Пофална молитва на царицата Ирина! (Блажениот Августин)

Example Admin User · 3 years ago

    0 minutes, 58 seconds


Грчката царица Ирина кога во Цариград била соборена од престолот од страна на омразениот слуга, му се обратила на Бога со следниве зборови:

„Ти благодарам Господи, што Ти мене, бедната и недостојна, ме постави на царскиот престол, но бидејќи допушти да бидам соборена од него, тоа го сметам како последица од моите гревови; нека биде со мене волјата Твоја! – Во сè добро и лошо нека биде благословено името Господово“.

Вистина е дека никој не може да ни наштети во она, во коешто ние самите себеси си наштетуваме. Заради тоа точно кажал блажениот Августин:

„Верувај му на Господ Бог, без никаков сомнеж и препушти Му се во потполност, колку што е тоа во твоја моќ:

тогаш нема да те отфрли и нема да престане да те привлекува кон Себе и нема да допушти никакво зло врз тебе, иако ти би бил сиромав и незначаен“.

Оваа порака секој од нас треба да ја знае во потполност и треба цврсто да го има на ум следното:

ништо спротивно нам не може да ни се случи без Божја волја и допуштение;

ниту ѓаволот, ниту луѓето не можат да ни наштетат, доколку Бог тоа не го допушти.

Треба цврсто да веруваме, дека иако ни се случуваат најтешки неволји по Божјо допуштение, Он како врховен Цар ги праќа врз нас како најмилостив Отец на наша полза, заради наше вразумување и поправање и заради нашите неправди и гревови.

Следствено на тоа, никој друг освен самите себеси не може да ни наштети.

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/07/29560/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 weeks ago

Лекција, благослов и љубов

Елефтериос Елефтеријадис, психолог Поради три причини доаѓаат луѓето во нашиот живот. Или како лекција, или како благослов, или од љубов... Доаѓаат како лекција за да нѐ научат на нешто. Некогаш на лесен начин, некогаш со болка. Со тешкотија, со зло. Често не го сфаќаме тоа, но дури тешкотиите, конф...

Image Description
1 week ago

Тие сакаат да го избришат Бога од светот и од душата на човекот на кој било начин...

   Тие сакаат да го избришат Бога од светот и од душата на човекот на кој било начин...Тие создадоа соодветна средина, во која се разви масонството и сето политичко и општествено зло. Дури и екуменизмот е алатка на масонството.Масонеријата, негувајќи релативност на вредности, има за цел да му се пок...

Image Description
2 weeks ago

Вие го составувате „Добро Утро“

   Вие го составувате „Добро Утро“Вие го составувате „Добро Утро“.Вие го избирате „добро утро“.Како спиевте синоќа?Како се разбудивте денес?Рековте Фала на Бога?Рековте ли денес дека на секој предизвик ќе гледам како на можност?Дали ќе се предадам на што и да дојде, на текот на нештата, без да се ет...