Непосредно пред Божиќ, застанете.
Пред Божиќ, застанете.
Запрете го вашето избрзано темпо на некое време, списокот на обврски, борбата да се стигне со се.
Во тишината, погледнете внатре.
Каде сте? Каде одите?
Неколку дена пред Божиќ, обидете се да си ја средите душата.
Да најдете мир со оние што сте ги оставиле зад себе.
Чувајте ги отворите во срцето;
Кажете им „извини“ каде што е потребно, „те сакам“ на оние кои тоа го очекуваат.
Не знаеш дали ќе има друга шанса, не знаеш дали овој Божиќ ќе биде последен со ближниот.
Непосредно пред Божиќ, гледајте да простите.
Знаете ли колку е тешко да се носи гнев и горчина?
Дозволете вашето его да ве изолира?
Простете, не за другиот, туку за вас.
Раскинете ги врските што ве држат.
Непосредно пред Божиќ, погледнете да ги отворите рацете.
Бог се раѓа сиромашен, во јасли, само со ноќна тишина и скромна почит на овчарите.
Како ќе Го примиш, кога твоето срце е полно со твоите „потреби“ и твоите „желби“?
Непосредно пред Божиќ, сетете се на личноста на која и е потребна вашата помош.
Ако немате што да дадете, покажете го вашето присуство.
Осаменоста на овие денови е потешка од сиромаштијата.
Телефонски повик, разговор, насмевка можат да станат светлина за некој што чека во мразот на својата осаменост.
Непосредно пред Божиќ, не дозволувајте вашата себичност да ве удави.
Колку пати во секојдневниот живот сме удавени од сопствените поплаки?
Чувствуваме дека не не разбираат, дека не нè сакаат колку што ние би сакале! И забораваме како е најважно да се даде овие денови, а не да се земе!
Непосредно пред Божиќ, биди светлина.
Секоја насмевка што ја нудите, секој љубезен збор што го кажувате, секоја рака што ја давате е мала ѕвезда што свети во темнината.
Не очекувајте се да биде совршено.
Не очекувајте да ги поправите сите проблеми.
Божиќ не доаѓа за „совршените“.
Доаѓа за секого.
За уморните, ранетите, грешниците.
Доаѓа да ни покаже дека светлината може да свети, дури и кога се чини дека темнината владее околу нас.
Непосредно пред Божиќ, застанете.
Имај храброст, отвори го срцето и ќе видиш дека Христос се роди, не само во јасли, туку и во најдлабоките делови на твојата душа.
Старица Софронија
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2025/01/blog-post_83.html