Обeмни конзерваторско-реставраторски работи на архитектурата на црквата „Св. Горѓи Победоносец“ во Младо Нагоричане

Example User · 10 months ago

    1 minutes, 5 seconds


mlado_nagoricane_640_-1

Претходно  на овој сакрален објект беше извршено зацврстување на  конструктивниот систем, на покривот, а  беше извршена и санација на фасадите и на потпорните ѕидови околу црквата ...Со поддршка од Министерството за култура, интензивно се работи на конзервација и реставрација на црквата „Св. Горѓи Победоносец“, споменик на културата од 16 век во кумановското село Младо Нагоричане.Конзервацијата и реставрацијата на овој значаен споменик на културата од поствизантискиот период се одвива во повеќе фази, а стручните екипи на Националниот конзерваторски центар во моментов ги реализираат активностите за консолидација на архитектонско-конструктивниот состав на црквата, изведба на дренажен систем и партерно уредување.

mlado_nagoricane_640_-3

Според усвоената динамика, се предвидува целосната реализација на проектот кој се однесува на архитектурата на црквата и нејзиното непосредно опкружување, да биде реализиран до крајот на годинава. Потоа ќе бидат предложени мерки на заштита на фрескоживописот.Претходно на овој сакрален објект беше извршено зацврстување на  конструктивниот систем, на покривот, а  беше извршена и санација на фасадите и на потпорните ѕидови околу црквата.Црквата „Св. Горѓи Победоносец“ е трикорабна базилика со развиен впишан крст во основата. Оваа монументална гробишна црква е изградена од разнобојни обработени камени блокови, а фасадно е декорирана со керамопластични елементи како една од повеќето сакрални градби во кругот на голема монашка заедница.

mlado_nagoricane_640

Извор: Министерство за култура на Р.Македонија

 

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/bibliska-arheologija/18011-e

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Научен собир на тема „Српскиот идентитет, српскиот јазик и Законот за родова рамноправност“ во Белград (17.01.2024)

  Научен собир на тема „Српскиот идентитет, српскиот јазик и Законот за родова рамноправност“ во Белград (17.01.2024 18:25)                    Неговата Светост Српскиот Патријарх Порфириј, на 16 јануари 2024 година, го отвори првиот научен собир во Националната библиотека на Србија во Белград...

Image Description
10 months ago

Болестите според сфаќањето на светоотечкото учење

 Од науката (Обновено) Болестите според сфаќањето на светоотечкото учење За да го објасниме ова прашање, ќе се обратиме кон еден од древните учители на Црквата, свети Василиј Велики. Еве што пишува тој за болестите: „Има болести што се од материјална природа, и тука е потребна лекарска вешти...

Image Description
1 month ago

Монашката населба „Свето Преображение“ во Зрзе

Културниот комплекс „Свето Преображение” се наоѓа на 35 километри северозападно од градот Прилеп и го опфаќа централниот дел на една заокружена биографска целост западно од селото Зрзе. Во средиштето на овој микрорегион е лоцирана бигорна карпа врз чија горна површина е изграден средновековен...