Title : Религија и наука (9): За инквизицијата (6)

Религија и наука (9): За инквизицијата (6)

Example User · 8 months ago

    0 minutes, 7 seconds


А тие митови, имено, теософите ги распространувале. Ќе приведам цитат од Е. Рерих: „Инквизицијата била востановена не за гонење само на кутрите вештерки и маѓепсници, поголем дел – медиуми, но и за уништување на неистомислениците. И помеѓу таквите непријател, пред сè, се вбројувале сите најпросветени умови, сите служители на општото добро и вистинските следбеници на Христовите завети“.  Сегашниот рериховски лидер Љ. Шапошникова толкува: „’Суштината на инквизицијата е гонење на необичното‘ – се вели во една од книгите на ’живата етика‘. 578_34368377_4_rerihi.jpg_maxЗначи, инквизицијата ѝ била потребна на Црквата за да се бори, по прв план, со неистомислието на најразличните мислења, за да се спротивставува на сè ново, што се формирало во човечката мисла. Во тие страшни времиња, инквизиторите палеле десетици, а можеби, и стотици илјади ’вештерки‘. Ги палеле ’во свое име‘, во името на својот монопол на вистината, на своето ’вечно живо‘, на својот страв пред оние кои на народот му носеле нови знаења, кои го проширувале неговото сознание, пред оние кои се стремеле да продрат до него низ збиената завеса на неговото незнаење. Зар навистина може да се верува, како што се обидува да нè убеди нас ѓаконот, дека инквизицијата палела вистински вештерки, а не измамени од неа најнесреќни жени и ’еретици‘, за под нивната замаглена завеса да се справи со посериозни непријатели – такви, како Јованка Орлеанка, Џордано Бруно, Јан Гус и ним слични? Чувствувате ли, како замириса со смрдливиот чад на нечистотија и фалсификат од погоре цитираните редови на Кураев?“[1].

Всушност, ’нечисто‘ е да се обвинува цела епоха во историјата на човештвото, без никаков обид да се разберат мотивите на дејствата на тие луѓе. Зашто доволно е за почеток да се постават барем вакви прашања:

1) Дали самите вештерки верувале дека тие се вештерки?

2) Дали народните маси во тие жени гледале маѓепснички?

3) Дали тоа верување во народот било внесено од црковната проповед или, пак, тоа битствувало уште од претхристијанските времиња?[2]

4) Дали постоела граница, која го разликувала народното вештерство од онаа магија, на која се навлекувале образованите алхемичари и „теурзи“ од епохата на Просветата и Реформацијата?

5) Каков е меѓу луѓето, кои биле претставени пред инквизицискиот суд, процентуалниот сооднос со оние кои биле обвинети за грешки во вероучението и оние кои биле обвинети за директна магија?

6) Дали навистина погледите на тие луѓе, кои биле гонети од инквизицијата поради сопствените гледишта, биле ’понапредни‘ од погледите на самите инквизитори, или, пак, тие биле поархаични и претставувале претхристијански наслаги на светоглед?[3]

7) Ако последното испадне вистинито, тогаш, од гледиште на културниот и научниот прогрес, каква објективна улога одиграла инквизицијата во историјата на Европа? Нема ли да испадне таа слична на улогата на жестокиот реформатор Петар (кој, всушност, е востановувач на руската инквизиција[4]) во историјата на Русија?

Без докажан, основан на историска работа, одговор на тие прашања, не смее жртвите на инквизицијата да се претставуваат како безусловно прогресивни луѓе.

