“Без Мене не можете да направите ништо”! (Свети Јован Кронштадски)

Example Admin User · 2 years ago

    4 minutes, 24 seconds


И духовните и телесните човечки сили се усовршуваат, се умножуваат и се засилуваат co нивното вежбање.

Вежбај ја својата рака во пишување, шиење или плетење и тогаш, како што кажуваат, ќе ја извежбаш раката, па добро ќе пишуваш, шиеш или плетеш.

Често практикувај ги овие дела, па ќе ги извршуваш лесно и добро.

Вежбај се во правење на добри дела или во победување на страсти и искушенија, па co текот на времето ќе правиш co радост и co сладост највисоки дела, и лесно, co помош на седејствувачката Божја благодат, ќе ги победуваш страстите.

Меѓутоа, ако не почнеш да пишуваш, шиеш или плетеш, или ако ретко пишуваш, шиеш или плетеш,

ако ништо не работиш или ако работиш ретко, ако живееш само во материјалните животни грижи -тогаш, веројатно, ќе ти биде тешко да сврзеш и неколку збора, особено ако се работи за нешто духовно.

Тогаш зададеното дело ќе ти биде египетска работа (т.е. ќе ти биде тешко да го извршиш толку, колку што на Израилците им била тешка присилната работа во текот на египетското ропство, заб. прев.);

ако не се молиш или ако се молиш ретко, тогаш молитвата ќе ти биде туѓа и тешка како некое големо бреме;

ако не војуваш против своите страсти или ако војуваш ретко и слабо, тогаш ќе ти биде тешко да се бориш co нив и тие често ќе те победуваат, тие ќе те обеспокојуваат и ќе го отрујат твојот живот, ако не научиш како да ги победуваш тие домашни, злобни, внатрешни непријатели кои секогаш седат во твоето срце.

Според тоа, во сѐ се потребни труд и дејствување.

Живот без дејствување не е живот, туку нешто наказно и илузија на животот.

Поради тоа непрекината и упорна борба co мрзливоста е должност на секој човек, и нека го чува Бог секој христијанин од угодувањето на мрзливоста.

„А оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое co страстите свои и похотите” (Гал. 5, 24). „Зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, a од оној што нема, ќе му се одземе и она што го има ” (Мт. 25, 29).

ttt

Никој не би требало ни да праша дали сакаме славата Божја да ја шириме co рака која пишува, co зборови или добри дела.

Ние сме должни тоа да го правиме, сразмерно co своите сили и можности.

Талантите мора да се употребат за дело. Штом се замислиш над овој прост факт, ѓаволот веројатно ќе ти ja наметне мислата дека ти е потребно само духовно влијание.

ttt

Делото немој да го твориш само кога сакаш, туку твори го токму кога не сакаш.

Примени го ова на било кое обично, житејско дело, но особено на делото на спасение на твојата душа, на молитва, на читање на Божји и душеспасоносни книги, на одење на служба Божја, на добри дела, па какви и да се тие, на проповедање на словото Божјо.

He му се покорувај на мрзливото, лукавото и многугрешното тело, бидејќи тоа е подготвено постојано да мирува и преку привремено спокојство и насладување да нѐ одведе до вечна
пропаст.

„Co пот на лицето свое, речено е, ќе јадеш леб” (1 Мојс. 3, 19).

„Талантот кој ти е даден, трудољубиво умножувај го, грешна душо”, пее Црквата (на Велики Вторник, кондак на утрена, 2 глас). “Царството небесно co напор се освојува и силните го грабаат” (Мт. 11,12) вели нашиот Господ и Спасител.

ttt

Какво и дело да творите, домашно или службено, не заборавајте дека вашата сила, ваша светлост и ваш успех е Христос и Неговиот Крст.

Затоа, не пропуштајте пред почетокот на денот да извикате кон Господа: Исусе, помогни ми! Исусе, просветли ме!

На тој начин во вашето срце ќе се одржува и загрева живата вера и вашата надеж во Христа, бидејќи е Негова силата и славата во сите векови! Амин.

ttt

Биди умерен во сите религиозни дела, бидејќи добродетелта, којa има cвoja мерка, зависно од твоите сили, од временските околности, од местото, од претходниот труд – е дело на разборитост.

