Ако Господ те постави во нешто, Тој низ тоа и ќе те проведе
Ако Господ те постави во нешто, Тој низ тоа и ќе те проведе.
Во среќните моменти слави го Господа.
Во тешките моменти барај го Господа.
Во тивките моменти обожувај го Господа.
И во секој момент благодари му на Господа.
И најлошиот човек мора три пати во животот да се сети на Бога:
- кога ќе го види праведникот да страда поради неговата вина.
- кога он сам страда поради туѓата вина и
- кога ќе му дојде смртниот час.
Три пати во животот мора да се расплаче и најтврдиот грешник:
- кога го гонат луѓето како див звер,ќего помилува мајчината рака.
- кога болестен и осамен ќе го посети неговиот противник, донесувајќи му дарови и простување и
- кога во смртниот час свештеникот ќе му каже: Не плаши се, Божјата милост е поголема од твоите гревови!
Три пати човекот изгледа како Бог:
- кога ќе му се роди син.
- кога ќе сфати и го прифати Христа и
- кога ќе се помири со своето страдање за правдата.
Свети Николај Велимировиќ
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/08/blog-post_66.html