Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци. Еден ден, кога тајфата (во која Дичо бил уште чирак) одела наваму-натаму по работа, била пресретната од група арамии. И, додека арамиите им се заканувале на останатите од тајфата, прашувајќи ги каде тргнале, по каква работа и зошто, Дичо земал едно парче дрво и почнал да си „игра“. Главниот од арамиите го забележал и му свикал: „Што правиш бре ти?“. Дичо го завртел дрвото кон него и кога овој во „глоданото“ го забележал својот лик, изненаден, се насмевнал и рекол: „Да ги оставиме овие, се гледа дека се надарени, учени, само добро може да сторат“.
Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/nauka-i-religija/22309-dvesta-godini-od-ragjanjeto-na-dicho-zografot-koj-pochna-nov-pravec-vo-crkovnata-umetnost