За современиот световен човек, маѓепсништвото е „привиден (виртуелен) престап“. И затоа е разбирливо што таквиот човек ќе се возмутува од казната на луѓето за престапи, кои тие, всушност, не ги извршувале. Но, од гледиште на теософите, вештерките биле вештерки и волшебниците биле волшебници, ѓаволите – ѓаволи, а магијата – магија. „И ѓаволот може да се натера да игра. Ѓаволите не носат светлина и шум. 2195537_f520Непопусто шаманите удираат во барабани за да се избават од ниските духови“[5]. „Непознавачите се смеат над постоењето на сатаната и со тоа ја потврдуваат вистинитоста на кажаното од еден префинет мислител: ’Победата на ѓаволот е во тоа, што успеал да ги убеди луѓето дека тој не постои‘. Зашто, кога ние во нешто не веруваме или нешто одрекуваме, престануваме да се пазиме и со тоа полесно потпаѓаме во сенките, оптегнати од многубројните помошници на темнината“[6]. „Маѓепсништвото е недопусливо како престап против човештвото. Не треба маѓепсништвото да се смета како зло против една личност. Последицата од маѓепсништвото е многу поштетна – тоа ги нарушува космичките појави, тоа внесува смут во надземните слоеви. Ако маѓепсникот не успеал да го порази противникот, тоа сè уште не значи, дека неговиот удар не убил некаде неколку луѓе, можеби, во различни земји. Можеби, вибрацијата на лошата волја се утврдила на најнеочекуваното место. Не можете да си претставите, колку смрти и болести се причинети од лошата волја. По просторот се носат облаци од канџи, никој нема да претстави каде е сместен тој отров. Силниот дух ќе се заштити од злите пратки, но некаде слабиот човек ќе ја добие нивната зараза. Не може да се предвиди таква космичка штета. Дури и благодатта нема да дојде во потполност, ако попатно се троши за растурање на злото. Човештвото многу може да биде запазено од секое маѓепсништво“ – говори  рериховскиот трактат „Аум“ (глава 28).

rerih-1937-17

Значи, ако ренесансното и новоевропско општество и го извршило престапот, казната на тие маѓепсници, сепак, треба да се има предвид дека тоа било возвратна мерка: престап за престап, штета за штета. И, освен тоа, тоа бил престап, извршен во состојба на афект. Престапот, извршен од исплашени луѓе, кои во суштина навистина се плашеле од маѓепсниците, зашто верувале во реалноста на маѓепсништвото…

Да, палењето на луѓе е одвратно. „Еретикот не треба да се убива“ – вели светителот Јован Златоуст (Беседи на евангелието според Матеј 46,1). Но, историчарот се разликува од моралистот со тоа, што тој треба да ја разбира логиката на собитијата и мотивите на лицата, кои ја твореле нашата историја, а не едноставно да им става оцени за поведението.

Ако моралистот ги осудува само престапниците (инквизиторите) за тоа, за безусловно да ја обели другата група престапници (маѓепсниците), тогаш се појавува прашањето – дали тој моралист воопшто има морално право на тоа, да се смета за моралист…

Така што, инквизицијата воопшто не војувала со науката, туку со магиското суеверие.

Еве карактеристични цифри, кои сведочат за двигот на интересите на инквизиторите и за тоа, кого тие го сметале за свој опонент во епохата на научната револуција: „Околу 80% од венецијанските инквизициски процеси, во периодот до 1580 година, биле поврзани со обвинувањата за лутеранство и нему сродни форми на крипто-протестантизам. 130 пресуди, за кои се соопштило во Рим во 1580-1581 година од сите реони на Северна Италија, покажуваат постојано внимание на инквизицијата кон протестантизмот. Сепак, различните разгранувања на римскатаM004_SpanishInquisition инквизиција го измениле основниот правец на својата дејност малку пред 1600 година, кога вниманието кон еретиците било потиснато со опседнатоста да се искорени магијата и другите суеверија. Во Фриули до 10% од судските процеси (од 390), кои се одржале до 1595 година, биле поврзани со магијата, а во текот на следните 15 години, половина од делата (558) потпаднале под таа рубрика. На други места тој двиг бил помалку забележлив и се случил побргу; во Неапол магијата станала единственото обвинение, кое породило значителен број на инквизициски процеси во 1570-те години, и останала таква низ децении, сè до 1720-те години. Во Венеција, преминот од ереста кон магијата бил толку остар, како и во Фриули, но се случил 12 години порано. Во текот на 17 век предмет на вознемиренот на римската инквизиција станале сите форми на магија, од вештерство до прескажувања: во секој трибунал, околу 40% дела, кои се разгледувале во текот на тоа столетие, можеле да се вбројат кон редот на прогон на суеверието и магијата“[7]. Помеѓу другите дела, разгледувани во инквизицијата, до 15% биле дела поврзани со обвиненија на свештеници за сексуални изнудувања плус бигамија, хомосексуализам и нему сл.

