Архимандрит Рафаил Карелин - Апокалиптичен самрак

Example User · 10 months ago

    2 minutes, 55 seconds


 


Зошто во последно време наркоманијата поприми размери на епидемија - бела чума, која стотици милиони луѓе ги претвора во психички и физички инвалиди, во живи трупови? Зошто роднините не се радуваат на средбите? Зошто зборот пријателство исчезнува, а го заменува друг збор „партнерство“, без оглед дали е тоа партнерство врзано за работа, одмор или љубовни авантури, партнерство слободно од било какви морални обврски?

Зошто катастрофално расне бројот на семејства кои се распаѓаат, така што изгледа дека наскоро семејството ќе биде прогласено за преживеана институција? Зошто бракот, во кој мажот и жената се соединети со љубов и верност еден кон друг до самата смрт, веќе станува исклучок?

Зошто се испоставува дека видливата семејна благосостојба честопати е само надворешен покрив на внатрешната пустош, молчелива согласност на брачните другари меѓусебно да се трпат? Зошто луѓето, доаѓајки во својата куќа не наоѓаат задоволство во меѓусебно општење, туку повеќе сакаат со часови да седат пред телевизорот?

Сликите кои се менуваат на телевизорот им се помили од човекот со кој треба да делат радост и тага. Телевизискиот екран и дрогата се и реален свет во кој човекот бега од реалноста, која ја притиска неговата душа со некаква оловна тежина.

Пророкот Мојсеј неколку дена пред неговата смрт го собрал народот и им изрекол благослов на оние кои ќе ги слушаат Божјите заповеди и проклетство за оние кои ќе ги нарушат и отфрлат. Овие заповеди не се напишани само на камени таблици, туку и во самата човечка душа. Денес луѓето ги заборавиле и изгубиле.

Земјата се' повеќе се осквернува со гнојот на развратот и човечката крв. Нашиот Господ Исус Христос рекол:
„Ќе најдам ли вера кога ќе дојдам на земјата?“
- односно вера која се манифестира во љубовта; вера која треба да биде главна потпора во животот.

Бројот на луѓето кои не само што веруваат, туку и живеат според верата, постојано опаѓа. И верниците и неверниците се како луѓе кои се паднати во мочуриште, само што верниците тоа го сфаќаат и се обидуваат да се извлечат од живата кал која ги голта, а неверниците не сфаќаат што се случува, тие гинат со затворени очи, не веруваат во Светото Писмо, рамнодушни се кон Бога или Го мразат.

Меѓутоа, и во таквите луѓе постои сведоштво за апокалитичната ноќ која се спушта над светот - ова внатрешно сведоштво на нивната сопствена душа за тоа дека радоста веќе ја нема, дека животот е празен како дим. Очајанието е губење на надежта. Современите луѓе немаат надеж. Немаат на што да се надеваат, самите не знаат што да очекуваат од иднината.

Кога поминуваме покрај затвор, нашата душа ја обзема чувство кое притиска како затворот да е живо битие кое липа од болка и тага, а нашето срце го слуша овој нем плач. Таму каде што луѓето се мачени и убивани, се чини дека не само земјата, туку и воздухот ги чуваат трагите на нивното мачење, како да по смртта нивните тажни сенки лебдат на ова место.

На земјата и дење и ноќе се одвива убивањето на деца - злосторство на кое не му се гледа крај, злосторство заштитено со закон, кое го оправдале оние „актери на културата“, кои како потсмешливо да се нарекуваат носители на моралот.

Првата освета веќе дојде: луѓето ја изгубија радоста и во нив атрофира способноста да љубат. Човекот несвесно се стреми кон непостоење, но од последниот чекор - самоубиството - го штити инстинктот за самоочувување, човекот се плаши од смртта и живее, но како по инерција.

Постојано расне бројот на душевно болни со очигледни својства на безумие, но кај неспоредливо поголем број луѓе овие симптоми се скриени, како да се „пикнати“ внатре. Психологијата станува еден од водечките правци во современата медицина.

Институциите, училиштата и различните организации имаат психолози на својот платен список. Најбогатите, најнапредни луѓе стануваат постојани пациенти на психоаналитичарите. Фармацевтските заводи во огромен број издаваат психотропни и препарати за смирување
.
Но се' е залудно. Се чини дека и самото срце на земјата почнало да крвари.

Пресвета Богородице спаси не .

Архимандрит Рафаил Карелин

 

Избор од ФБна о.Горан Стојчевски

 

 

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/18880-arhimandrit-rafail-karelin-apokaliptichen-samrak

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Архимандрит Андреј Конанос - Меланхолијата (ΙV дел)

  Архимандрит Андреј Конанос✤✣✤Меланхолијата(ΙV дел)✤✣✤Човекот жеднее за почит и признанија, за малку љубов и топлина. Таа потреба е многу голема, жед, глад за среќа, за љубов. Затоа си во депресија, бидејќи не си го заситил тој глад и го заситуваш со ракчиња, чипс, чоколада. Добро, ќе се заси...

Image Description
4 years ago

Отечки изреки (2)

Не можеш самиот да ги уништиш страстите, туку помоли Го Бога и Он ќе ги уништи нив, ако тоа е полезно за тебе. свети Анатолиј Оптински Еден старец бил запрашан: „Како можам да Го најдам Бога?“ Тој одговорил: „Постејќи, бдеејќи, трудејќи се, посветувајќи се, а најмногу од сè, расудувајќи. Ти велам, м...

Image Description
10 months ago

За да го здобиеме обожението, треба секогаш да бидеме свети – Старец Јосиф Ватопедски

Не постои друг пат освен спасението, освен искрената исповед, за да се воспостави она што преку овие два бунта е изгубено. Враќањето кон Бога зависи од ова толку, колку што и во природните дисциплини е потребно строго вежбање. Нашето ослободување од насилството на беззаконието, кое поради нашата лош...