Тешко му на внатрешниот човек од надворешниот! (Преподобен Исихиј)

Example Admin User · 3 years ago

    2 minutes, 34 seconds


Како што не може сонцето да сјае без светлина, така ни срцето може да се очисти од нечистотата на помислите без молитвата на Христовото име.

А, ако е ова вистина, како што гледам Јас во својот личен опит, тогаш да го повикуваме ова Име толку често – колку што дишеме.

Зашто тоа е светло, a демонските помисли се нечисти и мрачни. Исуса, Кого Го повикуваме е Бог и Господ, a тие – лошите мисли – се демонски слуги.

171. Запазувањето на умот е прилично и достојно да го именуваме светлосно, како молња, извор на светлина и на оган. Зашто навистина само тоа е над сите телесни добродетели, колку и да ги има.

Затоа и треба оваа добродетел да ја нарекуваме co највозвишени имиња, заради светлините што се раѓаат од неа.

Оние што ja засакале неа, тие од најголеми грешници, нечисти, непросветени, неразумни и неправедни – стануваат co силата на Господа Исуса Христа – праведни, добри, чисти, свети и разумни.

И не само тоа, туку почнуваат и да ги созерцаваат тајните Божји и да богословствуваат.

Откако почнале да созерцаваат, тие се преселиле при пречистата и безгранична Светлина и се допираат до Hero co неискажливи допири, co Heго живеат и дејствуваат, зашто вкусиле колку е благ Господ”, зашто на овие првоангели јасно се исполнуваат зборовите на божествениот Давид:

“Праведниците ќе го исповедаат името Твое, a непорочните ќе се населат пред лицето Твое” (Псал. 139,14). Навистина, само тие единствени вистински Го призоваваат Бога и My ce исповедуваат и, љубејќи Го, секогаш сакаат co Hero да разговараат.

172. Тешко му на внатрешниот човек од надворешниот, зашто внатрешниот многу претрпува од надворешниот – од надворешните сетива.

Ho, откако претрпи нешто, тој е должен да ги употреби против нив соодветните камшици. Откако ќе го направи тоа што е напишано, тој ќе го разбере и тоа што треба да се направи и според натамошното умување.

173. Ако е трезен нашиот внатрешен човек, тогаш, според зборовите на оците, тој е силен да го запази и надворешниот.

Според нивните зборови ние и нашите непријатели – демоните – заеднички ги правиме гревовите; тие во помислите и во живописните слики само пред умот го претставуваат гревот, а ние сме тие што грешиме и co внатрешните помисли и co своите надворешни демони.

Демоните, кои немаат земни тела, – и на себе си и на нас маките ни ги подготвуваат само co помисли, измами и искушенија.

Но, ако не беа лишени од земни тела, и тие непрестајно би грешеле и co дела, задржувајќи ја во себе својата грешна волја, која е секогаш готова да греши.

174. Затоа, внатрешната молитва во срцето упатувана кон Господа ги разбива и во пепел ги претвара нивните измами, бидејќи Исус Христос, Бог и Син Божји, Кого ние непрестајно и будно Го повикуваме, никако не го дозволува ни зачнувањето на гревот, не ги допушта ни гревовните слики, ниту поканите за грешење, да бидат одразени во огледалото на нашата душа – во нашите мисли и нашите срца.

А, ако ни една од тие слики не проникне во срцето, тогаш тоа ќе биде празно и од грешните помисли, зашто демоните обично преку помислите скриено разговараат co душата и ја учат како да ги прави злото и гревот.

175. Па така, од непрестојната духовна молитва душевниот воздух во нас се прочистува од темните облаци и од ветриштата на злобните духови.

А кога е воздухот на срцето чист, тогаш веќе нема во него никаква пречка да ја сееме во него Христовата божествена сеидба, ако не се возгордиме co славољубие и не посакаме да го постигнеме недостижливото, па заради тоа бидеме лишени од помошта на нашиот Господ Исус Христос, зашто Он Ја мрази гордоста, оти Он Самиот е образец на смирение.

Преподобен Исихиј, презвитер ерусалимски

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/13/33970/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

Макс Борн – Науката го остава прашањето за Бога целосно отворено

Германскиот физичар Макс Борн (1882-1970) кој ја освои Нобеловата награда во 1954 „за своите фундаментални истражувања во областа на квантната механика и особено за статистичката интерпретација на брановата функција“.  „Многу научници веруваат во Бога. А оние кои велат дека занимавањето со...

Image Description
4 years ago

Јеросхимонах Макариј-ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (извадок)

  Писмо бр. 214 БОРБАТА СО СТРАСТИТЕ ВОДИ КОН ВЕЧНА РАДОСТ "... Откако го прочитав твоето писмо, те сожалувам, затоа што го сметаш својот живот за тегобен како во манастирот, така и во светот. Господ не створил не за плач, туку за радост. Ние сами сме си виновни, што ги труеме со гордост днит...

Image Description
2 years ago

КЛЕЧЕЈЌИ ПРЕД НЕГОВАТА ИКОНА

КЛЕЧЕЈЌИ ПРЕД НЕГОВАТА ИКОНАКолку и да си повреден, решението не е да ги повредуваш другите за да се чувствуваш подобро.Можеби си повреден, но не дозволувај твојата рана да стане возбуда и гнев, неспокојство и злоба кон другите; особено кон луѓето кои со ништо не се виновни.    ...