„Блажени се бедните по дух“ – Кои се бедните по дух?

Example Admin User · 4 years ago

    1 minutes, 54 seconds


Блажени се бедните по дух“ (Матеј 5,3).

Духовната беда е внатрешно самоодрекување.

Преку нејзиното усвојување човекот ги отфрла своите илузорни богатства, она што е толку многу ценето од слепиот и страстен свет.

Тој се откажува од привременото и минливото, од она што станува плен на распадливоста и смртта. Се ослобудва тој од своите страстни врски, и со болка ги откинува од срцето, како црви припиени на раните.

Тој престанува да им верува на своите судови, во кои има лага. Неговата душа личи на пловило од кое додека има невреме се исфрла сиот товар за да не се преплави и да не потоне на дното заедно со сите скапоцености кои се скриени во неговата внатрешност.

Или на борец, ’рвач, кој разголен (осилен) излегува на мегдан (стапува во борба), за противникот да не може да го потегне за облеката и да го фрли на земја.

Беден по дух е оној кој не се надева на себе,
туку на Бога,
не на своите таленти, не во помошта од луѓето,
туку само во Божјата промисла.

На тој начин тој не го отфрла само светот, туку и сликите за светот од својата душа, мислите кои му го заматуваат умот.

Но доколку за надворешната, телесна беда и сиромаштија доволно е само еднаш да се раздаде сиот свој имот, дотолку за духовната сиромаштија е неопходна постојана внатрешна борба со сликите на овој свет.

Човекот никогаш не може да ја исполни оваа заповед совршено, и тоа е пат кој не завршува.

Да се биде ништожен (бедем) по дух значи да се биде со умот, заедно со молитвата во своето срце, и да се растеруват сите мисли кои излегуваат од неговата длабочина.

Да се биде беден по дух значи да Му се служи на Бога во тајноста на молчаливото срце, сиромашно за мислите на овој свет. А спасувајќи се од сопствените мисли, човекот се спасува и од демонот на тагата.

И затоа бедниот по дух секогаш е радосен.

Во срцето на бедниот по дух се раѓа Исусовата молитва.

Во срцето на „богатиот“ со мисли, макар и тие мисли да се блескави и возвишени, молитвата почнува да бега и да гасне.

Блажената беда е – откажување од бештенствените и мислени богатства поради Бога.

Постои и инаква, сатанска беда, а тоа е губењето на самиот Бог. Во таа смисла бедни се демоните: тие имаат сè, освен Бога.

Повеќето од нашите помисли во нас ги сеат темните духови, и токму затоа одбивањето на тие помисли значи враќање на лажниот имот на сиромашните – на демоните,
на оние кои со мечти ја исполнуваат нашата острастена душа и нашиот суетен ум.

Оние кои станале бедни по дух по Бога не треба повторно да го заработуваат отфрленото „богатство“, оти ќе произлезе дека е Сизифов труд;
човекот го носи каменот до врвот, но овој му се истргнува од рацете и повторно се тркала надолу.

Aрхимандрит Рафаил (Карелин)

Source: https://pokajanie.mk/2020/11/21/29943/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
5 months ago

За луѓето и етикетите што ги даваме...

 За луѓето и етикетите што ги даваме Секој човек има име што му било дадено при крштевањето.  Име запишано во Книгата на животот. Сепак, ние често одбиваме да ги нарекуваме луѓето со тоа свето име, заменувајќи го со зборови што ги означуваат нивните слабости, гревови, болести или околности. Но, дали...

Image Description
6 months ago

И каде го оставаме нашето минато? Нашата сегашност? Нашата иднина?...

 И каде го оставаме нашето минато? Нашата сегашност? Нашата иднина?Некои ги мачат три вида проблеми...Онаа што некогаш го имале,онаа што го имаат сегаи онаа што очекуваат да го имаат.Тагата секако ќе дојде,но што ќе добиеме ако побрзаме и трчаме да се соочиме со неа?Ќе имаме многу време да тагувамек...

Image Description
4 months ago

Во постот како деца: Божиќна лекција...

 Во постот како деца: Божиќна лекција Постот не е само воздржување од храна;  тоа е воздржување од лоши мисли, зборови и дела.  Како што Господ не повикува да бидеме: мудри како змии и невини како гулаби, така постот не повикува да ги очистиме срцето и душата, а не само трпезата. Најважно во постот...