Како да ја препознаеме Божјата волја…(Митрополит Наум)

Example Admin User · 4 years ago

    1 minutes, 52 seconds


ГНОМИ, т.е. МИСЛЕЊЕ

Синот Божји, при воплотувањето – од Светиот Дух и Дева Марија, во Себе ја земал целата човечка природа; земал тело, разумна и умна душа, како и нивните својства…

Сè земал освен гревот, поточно, подложноста на грев.

Во Богочовекот Христос нема гноми, т.е. мислење.

Божествената Ипостас не може да размислува, во смисла да се колеба и двоуми помеѓу доброто и злото; а Ипостаста на Синот е единствен слободен носител на волјата и на енергијата на Богочовекот, т.е. единствен субјект на одлучувањето.

Христовата Личност, т.е. Ипостас, никогаш не манифестирала дејствување на гномичката, т.е. паднатата волја, во неа нема никаква примеса на гревот.

Гноми постои и е поврзана со создадената ипостас, односно со човечката личност. Со овој термин се означува слободната падната волја на создадената ипостас – која, колебајќи се помеѓу доброто и злото, често се приклонува кон второто, го избира злото. Ипостаста, т.е. личноста на човекот, е таа што избира.

Според свети Максим Исповедник, соединувањето и соработката на двете волји, Божјата и човечката, ипостасно и совршено е остварено во воплотениот Син Божји – Исус Христос, затоа човековото слободно и свесно прифаќање на оваа соработка, во Црквата, е единствен услов за негово спасение и обожение.

Гледаме дека патот кон обожението на човекот подразбира содејство и восогласеност на двете волји и, се подразбира, енергии – човечката и Божјата, а пред сѐ, суштинско преосмислување на нашата падната гномичка волја во Божествената волја.

Како да ја препознаеме Божјата волја, прашање што го предизвикува секој христијанин низ вековите? Зависи на кој степен од духовниот развој или од душевното разболување се наоѓаш – некогаш не можеш сам, а некогаш можеш.

Ако си на некој од степените на душевното разболување: демоноопседнат, религиозен социопат или религиозен невротичар; и ако си на првиот степен од духовниот развој: очистување на срцето од страстите, тогаш нема што ти да препознаваш или толкуваш, затоа што не можеш.

Ти си должен да го прашаш својот духовен отец (во крајна инстанца тоа е Епископот на локалната Црква) и тој ќе ти каже. Нормално, ти, ако не си веќе многу опрелестен – ќе послушаш.

Ако си на вториот или третиот степен од духовниот развој, т.е. ако си достигнал просветлување на умот – со дарот на аскетската умно-срдечна молитва, или ако си достигнал обожение – со дарот на непрестајната, т.е. благодатната умно-срдечна молитва, тогаш ти имаш доволна просветленост на умот, односно имаш способност и самиот да ја препознаеш Божјата волја, како и сила да ја извршиш.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

Source: https://pokajanie.mk/2021/02/03/30606/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 weeks ago

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo И вo тoј дeн Пилат и Ирoд станаа пријатeли, oти пoранo бeа скарани пoмeѓу сeбe (Лк. 23:12).                И вo срамoт и вo пoнижувањeтo свoe правeдникoт им прави дoбрo на свoитe нeпријатeли. Тoј ги пoмирува. Навистина, вo oвoј случај, нивнoтo...

Image Description
4 years ago

Луѓето се подготвени да променат сѐ, освен себе (19.09.2020)

Луѓето се подготвени да променат сѐ, освен себе (19.09.2020 15:36)Луѓето имаат проблеми. Просто, нема човек без проблеми.            Некои проблеми се акутни, актуелни. Некои проблеми се хронични, траат повеќе време. Некои се решаваат, некои изг...

Image Description
3 years ago

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

  Нo кoга имамe храна и oблeклo сo тoа да бидeмe задoвoлни (1. Тим.6:8).           Бoжјитe апoстoли ги учeлe другитe за oна сo штo тиe самитe гo испoлнувалe свoјoт живoт. Кoга ималe храна и oблeклo, тиe билe задoвoлни. Дури и кoга сe случувалo да нeмаат ни храна ни oблeклo, тиe билe задoвoлни...