Слушајте што ќе ви кажам: молете се, а дури потоа зборувајте...


 



Слушајте што ќе ви кажам: молете се, а дури потоа зборувајте


 Така треба да се однесувате кон вашите деца. Ако постојано им давате совети, ќе им здодеете, а кога ќе пораснат, ќе почувствуваат дека некако ги притискате. Затоа, изберете молитва. Зборувајте им преку молитва. Зборувајте му на Бога, и тогаш Бог ќе зборува во нив.

Кажи нешто како ова: Господи Исусе Христе, просветли ги моите деца! Ти ги доверувам. Ти ми ги даде, но јас сум слаб, па не можам да ги доведам во ред. Затоа, Те молам: просветли ги!

Бог ќе им зборува на свој начин, а децата, повторно, ќе речат: О, не требаше да ја растажам мама со тоа што го направив! Тоа ќе дојде од самите нив, по Божја милост.

Тоа е совршениот пат. 

Ако не, тогаш зборувај, зборувај, зборувај - и сè ќе влезе во едното уво, а ќе излезе од другото. И на крајот ќе се појави некаков вид притисок. Во тој случај, кога детето ќе порасне, тоа почнува да се спротивставува, односно некако да им се одмазди на таткото и мајката кои го угнетувале. 

Кога вашите деца се повредени и ранети од сериозен проблем, не дозволувајте нивните реакции и навредливи зборови да влијаат врз вас. Тие всушност не сакаат да се однесуваат така, но кога работите се тешки, не можат да направат ништо друго. Тие подоцна се каат за тоа. Но, ако се изнервираш и налутиш, ќе бидеш едно со злиот и тој ќе си игра со сите вас


Свети Порфириј Кавсокаливит

Comments