Старец Ефрем Филотејски: Гревот не е само нарушување на Божјите заповеди; ако не се молиме за другите луѓе, тоа е исто така грев

Благословени мои чеда!
Нашиот Бог е љубов, и кој пребива во љубовта, во Бога пребива, и Бог во него (1. Јн. 4, 16). Христијанин кој во своето срце нема Божја љубов нема ни Христов живот во душата. Тоа е големо дело на Божјото човекољубие! Тоа, што Бог Логос слезе на земјата, стана Човек и прими тело, тоа што живееше меѓу нас, не е ништо друго освен пројава на безграничното човекољубие на божествената Љубов. Божјата љубов нѐ чува и за сѐ се грижи.
Ние, луѓето, грешиме и го растажуваме Бога. Ние често правиме безбожни работи, но Неговото човекољубие е безгранично и сѐ ни простува. Сите ние, а јас прв, го растажувавме ова големо Божјо срце, кое се нарекува љубов кон човекот. Поради тоа во иднина мораме будно да внимаваме на својот живот, за да не го растажиме повторно Бога со својот грев.
Евангелската приказна за блудниот син (в. Лк. 15, 11-32) јасно покажува каква е љубовта на Бог Отецот кон грешниот човек. Во оваа приказна се вели дека блудниот син, кој е приказ на секој грешен човек на земјата, побарал од татко си да му го препушти делот од неговото наследство. Се разбира, било неразумно и неразборито да го побара својот дел, да замине од татковиот дом, да се лиши од татковата љубов и грижа. Синот, сепак, заминал, сметајќи дека е во состојба сам да се грижи за себе. Тој својата неразумност многу скапо ја платил. Во продолжение на оваа приказна, во Светото Евангелие се вели дека блудниот син брзо го потрошил целото наследство, водејќи многу грешен живот.
Гревот раѓа смрт. Платата за гревот е смрт (Рим. 6, 2), платата за гревот е душевна смрт, но гревот често е и причина за телесна смрт.
Откако го потрошил добиеното наследство, блудниот син дошол до тоа да пасе свињи и да се храни со трошки. Така се случува и со човекот христијанин: тој во Светото Крштение добива во наследство Божја благодат, а потоа, оддалечувајќи се од благодатта, ја прекинува секоја заедница со Бог Отецот и станува сад на ѓаволот, сад на гревот, живеејќи развратно (Лк. 15, 13), далеку од Бога и постојано ползејќи во грев.
Во продолжение на оваа приказна, гледаме дека во еден момент блудниот син дошол на себе и ја сфатил својата грешка. Очигледно е дека тој, кога паѓал во грев, бил надвор од себе, бил надвор од здравиот разум, разборитоста и расудувањето. Дошол на себе, вели Христос, и помислил: Колку наемници кај мојот татко имаат леб и преку мера, а јас умирам од глад (Лк. 15, 17), односно: „Јас пропаѓам во туѓина! Подобро е да се вратам дома и сѐ да му кажам на татко ми, дури и ако тој повеќе не ме нарекува свој син, бидејќи јас не сум достоен за тоа; ќе го замолам да ме прими како еден од своите слуги! Слугите кај татко ми живеат добро, а мене ќе ми биде доволно ако и јас живеам така. Не се осмелувам да го замолам да ме нарече повторно свој син, бидејќи го загубив правото така да се нарекувам. Го потрошив она што го добив во наследство, и сега ми е доволно само да се вратам и да бидам еден од неговите слуги”.
Откако вака размислил, блудниот син одлучил да се врати. Тој уште не се ни приближил до домот, а татко му веќе излегол во пресрет и го пречекал со раширени раце. Така и Бог секогаш е спремен да го прими грешникот. Блудниот син застанал на вистинскиот пат, патот на спасението, и, следејќи го него, се вратил во својот роден дом. Татко му го прифатил и прегрнал, го бакнал и заплакал на неговите гради. Блудниот син исто така плачел, а потоа му рекол на татка си: „Татко, згрешив против Небото и пред тебе, и веќе не сум достоен да се наречам твој син (Лк. 15, 21), направи ме еден од твоите наемници”. Што му одговорил татко му? „Заборави го минатото! Мене ми е доволно што се врати и што сега си дома. Ти беше мртов, а сега си воскреснат, беше загубен, а сега си пронајден. Тоа е сосема доволно. Тагата, грешките и загубата на наследството – сѐ заборави (спор. Лк. 15, 22-24)!”
Татко му најпрво заповедал да го искапат и облечат во блескава облека, а потоа му дал прстен на раката. Сѐ се изменило во еден единствен момент! Синот уште неодамна бил валкан свињар; меѓутоа, штом се вратил дома, станал чедо Божјо и царски син, облечен во блескава, богата облека! Блудниот син не се надевал на ваков пречек. Колку нежност и љубов нашол кај татка си! „Колку се измамив, колку погрешив што го оставив и заминав сам да живеам во туѓина”, морал да помисли синот.
