Од Просветителството до Постмодернизмот и движењето „Воук“

Example Super-Admin User · 9 months ago

    1 minutes, 55 seconds


Церемонијата за отворање на Олимписките Игри во Париз во петок, 26 јули 2024 година, предизвика лоши реакции кај многумина во и надвор од Грција, и беше опишана со остри зборови и силни изрази, и за одредени сцени и за церемонијата во целост, и тоа со право. Многу луѓе зборуваа за движењето „Воук“ што преовладува во Западниот свет, особено во Америка.

Но, за оние што ја следат идеолошката, филозофската, културната и социјалната динамика во Западниот свет, во Европа и особено во Франција, овие појави не изгледаат чудно. Ние, затворени во нашето ограничено опкружување, ја игнорираме разновидноста на револуциите што се случија во Европскиот простор и имаме погрешни впечатоци за светот што нè опкружува.

Потребно е да сфатиме дека отстапувањето на Западот со својот схоластицизам од Православната теологија, со откровенската вера и православниот монашки живот, создаде потреси и преуредувања во Западниот простор, особено во Европа, и доведе до развој на многу теолошки, филозофски, психолошки и социолошки струи. Америка е земја на слобода и оставен е простор за истражување на православната теологија, додека Европа е пронижена со строги филозофски и атеистички системи кои не дозволуваат цутење на православната теологија. Сепак, постојат некои православни „меурчиња“, но генерално преовладува рамнодушноста.

Она што го покажа церемонијата за отворање на Олимписките Игри е општиот дух што преовладува во тврдото јадро на Европа. Оној што ги чита текстовите од свети Јустин Нови Исповедник (Поповиќ) ќе го види тоа јасно.

Постмодерниот свет бара нешто ново над „општиот замор“ што го живее, па затоа се наоѓа во состојба на „градење и преуредување“, но и „разградување“. Постмодерното општество се карактеризира со три особини: „оспорување на авторитетот“, „уништување на логичката структура“ и „губење на распознавањето“ и така води до културата „Воук“. Тоа е движење на плурализам и апсолутен човекоправизам, како што го гледаме силно во „Воук“ движењето.

Православната Црква треба да го следи целото оваа движење, да истражи од каде започнало, кои се неговите карактеристики, како влијае на настаните во општеството и како го обликува современиот човек, па дури и православниот христијанин, со таканаречената постпатристичка и контекстуална теологија, но и како влијае на современото институционално право. И тоа е неопходно да го знае православниот теолог и свештеник за да го определи начинот на пастирската работа со современиот човек.

(Извадок од текстот „Од Просветителството до Постмодернизмот и движењето ’Воук’“ на Митрополитот Навпактски Јеротеј Влахос)

Извор: https://www.pemptousia.gr/2024/08/apo-ton-diafotismo-stin-metaneoterikotita-ke-to-woke-kinima/

Source: https://liturgija.mk/bogoslovie/sovremeni-predizvici/od-prosvetitelstvoto-do-postmodernizmot-i-dvizhenjeto-vouk/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
9 months ago

Христос е единствената сигурност...

 Христос е единствената сигурностХристос чекорел по бурното море и им пришол на помош на своите ученици, кои биле тешко испитани од разбеснетите бранови. И Петар побарал да оди по брановите и делумно успеал.Но, кога вниманието му го одвлече бурата која беснее околу него, неговото тело наеднаш станал...

Image Description
9 months ago

Секогаш да го почиваме нашиот товар на плеќите на нашата Дева Марија

Секогаш да го почиваме нашиот товар на плеќите на нашата Дева МаријаДобрата совест има за свој принцип и основа смирението, а лошата совест гордоста и непослушноста.Внимавајте на твојата совест да не биде едно во твојата уста, а друго во твоето срце;Покајанието го обновува човекот. Ова беше дадено з...

Image Description
7 months ago

Трето издание на книгата „Старец Пајсиј Светогорец“ од Повардарската епархија

Повардарската епархија известува дека со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати ново реиздание на книгата „Старец Пајсиј Светогорец“. Се работи за трето издание на книгата, поради голем интерес на читателската публика, која во изминатите години со несмален...