Автентичноста на Гробот Христов и Голготската карпа III дел

Example User · 11 months ago

    1 minutes, 25 seconds


 

(Благодатниот оган – чудо на Христовиот Гроб – Дваесет и четврти дел)

Автентичноста на Гробот Христов и Голготската карпа III дел
Камениот прстен што беше пронајде на дното од отворот во кој Крстот бил поставен на местото на Распетието.

Во 1810 година, 2 години после катастрофалниот пожар од 1808, архитектот Николаос Комненос го постави светиот олтар на врвот на Голгота, некаде 40 см. западно од точното место на Распетието, пред сѐ поради почит кон Светињата и со цел да го заштити од идни разорувања. Подоцна, автентичното место на Распетието било покриено со мермерни блокови и никој немал пристап до него. Два века подоцна, во 1986, беше донесена одлука мермерните плочи да се отстранат, и на ова место за да првпат се спроведе ископување. Беше направено извонредно откритие. Имено на длабочина од 40 см. во отворот за Крстот што бил употребен за Распетието, беше пронајден камен прстен со надворешен дијаметар од 19 см. Овој прстен е потврда за вистинското место на коешто Крстот Христов бил прицврстен за карпата.

Според двајцата раководители на ископувањата, проф. Лавас и д-р Митропулос, прстенот и  облогата со која што бил покриен, датираат од ранохристијанскиот период, пред создавањето на Форумот на цар Адријан, односно во периодот помеѓу 33 и 135 година.

За време на истото ископување во карпата на растојание од 1, 23 метри од местото на Распетието беше пронајден изгравиран крст. Овој врежан крст ја имаше истата облога каква што беше најдена на прстенот. Од тука се гледа дека ранохристијанската Црква го знаела точното место на Распетието.

Изгравираниот крст што беше пронајден на врвот на Голгота, издлабен во варов малтер. Трите краци имаат овални завршетоци а четвртиот завршува во аголот на квадратот.  Според др. Тео Митропулос, „Не постои сомнеж дека четвртиот крак го симболизира невидливиот дел од Крстот кој што беше забоден на местото на Распетието длабоко во карпата“.

План на Голготската карпа

(Продолжува)

Извор: Бигорски манастир

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/bibliska-arheologija/20408-avtentichnosta-na-grobot-hristov-i-golgotskata-karpa-iii-del

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

Проф. Илија Велев: Свети Кирил и Методиј кодификатори на старословенскиот богослужбен и книжевен јазик

  Повеќеслојната историска претстава за св. Кирил и Методиј нема до крај да биде проследена и културолошки презентирана доколку не се согледа и нивната улога како устроители на првото словенско писмо – глаголицата, но и како кодификатори на старословенскиот богослужбен и книжевен јазик. Ваквио...

Image Description
11 months ago

Старец Мојсеј Светогорец: Православието е живот

Верата не е некоја нејасна и апстрактна теорија, убава идеологија или себекорисно религиозно гледиште. Православната вера е искуство, етос, начин на живот. Верата значи дека Христовиот живот станува мој сопствен. Дозволете ми да ги изнесам своите размислувања, како обичен верник, скромен монах и иск...

Image Description
11 months ago

Значењето на хармоничниот соживот на верскиот плурализам во Кина (4)

   Н. Е. Џанг Ѕуо,Амбасадор на Народна Република Кина       Значењето на хармоничниот соживот на верскиот плурализам во Кина 4 дел   (6) Реформата и иновацијата се придонеси за хармоничниот соживот на кинеските различни религии.  Во моментов, глобализацијата се...