КОГА ГИ НАХРАНУВАМЕ ГЛАДНИТЕ, ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ГО ‘ХРАНИМЕ“…- Преподобен Симеон, Нов Богослов

Example Admin User · 4 years ago

    2 minutes, 58 seconds


КОГА ГИ НАХРАНУВАМЕ ГЛАДНИТЕ, ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ГО ‘ХРАНИМЕ“…- Преподобен Симеон, Нов Богослов

Не нѐ спасува тоа што еднаш на некого ќе му направиме милост, макар што, ако некогаш некого презреме – сме виновни и достојни за вечниот пламен.

Спасителот говори во Светото евангелие:
„Гладен бев… жеден бев“ (Матеј 25, 35).

Овие зборови не се однесуваат за еден случај и само за еден ден, туку се однесуваат на целиот живот. Исто така, и неговите зборови:

„Ми дадовте да јадам… Ме напоивте“ (Матеј 25, 35), како и за другите услуги што сме им ги направиле на своите ближни, покажува каков бил нашиот постојан однос спрема нашите ближни – спрема сите.

Зашто, Господ благоволил да се вподоби со секого од сиромасите, за никој од оние што веруваат во Него да не се погордеат над својот брат, туку, гледајќи го во секого од нив својот Бог, – да се смета помал и поништожен од него и да знае дека тоа го прави за својот Создател, да биде готов за Него да го даде и целиот свој имот, така како што Господ Исус Христос се предал Себеси и ја пролеал Својата крв за нашето спасение.

Кому што му е заповедано да го сака својот ближен како што се сака себеси, тој, се разбира, не треба така да го сака само еден ден, туку така треба да го сака во целиот свој живот.

Исто така, и оној што сака другите да му прават добро секогаш, и тој е должен да им го прави тоа на другите.

Оној што го сака својот ближен како себеси, тој не може да си дозволи да има повеќе од него, и оној што има, ако не го раздаде сето она што го има, не раздава сѐ додека има, така што и тој самиот да стане сиромав и не стане сличен со своите сиромашни браќа, тој нема да биде вистински извршител на Господовата заповед.

Исто така, оној што има кај себе и најмала пара и макар еден залак леб, ако го испрати својот сиромашен брат, кој му бара милост, без ништо, и тој не ја извршува Господовата заповед, а сака во слични околности – другите да бидат милостиви спрема него.

На тој начин, и оној што секој сиромав го хранел, го облекувал и правел за него сѐ што било потребно, а презрел само еден, само за еден не се погрижил, – и тој ќе биде вброен кон оние кои Го презреле Господа Исуса Христа и Бога – кога бил гладен и жеден.

Како некои Го заклучуваат Христа само во еден сиромав, кога е Он неразделно разделен и целиот е во секој сиромав?

Сега да претпоставиме во нашиот ум, дека сто сиромаси се како еден Христос, зашто Христос потполно неразделно се наоѓа во секого од нив.

И затоа, кога некој на деведесет и девет сиромаси им дал по една монета, а само на еден не му дал, туку го изгонил без ништо, што мислиш: кому му го направил тоа?
Се разбира, тоа Му го направил на Самиот Христа, Кој рекол, вели и секогаш ќе говори:

„Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25, 40).

Од овие Христови зборови се гледа дека Господ го присвојува за Себе она што сме го направиле за сиромасите – за нашите сиромашни браќа.

Зборовите негови: „И Мене не сте Ми го направиле“ (Матеј 45, 45), не се ограничуваат само со оние, со кои сме биле немилостиви, ни со оние што сме ги онеправдале, или оние со чија сопственост сме се користеле и на кои сме им направиле секакви други зла; овде се и оние што сме ги презреле.

А самото тоа е доволно за да бидеме осудени, зашто, презирајќи ги нив, ние Го презираме Самиот Исус Христос.

Можеби ова на сите им се чини тешко, па затоа мислат дека се прави кога си говорат на себеси вака:

„Кој може точно да го исполни сето тоа: сите да ги нахрани и задоволи и ниеден да не остане незадоволен и ненахранет?“

Но, да го слушнеме што говори за ова светиот апостол Павле, кој ги изговорил јасно следниве зборови: „Љубовта Христова нѐ гони да размислуваме за ова“ (2. Кор. 5, 14).

Како што главните заповеди ги содржат во себе сите одделни заповеди, така и главните добродетели ги содржат во себе сите одделни добродетели.

На пример, оној што продал сѐ што имал и парите им ги разделил на сиромаси, станувајќи самиот сиромав, тој одеднаш со тоа ги исполнил сите заповеди, кои се однесуваат на ова.

Тогаш тој веќе ќе нема обврска да им дава на сиромасите и нема да има можност да се оттргнува од оној што би барал од него.

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/21/30499/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Прослава на свети Лука и на свети Петар Цетињски

Со Света Архијерејска Литургија и благословување на славскиот колач, на 31 октомври годинава, во Цетиње, Црна Гора, беше прославен празникот на светиот Апостол и евангелист Лука и на светиот Петар Цетињски, чии мошти се чуваат во Цетињскиот Манастир. Воедно, овој ден е и слава на Богословијата „...

Image Description
2 years ago

Вниманието е знак на вистинското покајание (Никифор Отшелник)

До самиот Никифор Прашања: Од наведените сведоштва дознаваме како дејствувале отците, кои My угодиле на Бога и дека има едно дејствување што брзо ја ослободува душата од страстите и преку љубовта ја поврзува co Бога, што му е потребно на секого што се бори за Христа, во што ние воопшто не се сомнев...

Image Description
2 months ago

Бог секојдневно ни зборува.

 Бог секојдневно ни зборува. Бог секојдневно ни зборува. Постојано ги испраќа своите пораки. Како? На многу, различни, а понекогаш и на парадоксални начини. Понекогаш во умот, како мисла. Друг пат низ нашето тело. Болеста, тешкотијата е порака за промена. Но, тоа може да биде и преку една личност, е...