Татко му заповедал да го заколат угоеното теле и започнал голема прослава во чест на повратникот. Настанало големо славење. Во татковите палати сѐ блескало, а синот, се разбира, не можел да дојде на себе, не верувал дека е повторно дома. Во чест на големиот ден, татко му се облекол во празнична облека, се радувал и веселел.
Љубовта на таткото кон неговиот блуден син е само бледа сенка на онаа љубов што Бог ја има за грешниот човек. Небесниот Отец во секое време е спремен сѐ да прости и да го заборави минатото, само ако човекот посака да се сврти кон благочестив живот, да Му се врати и да побара прошка. Потребно е само човекот да дојде на себе, да ги сфати своите грешки, да се смири и да признае дека не бил во право, да побара прошка од Бога. Бог ќе му одговори: „Заборави го минатото, чедо. Доволно е што се врати! Јас ти простувам сѐ, најважно е што ти сега си со Мене”.
Доаѓа, меѓутоа, човековиот непријател, ѓаволот, искусен во злото, ласкањето и лагата, и му шепоти на грешникот на уво: „Бог нема да ти прости, ти си најголем грешник! Направи такви злосторства! Сега те очекува сурова казна и пекол. Не ни обидувај се да Му се обратиш на Бога! Ти не си достоен ни очи да кренеш кон Него, да Го молиш и да бараш прошка. Бог се гневи на тебе…”, итн.
Грешникот, се разбира, не би смеел да поверува во тоа! Кога нивното чедо ќе се одврати од грешниот и развратен живот, секој татко и секоја мајка задолжително го примаат во своите прегратки, му простуваат и не се сеќаваат на поранешните навреди, дури и ако тоа чедо во свое време ги навредувало и тепало, само кога тоа се вратило! Ним, се разбира, ќе им биде доволно тоа што нивното дете се покајало и се вратило дома.
Ако мајката, по својата проста човечка љубов која, се разбира, никако не може да се спореди со Божјата љубов, простува и го љуби своето чедо кое заталкало, но се покајало, тогаш уште повеќе Бог, безграничен по љубов и доброта, несомнено ќе му прости на покајаниот грешник и ќе го помилува. Ние не смееме да ги слушаме наговорите на нашиот противник. Тој не спознал што е смирение, затоа и престојува далеку од Бога. Штом во човековата душа ќе светне искра на смирение, започнува неговото преобраќање. Според тоа, токму гордоста и егоизмот нѐ држат далеку од Бога.
Ако со срцето ја доживееме повеста за блудниот син, ќе се здобиеме со извор на непрестајно покајание и обраќање (кон Бога), а својата душа ќе ја збогатиме со Божјата љубов. Пред сѐ ќе почувствуваме дека Бог е наш Отец, чија љубов е безгранична. Во таква љубов не можеме да се сомневаме. Колку и да ни шепоти непријателот дека Бог нема да ни ги прости сторените гревови, штом во огледалото на блудниот син ќе го видиме Лицето на нашиот Небесен Отец, ќе се развеат сите демонски помисли.
Живееле некогаш двајца монаси, кои по ѓаволски наговор го напуштиле манастирот и заминале во светот. Извесно време живееле во светот, а потоа Бог погледнал на трудот и подвизите што некогаш ги извршиле во монаштвото, и ги обратил на патот на покајанието. Браќата се вратиле во скитот и го исповедале својот грев, а духовникот на секој од нив му определил епитимија: една година ќе живеат во затворништво, каде што нема да видат човечко лице и каде што ќе се молат. По таа една година, ќе се смета дека им е простен гревот и ќе можат да пристапат кон Светото Причестување. По една година, двајцата монаси излегле од затворништвото. Лицето на едниот било светло, а другиот бил многу тажен. Им давале иста храна, и едниот и другиот направиле ист грев, но изразите на нивните лица биле различни. Едниот од нив го прашале:
„Оче, за што размислуваше додека беше во затворништво?”
„Мислев за тоа како го растажив Бога и ја погубив својата душа, мислев за она што ме очекува и за тоа дека вечно ќе живеам меѓу демоните. Бидејќи со умот престојував во пеколот, мојата сила се исцрпи, а моето лице исуши од солзи!”
Потоа го прашале другиот:
„А ти, оче, како се каеше ти во затворништво?”
„Размислував за Божјата љубов, мислев за тоа докаде стигнав, како се случи демонот да ме соблазни, но и како десницата Божја ме оттргна и ме врати на поранешниот, прекрасен пат на монашкиот живот; размислував за мојот некогашен живот, за мојот пад и за тоа како Господ со Својот Крст и со Својата Чесна Крв повторно ме доведе овде и, по една година, ме удостои со примање на Светото Причестување. Сега се чувствувам слободен и жив, како и порано, меѓу отците, поради што се радувам. Поради таа радост не чувствувам ни горчина, ни тага”.
