Митрополит Николај Месогејски: Како да влеземе во Божјата логика – II дел

Example Super-Admin User · 1 year ago

    2 minutes, 38 seconds


На едно друго место, Апостолот Павле вели: „Нашето жителство е на небото“. На што се однесува зборот „жителство“ овде? Ќе си дозволам една преведувачка грешка, ве молам простете ми, желба ми е да го поведам разговорот во посакуваниот правец. Во суштина, нашето срце е упатено да ја прими пораката на небесен начин. „Нашето жителство“, т.е. љубовта што го обликува нашиот ум, „е на небото“ – тоа е она што апостолот сака да ни го каже. Ќе ги соберам сега сите овие информации, за да ви помогнам да сфатите. Сакам да тргнеме на едно патување, за да ја откриеме духовната логика, преку која ќе можеме да го разбереме светот, да пристапиме до вистината, да застанеме пред тајната, некако да се обидеме да ја допреме вистината Божја. Колку прекрасно нешто, и верувајте, вреди.

Кога некој е внатре во црквата, кога ја отвора нејзината врата однадвор или, пак, кога ќе ја види подотворена и влегува, тој влегува во едно извонредно место, место каде пребива Бог. Ова место треба да се сфати, не како религија, не само како морал, туку како место кое го олеснува нашиот дух, го озарува и го отвара нашето срце за Божјиот свет. Верувајте, вреди. Треба да го следиме овој пат, оти не сум сигурен дека постои друг.

Aleksandar.N.sv.Haralampij
Манастир Благовештение на Пресвета Богородица – Пречиста, Кичево, Ноември 2020, Ристе Стамаџиев

Вреди да се потрудиме да откриеме што е „умот“ Христов. Се вели: Да стекнеме ум Христов. Што значи ова? Како да ги разбереме овие нешта? Во врска со ова ќе почнам со еден многу убав пасус коj се чита на вечерната богослужба на Велики Петок. Во црквите за време на чинот Симнувањето од Крстот, тоа е во првата глава на посланието до Коринтјаните, нешто понатаму Апостол Павле вели: „Бидејќи пораката на Крстот“ што всушност значи „распнатиот Бог“, е лудост за оние кои се на патот на пропаста. Тој вели дека овој „распнат Бог“ е безумство, несфатлив, неприфатлив за нашата логика. Што е Он во краен случај? За Евреите е камен за сопнување, а за Елините – безумство. За Евреите кои очекуваа моќен Бог што ќе дојде и ќе го промени целиот свет… тоа беше соблазна, едноставно, Господ не може да биде таков. За Елините кои филозофираа, тоа беше безумство, нема потреба ни да се замараш со тоа. Но ве молам, обратете внимание на она што следи. Тој вели: „За нас“  – оние што сме верни, спасени, што сме влегле во оваа логика, во оваа прегратка, овој правец, во овој пат на спасението и сме избавени – е „сила Божја и мудрост Божја“.

Не соблазна, туку сила… не безумство, туку мудрост. Мудрост?! Толку голем збор. Крстот да е „мудрост“? Ова не може да се објасни на логичен начин. Сметам дека никој не може логички да го објасни Божјиот домострој: „Како и зошто Бог стана човек?“. Зошто не одбра друг начин? И на крај на краиштата, „што постигна“? Он страдаше, беше распнат, воскресна од мртвите, се вознесе, се случи Педесетницата, и по што нашата состојба се разликува од онаа на луѓето во Стариот Завет, првиот Божествен домострој? Вакви прашања се појавуваат… не можеш да ги одговориш. А зошто не можеш да ги одговориш? Дали затоа што тие не ја претставуваат вистината? Или затоа што немаме добар микроскоп за пристапување кон нив? Дали рационалното размислување е соодветен начин за нивно одговарање или постои некаква друга логика, Божјата логика, овој „ум“ што претходно го спомнавме, за да може некако да им пристапиме?

( Продолжува…)

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/kako-da-vlezeme-vo-bozhjata-logika-ii-del/

Друго:

https://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%20%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%98%20%D0%9C%D0%B5%D1%81%D0%BE%D0%B3%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B8&ordering=newest&searchphrase=all

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/24043-mitropolit-nikolaj-mesogejski-kako-da-vlezeme-vo-bozhjata-logika-ii-del

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 year ago

Писма на валаамскиот старец (9)

  29. 1947 г.Го добив твоето писменце и ти одговарам; само моите совети примај ги не како наредба или закон, туку како обичен совет. Можеш и да не ги прифатиш, ако оцениш дека не се сложуваат со Светото писмо и со поуките на св. отци.Не возбудувај се, не стреми се предвреме кон возвишенот...

Image Description
2 years ago

Светиот апостол Тома

  Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и...

Image Description
2 years ago

Архимандрит Андреј Конанос: Научи ли да љубиш? (1)

  Се чини, дека за човекот е најтешко да почувствува љубов. Човекот е единствен од цицачите, кој се раѓа потполно незаштитен. Доколку новороденчето го оставите само, тоа нема да може да се погрижи за себе. Од првата минута, кога човекот доаѓа на белиот свет, тој бара прегратки, топлина, дојка...