Од распаѓање кон Живот

Example User · 3 years ago

    3 minutes, 12 seconds


 3.angeli.so.truba

Од распаѓање кон Живот

Секоја идеја или дело, колку и да се свети и благородни - како што се љубовта кон татковината, социјалниот стремеж или зачувувањето на традициите и обичаите - доколку не ги надминат границите на земниот живот, стануваат настани што го спречуваат човекот да ја достигне Вечноста. Затоа што тој  живее и е заглавен во една суштественост  која  останува затворена во времето и просторот без перспектива  за спасение и нераспадливост, односно полнота.


Нема поголемо изобличување и секуларизација на Црквата отколку да се дефинираат нејзините зборови и придонес во рамките на распадливоста на овој свет и да се претворат во патерица на психолошките, материјалните и емоционалните потреби на човекот. Нашата голема грешка е да ја приближиме Црквата заедно како систем на волшебни вредности, идеи и дела што ќе ни овозможат да се чувствуваме добро, да ги решаваме нашите проблеми и да ги постигнуваме нашите земни цели. Но, ова не е Црквата.

3.angeli.so.truba


Црквата значи победа над смртта, можност да се постигне Вечноста и да се надминат границите, какви и да се тие; со еден збор, Црквата е Христос. Ние сепак не сакаме да го примиме тоа  што Таа ни го дава и што всушност Таа претставува.Од оваа причина ние живееме во нејзините пазуви, но остануваме заробеници на светската минливост, на нашите страсти и копнежи. На овој начин се смируваме додека ги бараме нештата во сегашноста, одбивајќи да погледнеме во очите на нештата од Вечноста. Затоа нашиот црковен живот е проголтан од нашиот духовен нарцизам, кој нè прави сè повеќе зависни од нашиот себеидол.
Повеќето христијани се обидуваат да бидат „во ред“ во однос на формите и правилата, исполнувајќи ги со вина оние што не успеале да го следат „црковниот систем на живот“. Систем кој на крајот нè не оживотворува, но се распаѓа, не ослабува и осакатува, бидејќи нè оддалечува од потрагата по Бога. Затоа што постојат правила, но не и благодат. Постои религиозност, но не и поврзаност со Бога, има напори да се постигне совршенство, но не и светост. Комбинацијата од двете, т.е. на примената на правилата и благодатта на Утешителот, е начинот на кој човекот може да направи скок од временото кон вечното.


 Многупати остануваме во надворешните форми затоа што е полесно да го исцрпиме нашето духовно неспокојство при постигнувањето на морални и хуманистички обрасци на живот, всадувајќи во себе чувство на самозадоволство дека сме постигнале нешто. Нашата болест, нашиот длабок грев е што ја забораваме Вечноста, затоа се обидуваме да ја претвориме Црквата во нешто земно, во организација на побожни луѓе, во систем на земен успех, во заедница на добрите. Но, ова не е Црквата. Ние мора да разбереме дека Црквата не постои како предлог „за добар живот и добра смрт“, туку како живот чиј центар е Христос.
Црквата постои  за да ги ослободи нашите животи од распаѓање. Го  зема човекот и го крштева  во Божјата благодат, што значи дека го преобразува. И ова се случува кога тој ќе се поврзе со Христа, кога ќе го соблече гревот од себе, кога ќе се одрече од своите доблести.

3.angeli.so.truba


 Спасението не е наш напор, туку е дар од Бога. И, ако треба да сториме нешто, треба  да престанеме слепо да веруваме во нашето Јас - ова е она кон што треба да се стреми нашата аскеза, ова е целта на нашите усилби.
Ако не сфатиме дека Христос е неспоредливо супериорен во однос на нашиот земен живот, ќе продолжиме да талкаме низ нетлената вечност што ја очекуваме,а  уште денес имаме можност да ја ослободиме од тление нашата „сегашност“,искоренувајќи го нашето его во покајание. Исто како што при Светата Причест ги примаме Телото и Крвта Христова, а не лебот и виното, така и целиот наш живот станува божествена Кинонија, т.е. божествена причест, света Литургија во која свештенодејствува нашиот живот. И во секојдневието  започнуваме постојано да ја добиваме благодатта, нашата “земност” тоне во заборав, а нашата духовна борба сега е ослободена од очекувањето на награда и се реализира како постојан здив на самоодрекување. Повеќе не му приоѓаме на Бога интелектуално, схоластички, па дури и теолошки, но со учеството во Црквата, ние самите стануваме Црква и се храниме од неа преку нашиот однос со другите и со Бога - „да бидеме сите едно“. Сè што е надвор од тоа е отпаѓање од животот, обид  да се живее против животот и повторно обединување со смртта.

3.angeli.so.truba

Автор: архим. Павел Пападопулос
Извор Богоносци.бг

3.angeli.so.truba


За Преминпортал превел Симеон Стефковски

 16ти декември 2020 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/23758-od-raspagjanje-kon-zhivot

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Атанасиј Лимасолски:Љубовта значи жртва – (V дел)

  За никого никогаш не е доцна. За секоја возраст има начин. Со денешното мислење, еден младич на 20 години сигурно не прима многу лесно совети. Би било грешка да се обидуваме да го убедиме. Што правиме? Прво, се трудиме ние самите да бидеме вистинити и свесни Христијани, чеда на Црквата. Ако...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Александар Шмеман - Крштевање

  КРШТЕВАЊЕ Александар Шмеман Таинството на водата Во нашите богослужбени книги светото Таинство Крштевање започнува со следното упатство: Свештеникот влегува во олтарот и облекува бела облека. При запалени свеќи, тој кади околу садот со водата, ја остава кадилницата и се поклонува. Во...

Image Description
3 years ago

Отечки изреки (4)

Патот на смирението е овој: самовоздржание, молитва и да се сметаш себеси за понизок од секоја твар. ава Титој Смирението е единственото нешто што ни треба. Ако некој има секакви добродетели, ама нема смирение, може сè уште да паѓа, но со смирението – никој не паѓа. старец Герман Светогорски Дури и...