A залуден е сиот наш ум каде што е потребно видение…! (Омилии)

Example Admin User · 2 years ago

    3 minutes, 51 seconds


Светските статистики точно знаат колку милијарди луѓе живеат на Земјата денес.

Од тие милијарди живи луѓе ниту еден не знае да каже што ќе се случи co светот на крајот од времето и што ќе стане co нас по смртта.

И сите оние милијарди и милијарди човечки суштества кои живееја на Земјата пред нас исто така не знаеја да кажат ништо, според својот ум, одредено и посигурно за крајот на светот и за тоа што нѐ ќочекува по смртта, – макар нешто, кое ние co својот ум и срце би можеле да го усвоиме како вистина.

Нашиот живот е краток и се брои во денови, а времето е долго и се брои co милијарди години.

Кој од нас може да се протегне од својата временска теснотија до краиштата на времето и да ги види последните настани, да ни ги соопшти и да ни рече:

ќе се случи тоа и тоа во последниот раб на времето, тоа и тоа co светот, а тоа и тоа co сите луѓе?

Никој.

Навистина никој од сите живи луѓе, освен оној кој би нѐ уверил дека навлегол во умот на Создателот на светот и луѓето и го видел целиот план на создавањето, дека бил жив и свесен и пред почетокот на светот, како и дека може да го види јасно крајот на времето и сите оние настани кои ќе го обележат тој крај.

Има ли таков човек помеѓу милијардите луѓе кои сега се живи?

И дали имало таков од почетокот на светот до денес?

He,ниту го има, ниту пак некогаш го имало.

Имало видовити луѓе и пророци кои, не според својот ум, туку според Божјото откровение по нешто пророкувале, нешто кусо и испрекинато, за тоа што ќе биде на крајот, и не толку co намера да го опишат точниот крај на светот, колку што co своето видение, според Божјата волја, да ги предупредат луѓето да се вратат од патот на беззаконието, да се покаат и повеќе да мислат за оној судбоносен ден

што ќе настапи отколку за ситното и преодното кое како облак им го заклонува огнениот и страшен настан, co кој ќе се заврши и сиот живот човечки на Земјата, и постоењето на светот, и текот на ѕвездите, и деновите и ноќите, и се што се наоѓа во пространството и сѐ што е во времето.

Само еден единствен ни кажа јасно и одредено за сѐ што ќе се случи на крајот од времето.

Тоа е Господ Исус Христос.

Ако тоа што Тој го рекол за крајот на светот би го рекол некој друг, ние не би му верувале, макар да е и најголем светски мудрец.

Ако би зборувал според својот човечки ум, а не според докажаното Божјо откровение, ние не би му верувале.

Оти човечкиот ум и човечката логика, колку и да се големи и силни,премногу се малечки за да досегнат до почетокот и до крајот на светот.

A залуден е сиот наш ум каде што е потребно видение.

Нам ни е потребен видовит човек, кој го гледа – и тоа гледа јасно како што го гледаме ние сонцето – сосема цел свет од почетокот до крајот, и самиот почеток и крај.

Само еден бил таков. Тоа е Господ Исус Христос.

Ние можеме и мораме да му веруваме единствено само на Heго, кога ни вели што ќе се случи на крајот.

Оти сѐ што Тој прорекол, сѐ се исполнило.

Се исполнило сѐ што прорекол за одделните личности, на пример за Петар и Јуда и другите апостоли;

за одделнини народи, на пример за Евреите; и за одделните места како што се Ерусалим, Капернаум, Витсаида и Хоразин;

за Божјата Црква заснована на Неговата крв.

Уште само не се исполнети Неговите пророштва за настаните пред самиот крај на светот и пророштвата за самиот крај на светот и за Страшниот суд.

Но кој има очи да види може јасно да види дека во светот yште во нашево време почнаа оние случувања кои се претскажани од Heго како знаци за скорешниот Kpaj на светот.

Зар не се јавија многу спасители на луѓето, кои сакаа co својата личност да го заменат Христа и co својата наука да ja заменат Христовата наука?

Зар не станува народ против народ и царство против царство?

Зар не трепери Земјата, како срцата наши, од многу војни и револуции по целата наша планета?

Зар мнозина не го предаваат Христа, зар не бегаат мнозина од неговата Црква?

Зар не е намножено беззаконието, зар не е оладена љубовта на мнозина? Зар не е веќе проповедано Евангелието по

сиот свет за сведоштво на сите народи (Мат. 24, 3-14)?

Вистина е дека уште не дошло најлошото, но тоа доаѓа незадржливо и брзо.

Вистина е дека сѐ уште не се јавил антихристот, но неговите пророци и претходници веќе одат по сите народи.

Вистина е дека сѐ уште не настанала кулминацијата на неволите какви што немало од почетокот на светот, ниту пак имало незадржлив претсмртен извик, но таа кулминација е веќе на повидок, пред очите на сите духовни луѓе кои го чекаат доаѓањето на Господа.

Вистина е дека сонцето сѐ уште не е затемнето, ниту пак месечината ја изгубила својата светлина, ниту пак ѕвездите паднале од небото, но кога ќе се случи и тоа, тогаш за тоа веќе не ќе може ниту да се зборува ниту да се пишува.

Човечките срца ќе бидат исполнети co страв и треперење, човечкиот јазик ќе замрзне, а човечките очи ќе ѕурат во страшната темнина, во земјата без денови и во небото без ѕвезди.

Наеднаш во таа темнина ќе се појави знакот на Синот Човечки, силно ќе светне крстот од исток до запад и од север до jyr, co таков cjaj co каков сонцето над нашите глави никогаш не светнало.

И тогаш сите луѓе на земјата ќе го видат Господа Исуса Христа “како доаѓа на облаците небесни во величествена сила и слава”.

И ќе затрубат ангелските војски, и пред Heго ќе се соберат сите народи земни, и ангелите ќе затрубат за собир каков што немало од почетокот на светот, и ќе започне Судот кој никогаш веќе не ќе се повтори.

Преземено од книгата “Омилии”

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/04/33894/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Приближно еден од 10.000 Македонци е калуѓер: 10 векови монаштво

  Манастирот на Воведение на Пресвета Богородица-Елеуса, денес - повторно, како пред десет века, стана духовен расадник на монаштвото во Македонија. Спонтано, во духот на илјадогодишната традиција, прво беше возобновено машкото монаштво во него, за една година подоцна да продолжи да живее како...

Image Description
3 years ago

Митрополит Атанасиј Лимасолски: За совеста – I дел

    Имајте чиста совест, та со тоа што ве напаѓаат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос.    (1 Петар 3,16)Отците на Црквата расудиле дека совеста е многу важна за човекот. Тие дури тврдат дека само совеста е во состојба...

Image Description
3 years ago

Бог нема да го остави таквото милосрдие без покајание

„Отче, сакам да зборувам со вас за нешто сериозно…“ Девојката стоеше на влезот од свештеничката канцеларија, чекајќи одобрување за да влезе. Немаше изглед на „благочестив“ човек. Носеше тесни пантолони и беше фарбана. Стариот свештеник ја погледна со добрина. „Молам, за сè...