Митрополит Струмички Наум: Неправедно богатство (03.12.2020)

Example User · 4 years ago

    1 minutes, 46 seconds


 Митрополит Струмички Наум:
Неправедно богатство (03.12.2020 )

3.angeli.so.truba


Деца, го слушнавте денешното евангелие: „И Јас ви велам: создадете си пријатели со неправедно богатство, па кога осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта“ (види: Лука 16, 1–10).


Кој е тој несправедлив настојник; со какво неправедно богатство управува и располага; и зошто Господ го пофалил?
Секој еден од нас е несправедлив настојник. Ако сега не ти е јасно – читај понатаму.

Неправедно богатство е сѐ она што Бог ни го дарувал и надвор од Црквата, а уште повеќе сѐ она внатре во Неа. Самото наше постоење и целиот наш живот е дар Божји, а камоли благодатната можност што во Црквата ја добиваме за благобитие и за вечно благобитие. Со сите овие природни и благодатни дарови ние слободно управуваме и располагаме.

Господ го пофалил несправедливиот настојник затоа што, на крајот од управувањето, му текнало дека не со свое богатство располага, туку со туѓо, и така полесно можел да се истргува со должниците; оти туѓото со кое располагаш ти доаѓа како некој вишок.

Така и сите ние (а посебно оние што се поставени на високи позиции во која било област од животот на општеството), ако простуваме и ако покажуваме милост, со конкретна помош, кон оние кои душевно и телесно страдаат, само од нашиот вишок – од сѐ она, духовно и материјално, со кое Бог нѐ дарувал, ќе бидеме пофалени од Господарот на нашите животи, односно откако крајно ќе осиромашиме од живот, ќе бидеме примени во вечните живеалишта.

Е, сега, ако се вложиме себеси со целото свое срце, со целиот свој разум, со целата своја душа и со сите свои сили во Божјото дело и ако согориме во тоа давање, за спасение на човекот и светот, тогаш нашиот Небесен Отец за друго ќе нѐ смета и со други зборови ќе ни се обрати, односно не како на настојници, туку како на законски наследници и сопственици.


Што ли тогаш човек, и како, да каже за Богородица и Секогашдева Марија?

На несправедливиот слуга, вообичаено, на крајот од животот му текнува дека сѐ е суета и ништавило пред неизбежната и неискажлива средба со Живиот Бог, а малата Марија на почетокот од својот живот согоре во Светињата на Светињите, во копнеж за лична средба со Оној Кој што Е – Вечносуштниот, за на сите нас да ни засветли вечно, како Светилник на несоздадената светлина, кој нѐ води и спасува низ бурното море на овој живот, кон сигурното пристаниште на Очевите прегратки, преку Христос во Светиот Дух.

 Vovedenie.na.Presveta.kp


Пресвета Богородице, спаси нас!


Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23714-mitropolit-strumichki-naum-nepravedno-bogatstvo-03-12-2020

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

„Но барајте ги најнапред Царството на Бог и Неговата правда…“ (д. Наум)

Коментар на денешното евангелско четиво: “Богочовекот Христос нѐ опоменува поради прекумерната грижа за телесното и, општо, за материјалното. Ваквата загриженост произлегува од заробеноста на нашето срце од страстите; накратко – од самољубието, безверието и барањето сигурност во овој свет. Најпр...

Image Description
3 years ago

Протопрезвитер – ставрофор проф. д-р Ацо Гиревски: СЛОВО за св. Никола Мирликијски Чудотворец

  Протопрезвитер – ставрофор проф. д-р Ацо ГиревскиСЛОВОПроизнесено по повод празникот посветен на Свети Никола Мирликијски Чудотворец 2021  година во манастирот во Капиштец Почитувани браќа и стестри,Воочливо е дека на денешниот свет зафатен од пандемија му е потребно од било кога и да...

Image Description
10 months ago

Гетсиманија

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК ГЕТСИМАНИЈА Преку исушеното корито на Кедронскиот поток, Господ и Апостолите преминале молчејќи. И во Гетсиманија влегле молчејќи. Тоа бил истиот пат, по кој е извршено свеченото влегување на Спасителот во Ерусалим. Маслиновата градина, која била заградена со ѕид, била...