Една неписмена,но побожна баба еден ден отиде во Црквата и го слушна проповедникот како зборува:
- Кој не го чита Светото Писмо,нема да се спаси!
Бабата,кога ги слушна овие зборови,пребледе, разочарана се врати во својот дом,и кажа на својата ќерка:
- Дете мое,ќе одам во пеколот зошто не го читам Светото Писмо!
Ќерката проба да ја смири,но залудно.
Еден ден бабата одлучи да отиде до еден просветен старец да бара помош.Кога го виде,му кажа:
- Отец мој, неможам да се спасам,зошто не го читам Светото Писмо,зошто сум неписмена!
Но старецот ја смири и кажа:
- А како се спасија толку многу неписмени, бабо? Имаме Светители,кои беа потполно неписмени! Како се спасени? Буквите не спасуваат.
Ти бабо ќе го направиш следново:Ќе го земеш Светото Писмо,ќе го отвориш на првата страница,ќе ја ставиш раката на Евангелието и потоа ќе отидеш пред олтарот и ќе ја кажеш следнава молитва:
Христе тоа што пишува во Евангелието,стави го во моето срце!.Наредниот ден пак исто го направи на следната страница и така понатаму.
Бабата буквално неколку месеци го следеше правилото кое и го кажа старецот.Еден ден во дворот се играа нејзините внуци и започна помеѓу себе да се расправаат и да се осудуваат. Бабата ги слушна и им кажа:
- Деца мои,не судите да не бидете осудени!
Нејзината ќерка ја слушна и изненадено и кажа:
- Мамо, што кажа, од каде ги слушна тие зборови? Тоа го пишува во Евангелието,ти незнаеш да читаш, кој ти ги кажа тие зборови?
-Дете мое,од никого не ги слушнав тие зборови,но ми излегоа од срцето!
Од тој момент,бабата започна да ги кажува зборовите од Светото Писмо,а да тоа не го разбираше! Бабата бидејќи со вера и едноставност го послуша старецот,Христос започна да ги усадува зборовите од Евангелието во нејзиното срце.
Онаа што ќе не спаси е верата во Христа,а не нашето образование.На крај на краевите,Христос ги избра неписмените луѓе за свои ученици,за да би им покажал дека може да те направи сезнаен,дури и ако си неписмен,само ако се има вера и понизност...
Старец Ефрем од скитот на Свети Андреј

Comments
Post a Comment
Напиши коментар