Title : архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Example User · 3 weeks ago

    0 minutes, 19 seconds


TVITer614

ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Денес, браќа мои, повторно го слушнавме словото Господово во светото Евангелие: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека оди по Мене“ (Марко 8:34). Ете, дојдовме до неделата по Воздвижението на Светиот Крст, празник што го одбележавме неодамна. И денес Светата Црква повторно ни зборува за Крстот. За Крстот Господов, кој исто така мора да стане наш личен крст. Дали можеме да се наречеме христијани ако не го носиме својот крст, ако не сме учесници во Крстот Христов? Бидејќи христијанин е оној што го подражава Христа, од каде доаѓа и неговото име. Тој го подражава Христа со целиот свој живот, ја подражава и Неговата смрт на крстот. "И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, та, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме во обновен живот. “ (Рим. 6: 4).

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој ги почитува разните морални прописи ( вредности ), живее во сопствена дискреција, води пријатен живот кој му ја гарантира  неговата благосостојба. Но, ова не е пример за христијанин. Христијанин е оној што прави подвиг секој ден, кој се подвизува и се бори со себе си. Се подвизува за да го возљуби Бог. Се подвизува да го возљуби својот брат. Но, бидејќи егоизмот го спречува човекот да го сака Бог и ближниот, тој се бори да го искорени тоа од себе. Тој се бори да ги искорени своите страсти, кои го затемнуваат неговиот ум и го освоиле неговото срце. Тој се бори да му угоди на Бога. Тој добро ги знае Божјите заповеди и се стреми да ги исполни преку својот живот до најмалите детали. Но, не со цел егоистично да се оправда пред Бога, туку да Му угоди заради неговата љубов кон Него. Затоа христијаните се борат, не за да му кажат на Бога: „Се е во ред со мене, јас имам право на спасение“ - тогаш тој не би бил христијанин, туку фарисеј - туку да му речат: „Господи, иако сум грешен и слаб, Јас те љубам. Во знак на мојата љубов, се обидувам да ги исполнам Твоите заповеди и Твојата света волја. Од тебе зависи дали ќе ми дадеш спасение или не, ако сакаш, спаси ме, ако сакаш, дај ми ја Твојата благодат “.
Би сакал да ве замолам, браќа мои, да го насочите целото ваше внимание на духовниот подвиг. Зашто, според православната традиција, според Евангелието на нашиот Господ, оној што не се подвизува, не може да се нарече христијанин. Затоа во православието, во нашата света Црква, постои овој благословен подвижен пат, пат на подвиг, кој не е само за монасите, туку и за сите христијани што живеат во светот. И во секојдневниот подвиг, тие се борат да ги прекинат страстите, да ги задушат и да му угодат на Бога.
Во древните времиња, нашите христијански предци беа многу поблиску до Црквата и живееја многу поисполнет црковен живот затоа што го сакаа подвигот, сакаа да постат, да бидат во храмот, сакаа долги црковни служби, молитви и бденија. Но, денес, кога ние христијаните се најдовме заразени со световниот дух, кој не е ништо друго освен желба за „убав живот“, желба да ги негуваме нашите страсти и да се грижиме за нашето тело, за нашата себичност, ние христијаните почнавме да го губиме нашиот подвижнички и аскетски дух. Престанавме да ги сакаме сите овие прекрасни пости, бденија, молитви, самоограничувања. Дури и денес гледаме со голема болка дека дури и за време на Страсната седмица  луѓето што се нарекуваат христијани го прекинуваат постот и нивната совест не ги мачи затоа што во овие големи и свети денови тие исто така треба да бидат причесници на Господовите страданија - да постат и да се воздржуваат.