Колку и да е чудно, но науката во зародиш и инквизицијата имале општа карактеристика: и таму и таму се барале докази и не верувале многу на субјективните сведоштва, на доушниците и на претставите, грижејќи се да најдат начин за нивна објективна проверка.

[1]   Шапошникова Л.В., Подвижничество диакона Кураева // Защитим имя и наследие Рерихов: В 2 т. Т. 1: Документы. Публикация в прессе. Очерки, М. 2001, 345 и 405.

[2] При одговорот на тоа прашање треба да се обрати внимание на апологијата на магијата кај Вергилиј (Буколики, 8,62-108).

[3] Дури и рериховскиот ученик А.Клизовски сметал, дека „заслугата на инквизицијата се заклучувала во тоа што, со самото тоа што запалила на клада десет милиони вештерки и маѓепсници, таа спречила многу милиони од навално навлекување на црната магија, од ноќните оргии во чест на сатаната“ (цит. по: Рерих Е.И. Письма. Т. 2: 1934, М. 2000, 279). Рерих, секако, не се согласува. А цифрата на Клизовски, секако, неверојатно е преувеличена.

[4] Интересно е тоа, што во Русија нормите за гонење на маѓепсниците не се определувале од црковното право (од „Духовниот регламент“), туку од военото (од „Артикулот воински“), издаден во 1715 година, и од „Уставо морски“, издаден во 1720 година).

[5]Агни-йога. Откровение, 1920-1941,М. 2002, 400.

[6] Рерих Е.И., Рерих Н.К., Асеев А.М. Оккультизм и йога. Летопись сотрудничества: В 2 т. Т 1, М. 1996, 471.

[7] Монтер У., Ритуал, миф и магия в Европе раннего Нового времени, М. 2003, 90-91.

(продолжува)

ѓакон Андреј Кураев

Прв дел    Втор дел    Трет дел    Четврти дел

Петти дел    Шести дел    Седми дел    Осми дел

Г.Г.

Source: http://mistagogia.mk/za-inkvizicijata-6/

Related Posts

Image Description
8 months ago

Религија и наука (11): Инквизицијата и Џордано Бруно

„Дали Бруно може да се нарече научник, макар според критериумите од крајот на 16 век? Бруно не бил толку пропагатор на учењето на Коперник, колку што бил гласник на окултните тајни на херметизмот, кои тој во него ги открил. Бруно толку не го популаризирал учењето на Коперник, колку што го компромити...

Image Description
8 months ago

Религија и наука (8): За инквизицијата (5)

Инквизицијата функционирала како институција, којашто попрво заштитувала од гонење, отколку што запалувала. Црковните казни за оние кои правеле магии биле помеки од она што можела да им стори толпата. Таа забелешка особено е справедлива за Русија: за гревовите, за кои во Европа во тие векови гореле...

Image Description
8 months ago

Дијалог меѓу еден старец и еден атеист (4)

Четврт и последен дел од разговорот Атеистот: Морам да признаам дека твоите аргументи се прилично цврсти. Но, би сакал да те прашам уште нешто: зар не мислиш дека Христос го оставил Своето дело незавршено? А тоа, дека, ако не друго, нè напуштил. Не можам да замислам Бог што би останал рамнодушен на...