Сеноќно бдение во Водоча (08.06.2021 09:51)
На празникот на успението на преподобниот Георгиј Григоријатски, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча.
На Литургијата верните се причестија со Светите Христови Тајни.
На православните цврст столб,
и на Црквата пастиру и учителу,
си стекнал чесно свештен дар,
со расудливоста, смирено и најдостојно,
Георгие свет, отче наш,
на црноризците светило сјајно, светоносно,
помоли се пред Христос Бог,
да ни подари спасение.
***
Воспиталиште на добродетели,
ризницо на дарови, од Духот преизобилни,
Георгие, христоносче,
љубејќи Го Бога, си ги возљубил чедата.
Светоотечки воспитан,
си го издигнал духовниот живот,
молитвата ти стана дихание свето,
а богослужбата храна од вечноста.
Затоа, за нас застапи се, да се спасат душите наши.
***
Следејќи го примерот на Христа,
единствената грижа ти беше
да ја положиш душата за ближниот.
Светот го остави одлучно,
целосно се посвети на Црквата,
богословејќи, ја изучи совршената наука
на живот во покајание,
учител на монасите постана,
дружејќи се, во молитвите,
со Христа и светителите.
(од Песнеото последование кон преподобниот и богоносен
отец наш Георгиј Григоријатски)
Source: https://pokajanie.mk/2021/06/08/31753/