Отците одлучиле дека двајцата браќа напреднале во покајанието. Едниот – така што се сеќавал на пеколните маки, а другиот – така што размислувал за Божјата љубов; меѓутоа, и двајцата искрено се покајале и се вратиле на монашкиот живот.
На тој начин, кога се каеме, плачеме и се сеќаваме на сопствените гревови, кога размислуваме за пеколните маки, за вечното оддалечување од Бога, светлината и ангелите – сето тоа ќе помогне за нашето исцелување и воспоставување заедница со Бога. Бог ќе ни ја испрати Својата љубов.
Истовремено, кога човекот гледа како Бог и Отецот го љуби, го повикува кон Себе, не гнасејќи се од нашата сквернавост и нечистота, простувајќи ги хулите и престапите, водејќи го секого кон спасение, обраќајќи го на патот на покајанието и чистиот живот – како да не плаче и да не се радува, гледајќи таква Божја љубов кон него?
Благословен е и едниот и другиот вид на покајание, што ги видовме кај овие монаси. Човекот, од една страна, се спасува со покајание, признавајќи го сопствениот грев; од друга страна, Божјата љубов го враќа на патот што завршува кај Златните порти на Царството Небесно.
Да помислиме дека затоа, за да престојуваме со Него, за да бидеме соединети со Него, Христос ни го дарувал „угоеното теле”, а тоа е Неговото Свето Тело и Неговата Чесна Крв! Ако, како што е речено во Стариот Завет, крвта на јарци и бикови и пепелта од телињата ги чистеле осквернавените, тогаш уште повеќе Христовата Крв ќе нѐ исчисти од секој грев! Зашто ако крвта на јарците и јунците и пепелта од јуница, со која кога се кропат нечистите ги осветува да бидат телесно чисти, колку повеќе крвта на Христа, кој со Духот вечен се принесе непорочен на Бога, ќе ја исчисти вашата совест од мртви дела (Евр. 6, 13-14). Ако, според зборовите на апостол Павле, крвта на жртвените животни во Стариот Завет ги чистела човечките гревови, тогаш уште повеќе Крвта на Богочовекот, Крвта на распнатиот Христос, Крвта на Божјото Јагне ќе го исчисти, освети и спаси грешникот! Вкусувајќи ги Светите Тајни, ние стануваме богови по благодат.
Особено внимание треба да се посвети на начинот на кој пристапуваме кон Светото Причестување. Телото Христово и Неговата Чесна Крв се најголеми Светини.
А кој сум јас? Јас сум грешен човек, престапник достоен за сожалување. И покрај тоа, јас пристапувам кон Светите Дарови! Важно е, меѓутоа, како им пристапувам: ако пристапувам во покајание, по исповед, со разрешение од мојот духовник, тогаш јас, причестувајќи се со Телото и Крвта Христови, се причестувам со вечен живот. Преку божественото Причестување, јас станувам учесник во Царството Божјо: наследник Божји и сонаследник Христов (в. Рим. 8, 17). Да се биде сонаследник Христов значи дека христијанинот, кој пристапува кон божественото Причестување, по Второто доаѓање ќе престојува со Христа. Таму каде што е Христос, таму ќе биде и христијанинот кој во покајание и скрушеност на срцето се причестува со Светите Тајни.
Несреќата е во тоа што ние со нашата невнимателност ја потценуваме таквата Божја љубов кон нас. Неговата љубов кон нас е толку голема, а ние не одговараме на неа како што би доликувало. Тој ни ги простил сите гревови и ќе ни простува до крајот на нашиот живот.
А со што ќе му возвратиме на Господа за Неговата голема љубов? Дали ќе размислуваме непрестајно за неа, дали ќе се стремиме таа љубов да ни подари храброст и сила? Кога љубовта Божја ќе ни испрати искушенија, дали ќе му благодариме на Бога, повторувајќи ги зборовите на многустрадалниот Јов: Како што Господ сакаше, така и стана, нека е благословено името Господово (в. Јов 1, 21). Секое искушение е делотворен израз на Божјата љубов, зашто во секое искушение грижата и љубовта доаѓаат од Бога. Безброј луѓе, христијани, го припишуваат своето преобраќање – лично своето, па дури и преобраќањето на целото свое семејство – на некое животно искушение.
