ДВЕТЕ ЛЕПТИ – вдовицата „пушти повеќе од сите“!

Example Admin User · 8 months ago

    1 minute, 37 seconds


ДВЕТЕ ЛЕПТИ…

Коментар на денешното евангелско четиво:

“Гледајќи Господ Исус Христос како вдовицата ги пушта во црковната каса своите последни две лепти, рече:
„оваа бедна вдовица пушти повеќе од сите.
Сите дадоа од својот вишок;
таа, пак, пушти сè што имаше за својот живот“.

Значи таа, иако крајно сиромашна, сепак даде; даде не од некој непотребен вишок, туку сè што имаше за живот.

Затоа Господ вели: „пушти повеќе од сите“.

Што значи тоа „да се дава и кога се нема“, најдобро ќе разбереме ако ова евангелско случување го споредиме со промените што се случуваат со нас.

Во подвижничкиот наш живот понекогаш се случува, согласно Божјата промисла за нас, благодатта отворено да ни содејствува во напорот да ги преобразиме нашите страсти, а понекогаш божествената благодат да се крие

Во првиот случај подвигот го извршуваме со голема леснотија и радост, а во вториот,
ако некои од нас и го продолжат подвигот со ист интезитет, тоа се случува со голем напор.

Ние сме слични на вдовицата само во вториот случај, кога истрајуваме во подвигот, кога даваме во периодот на сокривање на благодатта, тогаш кога „немаме“.

Таквото давање, во услови на сокриена благодат, покажува однос на дете Божјо, градење синовски, а не воспоставување наемнички,
т.е. однос „дај ми – на ти“.

Наемнички однос се случува секогаш кога во период на отворена помош од страна на благодатта Божја се трудиме во подвигот, а во период на сокривање на благодатта подвигот го прекинуваме.

Постапката на вдовицата ни го покажува патот на давање до самозаборав.
И навистина, ако сакаме да градиме правилен, значи синовски однос со Бог, треба да Му се принесеме Нему до самозаборав, како што и Тој ни се даде нам.

Притоа треба да заборавиме на самите себе и да ги игнорираме сите свои чувства,
мисли и желби, принесувајќи Му се целосно и безусловно на Бог.

Главен период за духовно растење е времето кога благодатта се крие, т.е. ни содејствува сокриено, бидејќи тоа ни пружа можност да ја победиме навиката на самосозерцание – односно,
страста самољубие, егоцентризам – и постојано чистејќи ги нашите срца да растеме, од сила во сила, како чеда Божји, а не да тапкаме во место како наемници.

Човек што е духовно пораснат лесно ќе ги сподели и своите материјални блага со оние кои немаат.“
Митрополит Наум

Source: https://pokajanie.mk/2024/02/22/37458/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Успение на Пресвета Богородица! (Втора статија)

ВТОРА СТАТИЈА Глас 5. Достојно е, Животодавче да те славиме,Ти Кој го возвеличи успениетона Твојата Мајка Чиста. 73. Твоите раце ме создадоа и меизградија: вразуми ме, и ќе се научам наТвоите заповеди. Достојно е, да те величаме, Богородице,тебе која душата божествена и непорочнаво рацете на Бога ја...

Image Description
4 years ago

32. Недела пред Богојавление!

Свето евангелие според светиот апостол Марко Јован го објавува доаѓањето на Исуса Христа. 1 Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји, 2 како што е напишано кај пророците: »Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.« 3Гласот на оној, што в...

Image Description
4 years ago

Мироточение на свети Димитриј во 1987 година

 Мироточение на свети Димитриј во 1987 година Во овој текст ќе си спомнеме за чудото на мироточење на свети Димитриј во светиот храм во Солун, 1987 година, како што раскажува ѓаконот на храмот и денешен свештеник во светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во областа Четириесет цркви во С...