Градот на светлината Го исмева Христос и ја дехристијанизира Европа

Example Super-Admin User · 8 months ago

    3 minutes, 14 seconds


Во рамките на своите пастирски посети во маченичката Калавритска област, Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Калаврија и Егилеја г. Јероним отслужи Божествена Литургија во неделата, на 28 јули, во парохијата „Свети Димитриј“, во планинското село Левкасио.

По Божествената Литургија, Митрополитот Јероним ја изрази својата особена радост кон парохискиот свештеник, отец Димитриј Статакопулос и кон верниците кои го наполнија светиот храм за да учествуваат во Тајната на Светата Евхаристија, изразувајќи ја својата благочестивост и топлата вера во Христа.

Толкувајќи го евангелското четиво за исцелувањето на демоноопседнатиот кај Гадаринците, Митрополитот рече дека она што ни предизвикува изненадување не е толку исцелувањето на опседнатиот, колку што е однесувањето на неговите сограѓани кон Исус Христос.

„Би се очекувало да Му пристапат со благодарност, да Му се заблагодарат, да Го задржат кај нив, да Му ги донесат и другите свои болни, да ги положат пред Него своите болки и гревови, да го отворат искрено своето срце и да го почувствуваат Неговото присуство меѓу нив како благослов, како повик да го следат и тие патот на спасението. Но, напротив, не прават ништо од сето тоа. Тие прават дури и нешто полошо. Бараат од Исус Христос да се оддалечи од нив, да си замине што побрзо и да се оддалечи од нивната земја.

Од каде оваа злоба од страна на Гадаринците? Можеби затоа што Го гледаат Исус како пречка за нивните грешни интереси, кои целат кон незаконска добивка, односно кон експлоатација на другите со нечесни средства.

Не беа достојни да добијат полза од присуството на Исуса Христа и затоа бараат од Него да си замине. Дали можеби истата приказна се случува и во нашиот живот?

Исус Христос бара од нас љубов, чесност, искреност, смирение, трпение, мир, спокојство, секаква доблест, жртва и помош за оние кои имаат потреба.

Современите луѓе во наводно напредната, а најверојатно – мрачната европска цивилизација малку се разликуваат од Гадаринците, кои Го избркаа Исус Христос, бидејќи обземени од страста за материјална добивка, на индивидуализмот и атеизмот, тешко можат да сфатат дека над господарот на темнината на овој век постои и се покажува вечната добивка за душата, нашето вечно спасение во Христос.

Остануваат неблагородни и покажуваат неблагодарност кон Бога, промовирајќи модел на живот полн со атеизам и одвојување на човекот од Бога, начин на живот и однесување кои се човекоцентрични и користољубиви, без ограничувања и морални рамки, без вредности, без правила и начела, без почит, без арома на живот, без убавина, каде сè се жртвува на олтарот на добивката и доминацијата на посилниот.

И покрај фактот што Европа се ползуваше од филозофските и моралните вредности на грчките филозофи, сепак, од Просветителството и понатаму, во обид да се компензираат екстремните и мрачни гледишта на периодот на Средниот век, таа тргна по патот на неограничената логичка критика и сомневање во традиционалните морални вредности, дури и во самиот Бог, Кого современите секуларни системи Го протераа и Го маргинализираа од животот на човекот, што резултираше со нарушување на односите меѓу луѓето, зголемување на деликвентноста и сметање на неморалното за морално, без надеж, без перспектива, без иднина, без смисла во животот.

Ова го видовме овие денови на настаните за време на отворањето на годинешните Олимписки игри во Париз, таканаречениот ’град на светлината’, со вулгарната и осудена од сите страни нова претстава на Тајната Вечера, како лоша имитација на делото на Леонардо да Винчи.

Со оваа нова претстава се провоцираат чувствата на сите христијани, се напаѓа и се исмева нашата вера и се уриваат идеалите на благородноста на олимписките игри, кои се апсолутна почит кон идеалите на верата на секој народ, единството и братството меѓу луѓето.“

Завршувајќи, Високопреосвештениот Митрополит нагласи:

„Иако живееме во оваа бура на неверие и оддалечување од Бога, Тој останува покрај нас и постојано нè поттикнува да се водиме кон спасението кое ни го нуди, обидувајќи се во нашиот живот да живееме според Неговите Божествени заповеди. Оваа стабилност на нашата вера ни е потребна многу повеќе денес за да излеземе победници од војната на секуларниот систем, со нашето битие свртено кон надежта и вистинскиот живот, кој е Христос.“

Извор: https://www.romfea.gr/ieres-mitropoleis/64548-i-poli-tou-fotos-xlevazei-ton-xristo-kai-apoxristianopoiei-tin-evropi

The post Градот на светлината Го исмева Христос и ја дехристијанизира Европа appeared first on Литургија.мк.

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/pravoslavni/gradot-na-svetlinata-go-ismeva-hristos-i-ja-dehristijanizira-evropa/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
9 months ago

Што мислеле Светителите за Светите Апостолите Петар и Павле?

 Што мислеле Светителите за Светите Апостолите Петар и Павле? Животот на двајцата потврдува: никогаш не треба да очајувате. Да, животот може да се започне одново ако овој живот е со ХристосПатот до Христос за Апостол Павле бил многу тежок. Откако веќе поверувал, веќе станал христијанин, со болка рек...

Image Description
10 months ago

Светиот Свештеномаченик Лукијан, прв просветител на Белгија

Протојереј Златко Ангелески Црквата го слави неговиот спомен на 3 Јуни (?-96; латински: Lucian) Светиот свештеномаченик Лукијан најпрво живеел во Рим, а додека бил јазичник се викал Лукиј. Од апостол Петар бил просветлен со светлината на Христовата вера и примил крштение. По смртта на апостоло...

Image Description
8 months ago

Пред крајот на светот, луѓето нема да имаат духовна смисла во нивните срца

 Пред крајот на светот, луѓето нема да имаат духовна смисла во нивните срцаПреподобен Клеопа ИлиеПред крајот на светот, луѓето нема да имаат духовна смисла во нивните срца.Веќе нема да бидат ревносни за црква, молитва, читање душевно-корисни книги, пост, вршење добри дела.Бидејќи нивното срце ќе бид...