НЕДЕЛА ВТОРА ПО ДУХОВДЕН (…Бог не избрал цареви, туку 12. прости рибари)

Example Admin User · 2 days ago

    0 minutes, 6 seconds


НЕДЕЛА ВТОРА ПО ДУХОВДЕН

Евангелие за повикот на апостолите
Матеј 4, 18-23; Зач. 9

Зошто луѓето во нашево време толку брзаат?

Што поскоро да го видат успехот од својот труд.

И успехот доаѓа и одминува, и зад себе остава траги на жалост.

Зошто синовите човечки во нашево време толку брзаат?

Што поскоро да ги соберат плодовите од својата работа. И плодовите доаѓаат и одминуваат, и зад себе оставаат траги од горчина.

И кога ќе дојде смртта, луѓето од нашите денови умираат гледајќи се себеси само во минатото, ги гледаат придобиените успеси заборавени, пожнеаните плодови изгниени.

Co нивната смрт умираат и последните траги од нивната работа и од нивните плодови.

Оние кои по нив доаѓаат, co истото брзање сеат, сo истото брзање жнеат и ги јадат плодовите, и co иста празнина заминуваат од овој живот.

Тоа е човечкиот начин. Тоа не е Божјиот начин.

Гледајќи ги разликите помеѓу човечкиот и Божјиот начин, народот рекол:

Господ е бавен, но достижен.

Господ е бавен, но Тој може да биде бавен за едно поколение, но Тој не е бавен за сите поколенија.

Честопати Тој во едно поколение сее, а во другото жнее.

И поколението во кое Бог сее го смета Бога за многу бавен, додека поколението во кое Бог жнее, го смета за многу брз.

Зар и во нашите човечки работи не е секоја жетва побрза од орањето, сеидбата, плевењето, чистењето и макотрпно чекање додека плодот не стаса за берба?

Но Господ не е ниту брз ниту бавен. Тој има своја мера и од таа мера не отстапува. Мравката гледа и

го види само својот мравјалник, а домаќинот гледа и ја види целата нива.

Ако Христос постапеше според човечки начин, Тој не би одбрал дванаесет рибари за свои апостоли, туку дванаесет цареви.

Ако сакаше веднаш да го види успехот од својот труд и да ги пожнее плодовите од својата работа, Тој можел co својата божествена сила да покрсти дванаесет најмоќни цареви на земјата и да ги направи свои последователи и апостоли.

Замислете, колку брзо би се прочуло името Христово во светот!

Колку брзо неговата наука би се раширила по светот!

Колку брзо би исчезнале идолите од царските наредби!

Колку незнабожечки храмови би се претвориле во христијански богомоли, колку добиток не ќе се колеше за жртви на боговите, а димот од крвта ќе се заменеше co димот од темјанот!

Колку лесно ќе се установеше Црквата на Бога живиот и единиот во целиот род човечки!

Без никакви маки Христос би седнал на еден единствен царски престол, од кој би владеел, преку дванаесетте потчинети цареви како свои доглавници, co сите народи на земјата и co целиот свет од исток до запад и од север до југ.

Тогаш без никакви маки и тврдоглавите Евреи би го признале Христа Царот како свој очекуван Месија и би му се поклониле.

Ho, замислете, што би станало на крајот на краиштата co таквото светско царство, создадено на брза рака, co силата и co генијалноста на еден човек?

Би било исто што и co сите други светски царства пред и по Христа.

Заедно co својот основач и тоа би легнало на смртен одар и светот повторно би се нашол на почетокот од кој тргнал.

Или пак, уште појасно речено, би станало како co еден огромен даб кој, откорнат во планината од еден џин, е пресаден во долина.

Додека џинот стои крај пресадениот даб и го држи co своите силни раце, дабот стои исправен.

Штом џинот ќе се оддалечи од дабот, дувнуваат ветришта и дабот го кутнуваат на земја.

Луѓето би се собрале околу паднатиот даб и би се зачудиле зошто толку огромен даб подлегна на силата на ветрот, додека ниските лескови дрва околу дабот издржаа и останаа неоткорнати?

