Кога Господ ќе ја посети душата...
Кој бил искушуван ќе може да им помогне на искушаните.
Минатото како „настан“ не се брише од животот. Можеме да го прикриеме со покајание, да го направиме немоќен пред вечноста, но како историски факт тој останува дефинитивно непроменет.
Јас, се разбира, не сум првиот кој се срами од своето минато, поради некоја ненавремена работа што ја кажав или напишав. Но и во ова веќе наоѓам одредено задоволство, што и во годините што следеа ми беше дадена можност да размислувам за грешките што ги направив порано.
И сега повторувам дека не проповедаме ништо друго освен Крстот. А ако поканиме некого да се дружи со нас, го покануваме само на Крстот и тоа го сметаме за најголема и неспоредлива слава.
Кога Господ ќе ја посети душата, тогаш Крстот станува лесен, а понекогаш дури и неискажливо сладок. Но, кога сака да ја остави на труд и болест, тогаш треба да се радуваме со надеж дека ќе добие уште поголема слава.
Свети Софрониј Сахаров
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2025/01/blog-post_38.html