Свети Мало, првиот епископ на Сен-Мало

Example User · 4 years ago

    1 minute, 46 seconds


Saint_MaloСПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ МАЛО, ПРВИОТ ЕПИСКОП НА СЕН-МАЛО И ЕДЕН ОД ЛЕГЕНДАРНИТЕ ОСНОВАЧИ НА БРЕТАНИЈА,[1] ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 15 НОЕМВРИ

(487-565; велшки: Mach Lou; бретонски: Malou; латински: Maclovius)

Свети Мало е келтски светител, еден од легендарните основачи на Бретанија и првиот епископ на градот Сен Мало,[2] наречен во негова чест.

Роден е во велшко семејство, во реонот Каубриџ (Y Bont-faen), во грофовијата Гламорган, во Јужен Велс. Според житието, кога тој се родил, неговата мајка имала 67 години. Бил ученик на свети Брендан, со кого заедно оделе на поклонувања на светињите низ Велс и Англија. Поминувајќи го Ла Манш, тој се населил на еден остров, каде што денес се наоѓа гратчето Сен Мало. Го основал епископството Алет, каде што формирал манастирски заедници, во кои главна дејност било лозарството. Поради сè почестите малтретирања и прогонувања, тој бил принуден да го напушти манастирот, па заедно со своите следбеници се населил во Аршинжи (Сентонж), денешниот департмент на Приморски Шарант, каде што и го завршил земниот живот.

Во X век, со одобрение на Хуго Велики, неговите мошти биле пренесени во Париз.

Свети Мало денес е почитуван како еден од основачите на Бретанија. Православната Црква неговиот спомен го празнува на 15 ноември според Јулијанскиот календар.

[1] Бретанија (француски: Bretagne; бретонски: Breizh; галски: Bertaeyn) е историска е област и регион во северозападна Франција. Своето име го добила од племето Брити, кои тука се населувале во почетокот на средните векови. Дотогаш таа била западен дел од вкупните крајбрежни територии, расположени меѓу Сена и Гарона, кои се нарекувале Арморик (страна кај морето). Најжестоките борби за освојување на оваа територија се воделе од 440-600 година, кога имало напади од Брити од Британските Острови. Во војната против Франките, тие успеале да издејствуваат самостојност, а со тек на време Бретанија влегла во составот на независните херцогства. Долг период Бретанија се колебала на која страна да припадне – Франција или Англија. Сепак, во 1532 година, таа званично и конечно влегла во состав на Франција. Бретанија денес има околу 4.000.000 жители, а главен град е Рен.

[2] Сен Мало (Saint Malo, Sant Malou) е град и пристаниште во Бретанија, во северозападна Франција, кој се наоѓа на брегот на Ла Манш, на устието на реката Ранс. Иако градот има околу 50.000 жители, денес важи за голем туристички центар, каде што во време на сезона има и до 200.000 туристи.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2017/05/30/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf-%d0%bd%d0%b

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Крст и босилок

Босилокот (босилек, базилик, василикос) или царско цвеќе, е познат по неговата пријатна миризба, лековити својства, особено по неговата употреба во црквата. Постојат повеќе видови на босилок, широколистен, ситнолистен, светогорски (повеќегодишен), лилјаков итн. Најчесто се одгледува во Иран...

Image Description
3 years ago

Покров на Пресвета Богородица

Празникот Покров на Пресвета Богородица е историски настан кој се случил во 911 година, во црквата Влахерна, во Цариград. Додека патријархот со свештениците и верниот народ стоеле на молитва, во текот на бдението Пресвета Богородица му се открила на јуродивиот Андреј, а тој му ја покажал на својот у...