МАСКИТЕ во семејството

Example User · 11 months ago

    3 minutes, 51 seconds


TVIT162

Маските во семејството

Темата за семејството е огромна, бидејќи таму постои заедница помеѓу личности. Многупати ги слушаме советите на Црквата за семејството, ги цитираме текстовите на отците кои многу вредат, но треба да внимаваме на нешто подлабоко кое го прави Црквата, а тоа е истакнувањето на личноста. Проблемот денес во една врска е што личностите во врската не се откриваат меѓусебно. Мојата душа не е чиста и претпочитам да ја чувам закопана под разни нешта за да не се открие нејзината вистинска состојба и болест. Не го откривам лицето пред другиот, бидејќи тоа ќе претставува една  страшна маска за него. Но, Црквата доаѓа и ја очистува душата на човекот, му ги дава сите предуслови за очистување, за да стане душата - личност. А кога ќе се очисти душата на човекот, автоматски почнува да се очистува и неговиот однос кон другиот.

TVIT163
            Многу е тешко да се очисти душата. Потребно е длабоко смирение и  автентично покајание, за да се очисти душата. Оттука, бидејќи не се втурнуваме во таква борба, не посакуваме да скокнеме во таа бездна на сопственото срце, тогаш се принудуваме да ставиме маски. И маската ја покрива целата наша моментална состојба.
И стигнуваме сега до семејството, каде секој носи една маска, не покажувајќи го вистинското лице и на крајот имаме една толку силна врска помеѓу непознати личности.
         Голем впечаток ми остави преписката помеѓу отците на црквата, и во неа се согледува следново. Св. Василиј Велики се допишувал со свети Григориј Богослов. Две сосема различни личности. Денес гледаме сопружниците доаѓаат и велат: ние сме различни луѓе. Ама да бевте исти немаше да бидете луѓе, личности, чудото е во различноста. Бог, Кој го создал човекот, не е фабрика која произведува конзерви. Божјата љубов се гледа во различноста на луѓето. И велат: не си одговараме. Но, разликата не ја исклучува љубовта, која станува врска и единство. Помеѓу свети Василиј Велики и свети Григориј Богослов, кои биле различни по карактер и често имале несогласувања на нивниот животен пат, развиле силно пријателство и суштинска врска, вистинско заедништво. Разногласието во љубовта е здраво. Во едно писмо се споменува рецептот за вистинско пријателство. Тие го признаваат тоа и го откриваат во нивната преписка - од првиот момент кога се сретнале едниот на другиот му го открил своето вистинско лице. Затоа денес гледаме како двајца се венчаат и после 15-20 години стигнуваат да кажат за другиот: не го познавам. Зошто не го познаваш? Зашто тоа, кое ти го виде и тоа, кое го покажа,тоа, кое тој ти го покажа и ти му го покажа, беше маска што во одреден момент падна. И овие двајца големи отци велат: го покажавме нашето вистинско лице и го вложивме Христос во нашата врска.
                Овие два моменти кои направија двајца различни луѓе со различни темпераменти - дозволете ми да кажам - со две различни брзини на размислување, да  се спојат.
           Нашиот проблем денес е проблемот на личноста. Имаме маски и една поетеса вели, дека ставањето секојдневно толку многу маски, тоа што го живееме не е живот туку карневал и не само тоа, преку ставањето и вадењето маски во одредени моменти го губиме вистинското лице.
            Денес го загубивме образот, тоа е голема загуба. Големата криза е што лицата се изгубени, а маските се наметнати. И маските паѓаат една по друга и велиме: човекот се смени, не е тој што го знаев. Многу е тешко човек да се промени ако не се смири и не се покае, ако не сака и не простува, нема да се промени. Личноста не се менува. Се надевав дека ќе се промени, но она што падна беше маската. Тоа се случи. Во бракот и во нашите врски и зад лажните маски, нашата болна себичност е толку засилена што сакам да извикам дека „постојам“. Сепак, најубавата состојба е „Јас не постојам“. “Да постојам” (Υπάρχω – हु अर्भू) значи да сум под нечија власт и авторитет. Што се случува од тука? Не сум слободен, не сум вистинит, затоа што да бев вистинит, вистината ќе ме ослободеше. И сега велам - постојам и сакам да го видам ова во животот на мојата сопруга, децата, додека отсуствува најубавата состојба, состојбата на радоста, среќата, мирот.
               Една старица вели дека сака да достигне до -  не постојам. И се обидов да го најдам патот и тој е: сакам, сакам, сакам и ја достигнувам слободата да не постојам. И оваа слобода ме натера да почувствувам, кога ми заврши денот, дека ништо не ми недостига, ништо не сакам, значи сум  слободен.

TVIT164


             Тоа е маката со љубовта, не можеме да ја дефинираме. И Св Ап. Павле ги опишува карактеристиките на љубовта - не можете да кажете што е љубов. Она што се определува се ограничува, но она што можеме да го покажеме е Христос. Кој Христос? Распнатиот Христос. Затоа Крстот е љубов. Не се искачуваме лесно на Крстот. Христос вели: кога Јас ќе се издигнам - автоматски ни открива дека љубовта е издигнување, воскресение, Јас ќе ги привлечам сите кон Мене. Што значи дека кога човек се распнува, се жртвува, се смирува и сака, тоа е најдобриот магнет за привлекување на душата на другиот. И што правам јас денес во семејството како татко? Не се  распнувам и затоа не можам да ја привлечам со мојата љубов душата на моето дете, на мојата сопруга, но ја одбивам. Зашто јас сум “во постојам”, а не “во љубам”, но така ги губам другите, откако самиот се губам себеси...


Автор: о. Спиридон Василакос / sveticarboris.net
За Преминпортал Симеон Стефковски

 

Февруари 2023 лето Господово

 

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/25698-maskite-vo-semejstvoto

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Зошто се јавуваат психичките болести?- Какви духовни проблеми можат да бидат причина за тоа?

  Зошто се јавуваат психичките болести? Какви духовни проблеми можат да бидат причина за тоа? Почитуван,најкраток можен одговор за појавувањето за психичките болести е неправилното водење на духовниот живот.Секако кога ќе ја отвориме оваа материја ќе најдеме мноштво гранки кои ќе го дефинираа...

Image Description
4 years ago

За значењето на празникот Покров на Пресвета Богородица

 „Нема православно богослужение во кое Света Дева не се слави и велича како Приснодева и Богородица. Безбројни се Стихирите, песните за Неа, Молитвите упатени кон Неа… Секој збор на Црковната свест за Неа е молитва кон Неа, славословие за Неа… Господ Христос и Неговата чудесна Богомајка за моли...

Image Description
6 months ago

Времето е поле за испитување на човекот...

„Времето е поле за испитување на човекот, а вечноста есвојство на Самото Божество, затоа за христијанинот вечноста се открива во времето, преку учеството на душата во предвечната благодат. Сликовито кажано, вечноста е како здив на Божественото што душата може да го почувствува за време н...