Прослава на празникот на преподобниот Јоаким Осоговски

Example Super-Admin User · 5 months ago

    4 minutes, 3 seconds


„Преку молитвените бдеења си примил сила против непријателот,
отче Јоакиме, а со своето трпение си се искачил на небесата.
Кога го остави распадливиот земен живот, се пресели во нераспадливоста.
Затоа те прославуваме“
(кондак на Утрена на преп. Јоаким Осоговски).

На 29.08.2024 година, денот кога правиме спомен на празникот на Неракотворниот образ на Господ Исус Христос и на преподобниот Јоаким Осоговски, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

По завршувањето на Литургијата,  беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

„Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Денеска светата православна Црква прославува еден од Господовите празници – Неракотворниот образ на Господа Исуса Христа. Во исто време го прославуваме и еден од големите подвижници на македонската земја – преподобниот Јоаким Осоговски.

Најпрво би сакале да кажеме неколку збора за Неракотворниот образ Господов. Како што знаеме од светото Евангелие, за време на земниот живот, нашиот Спасител, Господ Исус Христос, одел од село во село, од град во град, низ цела Палестина и го словел словото Божјо. Он правел големи чуда, лекувал секакви болести и за оваа невообичаена сила која излегувала од Христа се прочуло и во другите предели надвор од Палестина. Така, на другата страна од сирискиот град Едеса, отаде реката Јордан, живеел некој кнез Авгар, кој бил болен од некоја неизлечива болест. Кога слушнал за Христа, Го молел да дојде да го излекува, а бидејќи Христос бил зафатен со проповед низ Палестина не можел да оди. Тогаш овој болен кнез испратил еден од своите поданици, кој бил добар сликар, за да Го наслика Христа, надевајќи се дека самиот лик ќе му помогне и ќе го излекува. Тој поданик Ананиј отишол во Палестина, Го нашол Христа и почнал да прави скица за да го наслика ликот на Господа Христа. Но, бидејќи Христос постојано се движел, а да не го забораваме и фактот дека во тоа време ги немало денешните можности од техниката, било многу тешко да го наслика објективно и реално. Христос, пак, знаејќи ги мислите на душите на луѓето, побарал една крпа и го избришал своето лице, а на крпата се изобразил ликот на Господа Христа. Оваа крпа со Својот лик му ја дал на Ананиј со препорака да ја однесе кај кнезот во Едеса. Токму преку овој лик самиот кнез бил излекуван, а во знак на благодарност, кнезот го поставил во рамка ликот на Господа Христа на влезните порти на градот, а и тој самиот и населението со коешто раководел се покрстиле. Господ Христос на Ананиј му кажал и дека кнезот ќе биде излекуван, но не целосно, па затоа и ќе го испрати Својот ученик Тадеј, кој ќе дојде кај него и ќе го излекува целосно. Така и се случило. Во чест на овој настан светата Црква го востановила овој празник што денеска го чествуваме.

Исто така, денеска славиме еден подвижник од XI век, св. Јоаким Осоговски. Во неговото житие и во неговиот тропар покрај другото се вели: Пустински жител и телесен ангел. Овие зборови ни зборуваат за подвизите на овој голем подвижник, и дека и покрај тоа што живеел со тело, бил како бестелесен ангел поради големите подвизи што ги направил на Осоговската планина. Секој подвиг сам по себе е тежок. Подвигот подразбира да се совлада своето тело и да се господари со него. Ние знаеме дека ние луѓето сме психофизички битија составени од тело и душа. Телото влече кон земните задоволства и кон задоволување на телесните страсти, додека, пак, душата тежнее кон Бога, кон небесното и духовното. Но, сите сме повикани кон небото, бидејќи таму е нашата вистинска татковина, за да престојуваме со Бога, нашиот вистински Промислител и Спасител.

Светите отци честопати го споредуваат телото на човекот со разни животни кои се употребуваат за обработување на земјата. Ако тие животни не се подвргнат на подвиг, стануваат неупотребливи и ќе бидат бесни, лути и некорисни за стопанот кој ги храни и ги чува. Така е и со нашето тело. Доколку не се потрудиме истото да го скротиме, смириме и насочиме кон повозвишени цели, како што тоа го правеле Божјите угодници, тоа ќе нѐ однесе по туѓ пат, бидејќи е склоно кон грев и задоволување на ниските страсти што постојат во нашата природа, внесени преку гревопадот. Примерот и подвигот на св. Јоаким Осоговски најдобро ни сведочи како тој како земен човек постанал ангел во тело и затоа добил благодат од Бога, не само додека бил жив во овој привремен свет, туку и откако ќе се пресели во небесните живеалишта. Милоста Божја и благодатта ќе бидат со него и врз неговиот свет гроб, и тој ќе прави безбројни чуда за сите верници кои со вера, набожност и искреност ќе му се обратат за помош.

Па и ние, кои се наоѓаме денеска во овој Божји дом, да се обратиме со искрена молитва кон св. Јоаким Осоговски, тoj да биде наш молитвеник пред престолот на Севишниот Бог. Преку неговите молитви нека се излие благодатта Божја врз нас, па и ние да го следиме патот Христов. Овој пат е тесен и стрмен, но тој единствено води во Царството небесно и во вечен и блажен живот. Амин.“

Митрополит Тимотеј

Неракотворен образ на ГИХ и преп. Јоаким Осоговски
Ман. „Св. Климент Охридски“ Плаошник
29.08.2024 г.

Извор: https://www.dke.org.mk/index.php/3693-nerakotvoren-obraz-na-gospod-isus-hristos-i-prepodoben-joakim-osogovski

The post Прослава на празникот на преподобниот Јоаким Осоговски appeared first on Литургија.мк.

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/proslava-na-praznikot-na-prepodobniot-joakim-osogovski/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
7 months ago

И најдобрите души го имаат тука и таму, живеат таен живот...

 И најдобрите души го имаат тука и таму, живеат таен живот...  Целиот наш земен живот, од раѓањето до последниот здив, во моментот на смртта ќе се појави како единствен безвременски чин. Неговата содржина и квалитет ќе можеме да ги видиме додека трепнеш. Често ја уверуваме нашата совест со помислата...

Image Description
5 months ago

Што е Рајот?...

 Што е Рајот? Рајот е искуство во Бога. Ако некој го чувствува Бога во себе, тогаш тој е во Рајот. ...Каде што е Бог, таму е Царството Божјо, таму е рајот.Бидејќи Бог Словото слезе на земјата и стана човек, небото стана најнепосредна земска и човечката реалност.На крајот на краиштата, каде што е Гос...

Image Description
4 years ago

Дете со пречки во развојот

Архиепископ на Тирана и цела Албанија, г. Анастасиос Јанулатос На едно предавање во Универзитетскиот амфитеатар, архиепископот на Тирана г. Анастасиос Јанулатос ја кажа следнава приказна: Еднаш една жена забремени во подоцнежна возраст и лекарите ѝ велеа дека треба да ја прекине брем...