Добро е, на пример, ако се молиме од чисто срце;

меѓутоа штом не постои хармонија меѓу молитвата и силата (енергијата), на различни околности, места, време и претходен труд, тоа веќе нема да биде добродетел.

Затоа апостол Петар вели:

“Принесете кон добродетелта знаење” (т.е. не дозволувајте да ве привлече исклучиво срцето), „а кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение…” (2 Птр. 1, 5-6).

ttt

Обрни внимание на самиот себе – на своите страсти особено во секојдневното однесување во домот, каде тие послободно се покажуваат, како кртови на безбедно место.

Надвор од дома, нашите страсти обично се прикриваат co други страсти, бидејќи се обидуваме да им дадеме облик на пристојност, поради што немаме можност да ги протераме тие црни кртови кои ja поткопуваат целовитоста на нашата душа.

ttt

Bo спротивно, само ќе го налутиш ближниот и нема да му донесеш никаква морална корист. Кога ги забележуваш недостатоците кај другите, биди смирен и кроток кон нив, имајќи на ум дека и ти самиот имаш недостатоци и тоа големи.

Да претпоставиме дека другиот го разобличуваш поради пијанство: меѓутоа, ако и ти пиеш или не пиеш, но затоа си лаком, му угодуваш на стомакот или се прејадуваш, ти грешиш исто како и тој.

Исцели се самиот од стомакоугодување и тогаш силно ќе зборуваш против пијанчењето на другите.

Другиот го обвинуваш дека е немарен во службата, а самиот си можеби, исто толку немарен. “Лекаре, излекувај се сам!” (Лк. 4, 23).

ttt

Зборувај и твори секаква правда без никаков сомнеж, смело, цврсто и одлучно. „Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на душа, љубов и разбраност” (2 Тим. 1, 7). Нашиот Господ е Господ на силата.

ttt

Празните зборови, или како што велат, “песипувањето од шупливо во празно” co гости, од срцето ја острануваат живата вера, стравот Божји и љубовта кон Бога.

Гостите се рана за срце. Под ова ги подразбирам токму оние гости кои можат само да преливаат „од шупливо во празно”.

Друга работа е ако гостите се сериозни и религиозни.

ttt

Карактерот на луѓето кои живеат во втората половина на 19. век е самобендисаност, самозаконие (автономија), материјализам во животот и духовен скептицизам (безверие).

ttt

Господи, Ти Самиот си рекол co Својата пречиста уста:

“Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен” (Мт. 5, 48).

Сакам да бидам совршен, и Ти биди за мене секое совршенство, бидејќи си рекол:

“Без Мене не можете да направите ништо”(Јн. 15,5).

Пренесено од книгата “Како да достигнеме светост” од Св. Јован Кронштадски

Source: https://pokajanie.mk/2022/07/30/34857/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Отечки изреки (4)

  Патот на смирението е овој: самовоздржание, молитва и да се сметаш себеси за понизок од секоја твар. ава Титој Смирението е единственото нешто што ни треба. Ако некој има секакви добродетели, ама нема смирение, може сè уште да паѓа, но со смирението – никој не паѓа. старец Герман Светогорски Дури...

Image Description
8 months ago

о. Александар Шмеман - За ѓаволот и егзорцизмот (2)

Во самиот момент кога го донесуваме решението да Го следиме Христос, неминовно на тој пат ќе го сретнеме сатаната. Во кршталниот чин, којшто претставува акт на ослободување и победа, пред сè, се извршува изгонување на нечистите духови (или забранување на сатаната – егзорцизам), бидејќи на нашиот п...

Image Description
4 years ago

ВИТЛЕЕМ – ГРАТЧЕТО КАДЕ ШТО СЕ РОДИ ХРИСТОС

  ВИТЛЕЕМ – ГРАТЧЕТО КАДЕ ШТО СЕ РОДИ ХРИСТОС Витлеем (дом на лебот) (1. Мој. 35:19, Михеј 5: 1, Мат. 2: 1, Рут 1: 2) се нарекува и Витлеем на Ефрат. „2. И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е...