ЉУБОВ КОН НЕПРИЈАТЕЛИТЕ- како? (Св. Игнатиј Брјанчанинов)

Example Admin User · 2 years ago

    2 minutes, 7 seconds


• Срцето кое е заразено co злоба и е неспособно за љубов кон непријателите, заповедана во Евангелието, треба да се лекува co оние средства на кои укажал Господ:

треба да се моли за непријателите, и никако да не се осудуваат и да не се озборуваат,

туку да се зборува добро за нив, a пo можност и да им се прави добро.

Тие дела ја гаснат омразата кога ќе се запали во срцето, ja држат постојано скротена и значително ја ослабнуваат.

Но, целосно искоренување на злобата се извршува co Божествената благодат.

• Co вера светителите стекнале љубов кон непријателите;

окото на умот, просветено co вера, постојано гледа во Бог и во Неговата Промисла, припишувајќи им ја на таа Божествена Промисла, сите надворешни настани.

Душата прима искушенија како лек за своите болести и My благодари на Лекарот – Бог.

Кога искушенијата така се набљудуваат, тогаш луѓето и другите орудија на искушение, остануваат настрана, како средства.

Против нив нема ниту злоба, ниту непријателство!

Душата која Го прославува Создателот и My благодари на Небесниот Лекар, опиена co неописливи чувства, почнува да ги благословува орудијата на своето излекување.

• Немој да го замразиш ниту оној кој те клевети, ниту оној кој те краде, ниту убиецот: тие те распнуваат од десната страна на Бог, според несфатливата Божја Промисла, за ти, од срце и убедено во молитвата кон Господа да можеш да кажеш:

„Она што сум го заслужил по дела го примам, сети се на мене Господи, во Царството Твое”.

Неволјите кои се пуштаат на тебе треба да ги сфатиш како своја неискажлива среќа и доказ на Богоизбраност, па co најтопли молитви да се помолиш за своите доброчинители, за оние преку кои ја добиваш таа среќа и co чии раце си оттргнат од светот и умртвен за него, co чии раце се вознесуваш кон Бог.

Почувствувај милост кон нив, слична на милоста Koja ja чувствува Бог кон несреќниот човек кој се дави во гревови, Кој Својот Син го предаде како искупителна Жртва за созданијата, непријателски расположени кон
Создателот, знаејќи дека повеќето од тие созданија ќе ѝ се потсмеваат на оваа Жртва.

Таквата милост, која се простира до љубов кон непријателите и се излева co молитви co солзи за нив, доведува до искуствено познание на Вистината.

• Свети Макарие Велики вели:

„Благодатта дејствува така, и ги умртвува сите сили и срцето, така што душата од голема радост станува слична на незлобно дете, и човекот веќе не осудува ниту Елин, ниту Јудеец, ниту грешник, ниту мирјанин, туку во себе co чисто око гледа на сѐ и му се радува на целиот свет, co сета сила сака да ги почитува и да ги љуби и Елините и Јудејците”.

„Чистотата на срцето – рекол Исак Сирин – Го гледа Бог;

таа блеска и цвета во душата не од човечкото учење, туку затоа што не ја гледа злобата човечка”.

Човекот ниту злобата на своите ближни нема да ја гледа тогаш, кога целиот негов однос кон ближниот ќе биде проникнат co милост кон него.

Пренесено од книгата “Енциклопедија да православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов
Подготви М. Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2022/08/07/34916/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

Житие: Свети Јован Богослов, апостол и евангелист

Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воск...

Image Description
11 months ago

Го чекаме ли Христос?

Свештеник Јани Мулев Никогаш нема да се откажам Додека учевме во Богословија, особено во првите класови, кога си почетник а мислиш дека имаш најголема вера, во тие детски дискусии, еден ученик, кој не беше воопшто сериозен во верата, почна сите нас да нѐ убедува, дека кога ќе дојде антихристот, тој...

Image Description
2 years ago

Што значи – „немојте да се грижите за душата – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете.

Понатаму Господ вели: “Затоа ви велам: немојте да се грижите за душата – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото – од облеклото?” Затоа ви велам. Зошто? Затоа што богатството е многу опасно за душата. Затоа што службата...