Вистината е чувството за Бога, коешто човекот го вкусува во себеси со чувството на сетилото на духовниот ум.
Љубовта е плод на молитвата и таа со своето созерцание го возведува умот кон тоа ненаситно да ја посакува, кога умот без униние пребива во молитвата и човекот со умот, само во безмолвни помисли, се моли огнено и со жар.
Молитвата е умртвување на похотните мисли на телесниот живот, бидејќи оној кој сесрдно се моли ист е како оној кој умира за светот.
Трпеливо пребивање во молитвата за човекот значи да се откаже од самиот себе. Затоа во самоодрекувањето на душата се стекнува љубовта Божја.
Свети Исак Сирин
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2025/01/blog-post_26.html