Зошто на денот на свети Василиј, месиме василопита и ставаме паричка (златник)

Example Admin User · 11 months ago

    2 minutes, 27 seconds



Историјата на «василопитата» е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија.

Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија.

Тогаш св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар.

Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно.

Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан:

„Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“

Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.

За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син.

Тогаш го виде и свети Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје.

Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа.

Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен.

Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи.

Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети.

Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија.

Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната «василопита», свети Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето.

Оттогаш и ние, и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

Source: https://pokajanie.mk/2023/12/11/14018/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

НЕРАКОТВОРНИОТ ОБРАЗ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС и ЖИТИЕ НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ НАШ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ

Гoспoд oдгoвoрил дeка нe мoжe да дoјдe, заштo сe приближувалo врeмeтo на Нeгoвoтo страдањe, зeл убрус, гo избришал Свoeтo лицe и на убрусoт сoвршeнo сe впишал прeчистиoт Нeгoв лик. Тoј убрус му гo прeдал Гoспoд на Ананија сo пoрака дeка кнeзoт oд нeгo ќe сe исцeли, нo нe сoсeма, пoради штo Oн пoд...

Image Description
4 years ago

АСТРОЛОГИЈАТА И МАГИЈАТА ВО СВЕТЛИНАТА НА ПРАВОСЛАВНОТО УЧЕЊЕ

свештеник Родион Петроградски 1. ВОВЕД  Кога верата исчезнува, нејзиното место го зазема суеверието. Во тој поглед, човечката душа не ја поднесува празнината. Човекот е создаден според образот Божји (Бит.1,27), и од почетокот е насочен кон својот Творец. Но, кога ќе го загуби Бога во...

Image Description
4 years ago

Приближно еден од 10.000 Македонци е калуѓер: 10 векови монаштво

  Манастирот на Воведение на Пресвета Богородица-Елеуса, денес - повторно, како пред десет века, стана духовен расадник на монаштвото во Македонија. Спонтано, во духот на илјадогодишната традиција, прво беше возобновено машкото монаштво во него, за една година подоцна да продолжи да живее како...