hermelia where he retreated to a cave and desired to live a life of asceticism until his death. Before his death, he bowed down three times toward the east and with uplifted arms prayed to God that He forgive sins and to grant eternal life to all those who, with faith, would invoke his name. At the completion of his prayer a voice from heaven was heard: "So let it be as you prayed, my little healer Erasmus!" Completely joyful, the saint gazed up at the heavens once more and saw a wreath of glory as it was descending upon him and saw the choirs of angels, prophets, apostles and martyrs who came toward him to receive his holy soul. Finally he cried out: "O Lord, receive my spirit!" and died about the year 303 A.D. The cave with a small church dedicated to St. Erasmus, exists today not far from Ohrid and, from it, even today the great power of the chosen one of God, Erasmus the priestly-martyr, is manifested.

sv.Erazmo.Ohrid.pestera.jpg

Владимир Лоски

Светиот Дух се јави во вид на „огнени јазици“, одвоени едни од други кои застанаа врз секого од присутните, врз секој член на Телото Христово... Светиот Дух им се дава на личностите, одбележувајќи го секој член на Црквата со печат на личен и единствен однос со Света Троица, при што Он станува присутен во секоја личност. Како? Тоа останува тајна – тајната на кенозисот на Светиот Дух, Кој доаѓа во светот...

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/6584-vetiot-sveshtenomachenik-erazmo-ohridski

Share:

Example Super-Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

Отец Александар Мењ: Кредо

Барате да го изложам моето кредо. Иако кредото на секој христијанин и, се разбира, свештеник, веќе е изразено во Символот на верата. Вашето прашање е сосема во ред. Христијанството е неисцрпливо. Уште во апостолско време, среќаваме цел ред на видови христијанство, кои се дополнуваат еден со друг. И...

Image Description
3 months ago

Писма на валаамскиот старец (9)

  29. 1947 г.Го добив твоето писменце и ти одговарам; само моите совети примај ги не како наредба или закон, туку како обичен совет. Можеш и да не ги прифатиш, ако оцениш дека не се сложуваат со Светото писмо и со поуките на св. отци.Не возбудувај се, не стреми се предвреме кон возвишенот...

Image Description
7 months ago

„Нема случајни луѓе во мојот живот...“

Ако сум православна личност, мора да разберам дека нема случајни луѓе во мојот живот.  Секоја личност што ми ја испраќа Бог е личност што ми треба, дури и ако  таа личност е нервозна, лута,  или злобна  мојата реакција кон таа личност покажува дека јас не се разликувам многу од н...