КАКВИ ПТИЦИ СМЕ – ТАКОВ НИ Е КАФЕЗОТ!

Example Admin User · 3 years ago

    5 minutes, 46 seconds


Старец Гаврил   ГОСПОД ДОАЃА

„Господ доаѓа! Целата вселена трепери пред Него. Наближува крајот на овој материјален свет.

Луѓето мислат дека тоа се приказни за мали деца и дека овој свет ќе трае вечно. Но, наскоро на ова ќе му дојде крајот!

И вие ќе бидете сведоци на тоа!“

За животот и смртта на старецот Гаврил, неговите поуки и чуда, зборува Зураб Георгијевич Варази, лекар-хирург, претседател на Одделението за социјални прашања на Грузиската патријаршија, којшто бил и личен лекар на старецот Гаврил.

СМРТ – ТОА Е САМО МИГ

Врз себе ја имам искусено прозорливоста на отец Гаврило.

Едно утро добив некое задушување и болки во пределот на срцето. Кога болката помина, кинисав кај старецот. Ме погледна и рече:

„Сите вие се плашите од смртта! Смрт – тоа е ништо, тоа е само миг, премин во вечниот живот. Човек не успева ниту очите да ги затвори, а веќе му се отвораат духовните очи и го гледа своето тело и помислува – зошто и би бил во телото, толку е добро без него!“

Му одговорив:

„Видов толку смрт во својот живот, што воопшто немам страв од тоа.“

Се насмеа и ми рече:

„А знаеш ли дека со едната нога веќе си таму?“ Затреперив: „Вие нешто имате забележано?“

Ете гледаш“, се насмевна старецот, „ти се исплаши!

Човекот што ќе стори добро, со тоа е за еден чекор поблиску до Господа, а оној што чини зло, оди чекор наназад. Целиот живот ние се качуваме и се спуштаме. Живејте на начин кој секогаш би ве приближувал кон Бога“.

ГОСПОД ДОАЃА

Секогаш сум мислел дека отец Гаврило има некое духовно образование, беше толку мудар. Но, тој немаше завршено ниту пет одделенија – како можеше толку да знае!?

Еднаш лежеше и разговараше со нас и ние бевме многу среќни затоа што разговараме со него. Наеднаш замолкна, стана и ги крена рацете кон иконата на Спасителот и лицето му се промени. Ми се чинеше дека не е присутен.

Ја прашав матушка (мајка) што се случува со него, а таа ми рече да молчам. Старецот така стоеше некои петнаесетина минути, гледаше во иконата, а потоа се прекрсти и рече:

„Господ доаѓа! Целата вселена трепери пред Него. Наближува крајот на овој материјален свет. Луѓето мислат дека тоа се приказни за мали деца и дека овој свет ќе трае вечно.

Не, наскоро на ова ќе му дојде крајот. И вие ќе бидете сведоци на тоа“!

Се прашувавме што беше видел старецот, а тој продолжи: „Најважно е да се исполнуваат Божјите заповеди.

Љубете се едни со други, љубете ги ближните! А јас вашата љубов ќе му ја принесам на Бога“.

ЧУДО

Неколку дена пред смртта на старецот Гаврило, решив да земам крв за анализа. Кога му го реков тоа, ме праша за што ми треба тоа. Му објаснив дека треба да го проверам хемоглобинот и да направам уште некои анализи.

Тој одговори: „Не, тоа не е потребно. Мене не ме интересира тој ваш хемоглобин!“

Го фатив за рака и реков дека Бог ќе ме казни доколку му се случи нешто. Барав тоа да го сторам.

„Ако Бог ќе те казни заради тоа, еве, земи колку сакаш!“, рече старецот. Земав крв и не ни насетував дека ќе се случи чудо.

Обично за наод земаме околу 10 мл крв.

Мојот колега зема примерок и го однесе во Тбилиси. Меѓутоа, шишенцето му паднало и крвта се истурила , а внатре останале околу 2 мл крв.

Во лабораторијата ме уверија дека тоа е доволно и ја зедоа крвта на анализа.

Следниот ден отецот имаше проблеми со килата и јас се обидов тоа да го средам, но таа пак се поврати. Го убедувавме да се оперира.

Одби велејќи:

„Со дванаесет години тргнав по Твојот пат, Господе, изморен сум! Земи ја мојата грешна душа, не можам повеќе!“

Реков дека сè што е потребно ќе донесам во ќелијата и дека тука ќе го оперирам. Тој се заблагодари и рече дека не сака. Си отидов со мрачни мисли: евтаназијата е грев, но, но кога нема да помогнеш на човек и тоа исто така е „евтаназија“.

На враќање дојдов кај патријархот Илија. За сè подробно ме испита и ме благослови да не правиме ништо, според желбата на старецот, зашто ако се случи да не преживее, тоа нема да биде моја вина, туку Божја волја, а и самиот старец рекол дека е изморен.

Наскоро ми јавија дека старецот Гаврило е во тешка состојба. Кога стигнав, старецот лежеше и ја посматраше иконата на свети Николај Чудотворец, не симнувајќи го погледот од неа. Го прашав дали нешто го вознемирило.

Ништо не ми одговори.

Вечерта дојде владиката Данило и прочита молитва за исход на душата. Кога ја заврши молитвата, отец Гаврило се насмевна, телото му затрепери и срцето престана да чука. Замина.

Неколку години подоцна, ме викна еден колега и рече дека нешто средувале во лабораторијата и дека го нашол шишенцето во кое била крвта на старецот Гаврило, земена четири години порано.