И луѓето би одмавнале co главите и би рекле:

навистина, посигурно стои и полесно им се спротивставува на ветровите ниското лесково дрво кога постепено

расте уште од својата семка, отколку најголемиот даб кога џиновската рака ќе го пресади, па ќе се оддалечи од него.

Колку повеќе коренот на едно дрво навлегува во подземната темнина, толку дрвото е поотпорно и подолготрајно.

Колку е премудро што Христос почнал од низината, а не од врвот!

Колку е премудро што Христос ѕидањето на своето царство не го почнал од царевите, туку од рибарите!

Колку е добро и спасоносно за нас, кои живееме по две илјади години од Неговото дело на земјата, што Тој не го видел конечниот успех од својот труд ниту пак ги пожнеал плодовите од својата работа за време на својот земен живот!

Тој не сакал како џинот да го пресади големиот даб, туку сакал длабоко во темнината на земјата да го посади семето на дрвото, па да си оди дома.

Така и направил. He само до темнината на простите галилејски рибари, туку до темнината на самиот ад го закопа Господ семето на дрвото на животот, и замина.

И дрвото постепено растеше, многу постепено.

Силните ветришта го разнишуваа да го скршат, да го откорнат, но не можеа.

Непријателите до земја го сечеа дрвото, но коренот сѐ повеќе пушташе млади фиданки.

Што повеќе беше сечено, тоа поупорно и побрзо растеше.

Вражјите сили копаа длабоко под земјата, подлабоко од катакомбите, за да го искорнат коренот, но што повеќе го тргаа, коренот стануваше сѐ појак и жилите се помногубројни, а фиданките се побујни.

Затоа дрвото Христово, насадено според Божјиот, а не според човечкиот начин, и денес, по две илјади години цвета и разлистува за луѓето и за ангелите, блеска во свежината и убавината како да е насадено пред еден човечки век.

Ако Господ Исус постапеше според човечки начин, многу побрзо ќе се прославеше меѓу луѓето, но затоа ние не ќе бевме спасени.

Ho Toj не барал човечка слава – не го следел звукот на свирката, која денес свири, a утре во оган се фрла – не барал човечка слава, туку човечко спасение.

Тој не дошол меѓу луѓето како џин во театар да ја покаже својата сила и вештина, та да му плескаат луѓето, туку дошол при нас како пријател и лекар во болница, да нѐ посети, co нас насамо да поразговара и да ни понуди совет и лек.

Затоа е добро за човештвото, од почетокот до
крајот на времето, што Господ постапил според Божјиот начин и за свои апостоли избрал не дванаесет најмоќни цареви, туку дванаесет прости и мали рибари.

А за тоа, како Тој ги одбрал, зборува денешното евангелие.

Преземено од книгата “Омилии” (Извадок)

Source: https://pokajanie.mk/2022/06/22/34638/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
1 year ago

Собор на Пресвета Богородица (Величај ја, душо моја, Дева Пречиста Богородица…)

Собор на Пресвета Богородица УТРЕНА Седален, глас 1. Кога се роди Исус во Витлеем јудејски, тварта се просвети, откако Го позна Создателотː ангелските хорови се восхитија, гледајќи Го Господа на земјата како прима облик на слуга и пак неразделен од Отецот останува. Слава Му на Бога Кој се воплоти! С...

Image Description
1 year ago

Недела по Рождеството Христово: Спомен на 14 000 витлеемски младенци

Недела по Рождеството ХристовоСпомен на 14 000 витлеемски младенци....12. И кога примија в сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја.13. А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па...

Image Description
1 year ago

ПЕДЕСЕТНИЦА – Роденденот на Црквата! (Го славиме најголемото чудо на овој свет!)

Беседа на Педесетница на Свети Јустин Ќелиски На Спасовден што прославувавме? Го прославивме Господ  Исус Христос Којшто со Телото воскресна и се вознесе на Небесата. Што  ни кажа Господ со тоа? Господ со тоа  ни кажа дека нашето тело, моето и твоето и секое тело, ќе воскресне од...