Вие, кои што дојдовте на Света Гора и видовте, дека овде, по Божјата милост, се извршува духовен подвиг - се разбира, вие сте исто така добри христијани и се подвизувате - обидете се да го направите овој секојдневен подвиг уште поревносен за Христовата љубов и за спасение на вашите души. Одвојте повеќе време за молитва. Дали христијанин може да се нарече оној што не го започнува денот со молитва? Да жртвуваме малку од сонот, да се разбудиме малку порано за да се молиме: десет минути, четвртина час или половина час, а потоа да се фатиме за работа. Не само да се прекрстиме еднаш и да не се молиме ниту една минута - таквата жртва не му е угодна на Бога. Се разбира, подобро е да одиме на работа, дури и ако само сме се прекрстиле, отколку да не го сториме тоа, но Бог сака нешто повеќе од нас. Тој сака да се молиме и да бидеме вредни во молитвата. Вечерта, кога се враќаме уморни од работа, повторно да одвоиме време за молитва, иако заспиваме и сме исцрпени. Да се потрудиме, макар и малку заради Божествената љубов, да ја докажеме со нашите дела нашата љубов кон Него. Да постиме во среда и петок. Ова воопшто не е тешко, а исто така е добро за нашето здравје. Но, да постиме не затоа што е добро за нашето здравје, туку заради нашата љубов кон Христа. Да го жртвуваме нашето стомакоугодие за љубовта Христова. Се разбира, би било добро да постиме без масло, како што налагаат црковните статути. Но, јас многу добро знам дека живеете во светот и дишите загаден воздух заситен со микроби, па ако сте исцрпени, во среда и петок јадете храна со масло. А кој може, нека вкуси храна без масло и ќе го добие Божјиот благослов.
Ајде да ги научиме и нашите деца на тоа. Затоа што ако ние, возрасните, не се воздржуваме, не постиме или не се присилуваме за љубовта кон Бога, нема да можеме правилно да ги учиме и нашите деца. И тогаш нашите деца ќе станат самољубиви и себични, нема да сакаат да го познаат Бога, туку ќе сакаат да ги задоволат стомаците и телесните желби. А кога не ги слушаат Божјите заповеди и Самиот Бог, зарем нема да почнат да ги презираат и своите родители? Ако човек од рана возраст не научи да се подвизува, гледајќи како неговите родители се подвизуваат, како се борат против нивните страсти, како се молат и воздржуваат, зарем нема ли и тој да научи да се бори, воздржува, подвизува и да се моли за љубовта Христова? Дали нема да научи да го слави Бог со целиот свој живот и да ги почитува своите родители според Божјата заповед?


Нека Воздвижението на Крстот Господов ни помогне на сите нас да го извршиме овој подвиг и благодатта на Неговиот чесен и животворен крст нека биде секогаш наш помошник во животот.


Манастир Григоријат, Света Гора, 1985 година

Автор: архим. Георги Капсанис


Извор: azbyka.ru/bogonosci.bg


Превод: Симеон Стефковски

 Друго:

Архимандрит Георгиј Капсанис: Крстот и современиот свет (3)

Старец Георгиј Капсанис: Во Црквата се обожува човекот

Современоста на подвигот - Старец Георгиј Капсанис

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел 

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

КОН НЕДЕЛАТА НА ПРАВОСЛАВИЕТО - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Архимандрит Георгиј Капсанис: Господ блесна заради нас, и сака и ние да и се радуваме на таа Светлина

Еромонах Лука Григоријатски - Старец Георгиј Капсанис наспроти современите предизвици на човекоцентричниот хуманизам 08/06/2020

Последните совети на нашиот игумен, блаженоупокоениот старец, архимандритот Георгиј Капсанис

За параболата на митарот и фарисејот - старец Георгиј Капсанис

АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС-ЗА ПОКАЈАНИЕТО

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

 https://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%B3%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B8%20%D0%BA%D0%B0%D0%BF%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%81&ordering=newest&searchphrase=all&start=20

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/24475-arhim-georgi-kapsanis-vo-znak-na-nashata-ljubov

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

. Како одат работите... (22.11.2020 14:30)Ѓаволот, полека но сигурно, го гради апокалиптичниот свет на илузијата. За таа цел најчесто ги користи таканаречените јавни личности или разни селебрити, како медиуми, односно преносители на неговата илузија, кои станаа урнек според кој целиот свет се сообра...

Image Description
10 months ago

Митрополит Струмички Наум: Како да станеме богати до синовство (06.12.2020)

Митрополит Струмички Наум:Како да станеме богати до синовство (06.12.2020 12:40) „На некој богат човек нивата му беше родила многу; и мислеше во себе, велејќи: ’Што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои‘. Па рече: ’Вака ќе направам: ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми...

Image Description
1 year ago

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

 Проповед  изречена во Манастирот "Успение на Пресвета Богородица",Берово  на 28.08.2020 год. на празникот на Нејзиното сечесно УспениеИгумен на манатирот  о. Фотиј ...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборо...