Барала учителка во добродетелта на трпеливоста! (Свети Јован Касијан Римјанин)

Example Admin User · 4 years ago

    2 minutes, 6 seconds


184. За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера.

Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат.

И колку повеќе ја навредувале, таа бивала се посилна и потрпелива – не паѓала под ударот на силните искушенија.

Таа жена живеела во Александрија, а потекнувала од познат род и во домот, што и бил оставен од нејзините родители, побожно My служела на Бога.

Еднаш отишла кај александрискиот архепископ Атанасиј и го замолила да и’ даде една од вдовиците, за кои се грижи Црквата, за да се грижи за неа и да и’ служи.

Архиепископот ја одобрил намерата на таа жена, нејзината желба да покаже милосрдност кон една од сиромашните сестри, и ја повикал да дојде и сама да си одбере една од нив, која би била почесна и поблагородна од другите,за да не и’ биде тежок товар и да не и’ ја ослабне верата.

Таа што ја зела и што ја довела во својот дом, била толку скромна и мирна, така што секој час и’ благодарела за добрината што и’ ја прави.

По неколку дена благородната жена пак отишла кај архиепископот и му рекла:

“Јас барав да ми дадеш таква жена, на која би можела јас да и’ служам co полна послушност.

Архиепископот прво не ја разбрал што сакала да му каже, па ги прашал веднаш своите луѓе зошто уште не била извршена неговата наредба и не и’ била дадена една од вдовиците на таа угледна жена.

Тие му рекле дека неговата заповед е извршена и дека на таа жена и’ е дадена една од најблагородните вдовици.

Тогаш тој сфатил што барала таа мудра жена и наредил да и’ ја дадат најлошата меѓу нив, која ги надминувала сите co својата гневливост, бујност, зборливост и суета.

Кога ја одвела во нејзиниот дом, таа и’ служела така, како што и’ служела на онаа пред неа, а место благодарност, таа ја навредувала co најлоши зборови и ја прекорувала co ранливи подбивања, говорејки дека ја зела во својот дом за да ја измачува.

Понекогаш нејзината грубост ги преминувала сите граници, така што почнала и да ја тепа добротворката, а таа го удвојувала своето смирение и се трудела да ја скротува co својата трпеливост.

Гледајќи колку е сето тоа корисно за неа утврдувајки се повеќе во трпеливоста, во толку саканата добродетел, таа отишла кај архиепископот за да му благодари што и’ ја дал токму неа, што направил толку мудар избор, бидејќи и’ помогнала во тоа што толку многу го сакала, дека и’ станала одлична учителка во добродетелта на трпеливоста, напомнувајќи дека првата била сосема кротка и таа повеќе и’ угодувала и служела, отколку што можела тоа да и’ го прави нејзе, а втората дека вистински ја укрепила во трепеливост.

Мислам дека е ова сосема доста што го реков за жените, зашто co овој пример многу можеме да се научиме и ние монасите.

Ние навистина треба да се посрамиме, зашто, ако не се затвораме во нашата келија не можеме да ја запазуваме нашата трпеливост.

Преземено од “ДОБРОТОЉУБИЕ” Том II

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/09/30388/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
9 months ago

Велат дека молењето додека се лежи е грев...

 Велат дека молењето додека се лежи е гревВсушност, многу зависи од тоа за каква молитва зборуваме - за исполнување на молитвеното правило дома, молитва во црква или за непрестајна, внатрешна молитва. И, исто така, за тоа дали молитвата додека се лежи е поврзана со мрзеливост или дали физичката сост...

Image Description
3 months ago

Зборови пред Божиќ: Мир и љубов во Христа...

 Зборови пред Божиќ: Мир и љубов во Христа Пред нас е свето време, денови на радост и покајание, кога нашите срца треба да станат јасли во кои ќе се роди Христос.  Но, знаеме, непосредно пред Божиќ, искушенијата честопати се најголеми.  ѓаволот наоѓа начин да не поколеба, да внесе немир и раздор меѓ...

Image Description
4 months ago

Слово за Митрополитот Тимотеј

Во вера, и надеж, и љубов, и кротост, и чистота, и восвештеничко достоинство побожно си поживеал, незаборавен.Затоа предвечниот Бог, Кому и Му служеше, Самиот Онќе го всели твојот дух во место светло и прекрасно,каде што блаженствуваат праведниците,и на Христовиот суд ќе добиеш прошка и голема м...