Имаше еднаш 2 пријатели, каде што едниот беше верник и успеа да го убеди другиот, кој беше многу грешен, за прв пат да се исповеда.
Кога ја завршиле исповедта и тргнале на патот назад, верникот го прашува својот пријател, какво правило му дал исповедникот.
– Никакво правило, одговори тој, дури ме пушти да се причестам.
Верникот бил толку изненаден од она што го слушнал од својот пријател, што се вратил кај исповедникот да го праша за причината.
Затоа го прашал зошто го пуштил пријателот да се причести, бидејќи првпат доаѓал да се исповеда, а не го пуштил да се причести, иако со години непрекинато се исповеда:
А исповедникот му рече:
– Навистина, твојот пријател имаше многу тешки гревови.
Овие гревови ги примив како гранки, кои ги собрав на едно место.
На крајот го прашав дали има непријатели и дали им прости.
А тој ми одговори дека има непријатели на кои им простил.
Што ми кажа, го земав кибритот што ми го даде и со него ги запалив гранките.
Изгореа, затоа му реков да се причести.
Ти пак кога влезе ми кажа дека постиш, се молиш и даваш милостина.
Ова нешто го сфатив како многу добро брашно, кое го ставив во сад .
Истото прашање ти го поставив, дали имаш непријатели и дали си им простил.
А ти ми кажа дека имаш непријатели, но не им прости.
Впрочем, додаде со тоа што ви го направија непријателите, јас да сум на ваша позиција нема да им простам.
Ова што ми го кажа, го земав како горчлив квасец и го ставив да го кваси брашното, но брашното се расипуваше и го фрлив.
Затоа не ти дозволив да се причестиш..
Димитрос Панагопулос
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2025/01/blog-post_34.html