Ми рече: „Знаеш, таа крв… таа крв е како свежа!“

Сакав тоа да го видам. Навистина, крвта изгледаше свежа, не се згрутчила, инкрустирала, не се разложила. Земав една капка во шприц, направив размаска и ја однесов во лабораторија. Анализата покажа дека сè е нормално!

Кога им рековме дека крвта стои во шишенцето четири години, не ни поверуваа. Ни самите не знаевме на што сме наишле. Го однесовме примерокот на началничката на катедрата за патологија.

Таа го виде и рече дека никогаш во животот такво нешто не видела. Предложи да го дадеме анонимно примерокот на Институтот за трансфузија на крв, да видиме што ќе кажат тие. И од таму стигна ист одговор – сè е нормално, само незначително смалена големината на крвните зрнца.

Отидов кај патријархот и му реков што се случило со крвта на старецот Гаврило. Патријархот не сакаше да брза. Рече уште малку да се почека со наодите.

„Бог ќе знае што е тоа. Немојте да ја фрлите таа крв, ставете ја во земјата каде што е погребан и упокоениот“.

Така и сторивме. Го закопавме шишенцето во гробот на старецот Гаврило. Таму веќе се случувале чуда и луѓе доаѓале од сите краеви на Грузија, однесувајќи со себе осветено масло и земја од гробот на старецот.

ГОСПОД НИКОГАШ НЕМА ДА ВЕ ОСТАВИ

Отец Гаврило ни има раскажувано како станал познат во Грузија, кога во 1965 година, за време на прогонот од страна на комунистите, го запалил Лениновиот портрет. Го запалил, изговарајќи:

„Господе Исусе Христе, доаѓам кај Тебе!“

„Ме одведоа во полиција, ми ги одзедоа иконите. Сакав да се помолам и гледам метла во аголот. Го скршив стапот од метлата, направив крст, го ставив во аголот и почнав да се молам.

Кога чуварот го виде тоа, влезе и ми го однесе крстот. Се налутив, ги раширив рацете и реков – Јас сум крст!

Ми рече дека сум луд.

Ме пратија во психијатриска болница. Дојдоа да ме истрижат и избричат. Им реков дека сум монах.

„Ти си народен непријател“, ми рекоа и еден од нив појде кон мене.

Во тој момент се помолив:

„Мајчице Богородице, како е твојата волја, така нека биде!“

Одеднаш на човекот му се вкочани раката. Другиот ја зема машинката и рече дека тој ќе ме истриже. Се наведна кон мене и се вкочани во таа положба. Така јас сепак останав неизбричен и неистрижен!“

Интересно е дека на картонот на старецот бил впишан бројот 666 (го видов со свои очи!).

Наскоро го пуштиле, како што и самиот предвидел, велејќи

:„ За седум дена и седум саати, ќе дојдат архангелите Михаил и Гаврил и ќе ме ослободат“. Баќушка потоа често говорел:

„Господ никогаш нема да ве остави! Може да ве гонат, но Бог секогаш ќе биде со вас!“

КАКВИ ПТИЦИ СМЕ – ТАКОВ НИ Е КАФЕЗОТ

Еднаш го прашав о. Гаврило:

„Оче, ете, Вие се молите за оние на власт. Но, ако јас не го сакам претседателот, мојата молитва ќе биде неискрена?“

Се насмевна:

„Кој во твојата куќа е најмал и најсакан?“ Реков дека тоа е мојот син, Николај.

„Се молиш ли за него?“, праша.

Реков дека се молам.

Ме праша дали се молам и за родителите, за соседите, за сите добри луѓе. Одговорив потврдно.

„Како не ти е срам! За сите се молиш, а не сакаш за претседателот!

Секогаш ќе биде искрена твојата молитва, ако таа гласи:

Боже, исполни го неговото срце со добрина, а умот со мудрост!

Моли се со таа молитва и ќе имате добар претседател.

Сите вие сакате застапничка да ви биде светата царица Тамара, а заштитник свети Николај.

Нема да може – какви птици сме – таков ни е и кафезот. Искрено молете му се на Бога и тој ќе ви го даде само најдоброто!“

Таков беше нашиот свет старец.

Извор: „Православље живот вечни“

Превод:   Мина Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2020/11/18/7337/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

Масло од кандилото на Свети Гаврил Грузијски

Масло од кандилото на  Свети Гаврил Грузијски Моето дете имаше многу тешко оштетување на окото.  Видот нагло му падна на минус пет и овој процес не запре.  По уште еден преглед, беше одлучено да се изврши сложена микрохируршка операција, што ќе биде четврта операција по ред за моето дете.  Сите бевм...

Image Description
1 month ago

„Подготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое...“ (Пс. 56:7)

 „Подготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое...“ (Пс. 56:7).Браќа мои, блажен е оној што може да му ги каже овие зборови на својот Господ! Блажен е оној чие срце е целосно подготвено да ја следи волјата Божја!Што значи подготвеноста на човечкото срце? Да ја следи Божјата волја со радост и д...

Image Description
2 years ago

Стани туѓ на улоги и маски

о. Хараламбос Пападопулос Добро, вчера цел ден имаше главоболки, мора ли да зборуваш цел ден за тоа? Утрото те заболе стомакот, и до утре ли ќе зборуваш за тоа? Имаше еден неуспех, до кога ќе се жалиш? Преку целиот твој живот ќе зборуваш за твоите непријатни детски години? За тоа, колку...