Крф – островот на свети Спиридон Чудотворец

Example User · 1 month ago

    2 minutes, 44 seconds


 

 трет напис од серијата посветена на светиите од грчките острови

Крф е најсеверниот остров во Јонскиот Архипелаг, втор по големина, а во православниот свет е познат како островот каде што почиваат нетлените мошти на св. Спиридон Чудотворец и св. царица Теодора, поради што голем број на верници го сметаат овој остров за неизбежна дестинација. Не помалку посетен е и манастирот на Пресвета Богородица – Палеокастрица.
Свети Спиридон Чудотворец

Светиот Спиридон е потекнува од едно мошне сиромашно, но многудетно семејство на Кипар. Се оженил во раната младост и него самиот Бог го благословил со многу деца. По упокојувањето на неговата жена, се предал на служба на Бога. Заради свoeтo oсoбeнo благoчeстиe бил избран за eпискoп вo градoт Тримифунт. Нo тoј и какo eпискoп нe гo прoмeнил прoстиoт начин на живeeњe, трудeјќи сe личнo сам oкoлу свoјата стoка и oбрабoтувајќи ја зeмјата. Сo Бoжја сила пoкажал мнoгу чуда: измoлил дoжд вo сушнo врeмe, гo запрeл тeчeниeтo на рeката, вoскрeснал нeкoлку мртoвци, гo исцeлил царoт Кoнстанс oд тeшката бoлeст, ги видeл и ги слушнал ангeлитe Бoжји, прoзирал вo иднитe случувања и вo тајнитe на чoвeчкoтo срцe, oбратил мнoгу кoн вистинската вeра итн.

Учeствувал на Првиот всeлeнски сoбoр вo Никeја и сo свoeтo прoстo, нo јаснo испoвeдувањe на вeрата, какo и сo мoќнитe чуда, пoвратил мнoгу eрeтици вo правoславиeтo.

Неговите свети и пречесни мошти се чувале на Кипар до наездата на арапите во седмиот век, кога биле префрлени во Константинопол, од каде што по втор пат, пред падот на Градот, биле префрлувани низ балканските земји, за на крај, околу 1460 година да бидат пренесени на Крф од страна на монахот Калохеретис. Жителите на овој остров го сметаат св. Спиридон за свој небесен покровител и застапник пред Бога, поради многуте чуда кои овој велик отец ги извршил за нив.

Литија со неговите мошти се одржува четири пати во годината, и на секоја од нив се спомнува за некој особен настан во кој верниот народ се уверил во застапништвото на светителит: на Цветници, кога според преданието, светителот го заштитил локалното население од чума, на Велика Сабота, кога по неговите молитви жителите биле избавени од глад, на 11 август, кога се случило чудото со избавување на островот од османлиската опсада во 1716 година, и првата недела од ноември, кога повторно, светителот го избавил островот од чумата што му се заканувала.

 

 Црквата што го носи неговото име се наоѓа во центарот на градот Керкира, и во неа секојдневно притекнуваат реки од верници од сите страни на светот, кои доаѓаат да се поклонат и да ги целиваат моштите, или да се заблагодарат за избавувањето од зла кои, според нивната вера, се случила по молитвите на овој светител.
Света царица Теодора

Покрај св. Спиридон, на островот Крф се чуваат и нетлените мошти на св. царица Теодора, жената на иконоборниот цар Теофил. Како што знаеме од црковната историја, токму оваа царица го свикала соборот на кој била осудена иконоборечката ерес, и се востановило празнувањето на Неделата на православието во првата недела од Постот.

Нејзините мошти се наоѓаат во црквата посветена на Пресвета Богородица – Спилиотиса и св. Власиј. Секоја година, во Неделата на православието низ улиците на Керкира се одржува литија со моштите на светата царица, по што се чита Синодиконот на Православието.
Манастир Палеокастрица

На дваесетина километри надвор од градот Крф, на западната страна на островот, се наоѓа манастирот на Богородица Палеокастрица (врска до веб презентацијата на манастирот – http://www.panagiapaleokastritsa.com/ ), во кој моментално се подвизува осумчлено монашко братство, под раководство на Неговото Преосвештенство, Епископот Ефтимиј. Манастирска слава на овој манастир е празникот на Богородица – Животоносен источник.

 http://agapi.mk/krf-ostrovot-na-sveti-spiridon-cudotvorec/

 

Извор: Агапи

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/manastiri-i-crkvi/14837-krf-ostrovot-na-sveti-spiridon-chudotvorec

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Децата и виртуелниот свет

  Публикуваниот текст е одговор на прашање упатено кон отец Николај Лудовикос, односно проблемот со којшто се среќаваат родителите и наставниците, со постојаното седење на децата пред компјутер.Мислам дека е важно тоа што ќе поставиме на местото од она што ќе го одземеме. Една љубов секогаш се...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): протојереј Александар Шмеман

  1. Православната Црква од Исток сe донеодамна на Запад беше сметана за немисионерска Црква. Обично преовладуваше мислењето дека тоа големо мисионерско движење, кое толку длабоко го обележи христијанскиот Запад во последните неколку векови, некако го заобиколило “статичното” Христијанство од...

Image Description
10 months ago

Обрезание на Господ Исус Христос

Обрезание на Господ Исус Христос14 јануари/1 јануари (по стар стил)                   Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што и  б...