Кога човекот со сигурност знае дека некој властодржец го сака и помага, дека се грижи за него и го штити, кога е уверен дека во секој момент може да смета на него, тогаш таквиот човек чекори цврсто и одважно и се гордее со својот покровител. Ако човекот толку се гордее со покровителството на друг човек, колку тогаш ние би требало да се гордееме со покровителството на Самиот Христос? Да, ние сме должни да Му го предадеме целото свое срце, доколку навистина цврсто и непоколебливо веруваме дека Христос е наш Бог, дека Тој е распнат за нас, дека Тој е посредник меѓу Бог Отецот и човекот, дека Тој е Богочовек кој нѐ возљубил со Својата совршена љубов. Никој не нѐ љуби така како Христос, а доказ за тоа е она големо славје што бидува на Небото кога ќе се покае еден грешник. Тогаш ликуваат небесните сили: Ќе биде голема радост на Небото поради еден грешник кој се кае (Лк. 15, 7).
Треба само да помислиме колку е голема радоста на ангелите кога ќе дознаат дека некој голем грешник на земјата се покајал и се вратил на Божјиот пат, и навистина ќе разбереме колкава е нивната љубов кон нас, грешните. Замислете ја радоста на ангелот чувар кој од моментот на крштевањето му е доделен на тој покаен грешник и кој никогаш не го напуштил, иако поради гревот што го правел овој човек се оддалечувал од него. Ангелот чувар на човечката душа секогаш се моли и воздивнува кон Бога.
Во Светото Евангелие читаме за неплодната смоква (в. Лк. 13, 6-9), за земјоделецот кој му пристапил на слугата и рекол:
„Колку години веќе доаѓам тука и не наоѓам на оваа смоква никаков плод! Исечи ја за да не зазема место, а на нејзино место ќе посадиме нешто друго”.
Што одговорил слугата?
„Остави ја уште една година, јас ќе ставам околу неа ѓубриво, ќе ја прекопам и полеам, можеби уште и ќе даде плод”.
„Добро, ќе почекаме”, се согласил домаќинот.
Така постапува и ангелот чувар. Често косата на смртта е веќе подготвена да го „пожнее” грешниот човек поради неговите гревови, но ангелот моли:
„Почекај, Господи, дај му уште време, можеби ќе се покае и обрати, ќе ги признае гревовите и ќе се врати кај Тебе”.
И Бог чека. Тоа зборува за непоминливата љубов на ангелот чувар кон човекот: нека човекот и да мириса на грев, ангелот не се повлекува.
Некој човек, кој водел свет живот, дошол поради некоја потреба од пустината во градот. На улицата видел младич кој плаче. Преподобниот врз основа на своето искуство разбрал дека тоа е Божји ангел, па му пристапил и рекол:
„Јас знам дека ти не си човек, туку Божји ангел. Ако си ангел, зошто плачеш?”
„Да, јас навистина не сум човек, како што рече, јас сум ангел чувар на една христијанска душа. Плачам тука затоа што човекот кого го чувам сега греши во овој дом. За да не присуствувам на гревот, го чекам на улицата, плачам и го молам Бога да му прости, да го просветли и да го воздржи од повторување на гревот”.
Светиот се восхитил на љубовта на ангелот кон човекот. Затоа безбројните мноштва ангели се радуваат кога ќе се обрати макар и еден грешник. Гледате ли каков е нашиот Бог! Колку е голема љубовта на Христа и Неговите ангели кон нас! Според тоа, нема да очајуваме, нема да губиме храброст, туку одважно ќе пристапиме кон престолот на Божјата благодат, просејќи милост и прошка не само за себе, туку и за сите луѓе на земјата. Сите луѓе се чеда Божји, сите луѓе ги создал Бог и за сите луѓе е распнат Христос! Постојат, се разбира, и заталкани овци, кои исто така треба да се обратат. И за нив треба да се молиме. Кој ќе се моли за нив? За нив ќе се молат оние што ја познале Божјата милост, оние што го познале Бога – тие, значи, кои веќе ги посетила Божјата љубов. Тоа е и наша должност пред Бога – да се молиме за секој човек.
Гревот не е само нарушување на Божјите заповеди; ако не се молиме за другите луѓе, тоа е исто така грев, зашто тоа значи дека не ја исполнуваме должноста на љубовта кон ближниот.
Христос сите ги љуби и за сите е распнат, а ние обично се молиме само за себе, за своите роднини и познаници, додека другите ги забораваме. Ни останатите луѓе, меѓутоа, не се туѓи на Христовиот Крст. Ќе паднеме на колена, ќе ги подигнеме рацете кон Небото и од сето срце топло ќе се помолиме за секој човек. Ние не знаеме каква сила би можела да има нашата молитва. Луѓето понекогаш се каат дури и во случај кога никој не им сугерирал мисли за покајание и преобраќање. Во нивниот живот ќе се случи нешто неочекувано, и тие се преобраќаат. Можеби на тоа влијаела нечија молитва! Затоа мораме усрдно да се молиме за сите, а со нашата молитва мораме да ја изразуваме нашата љубов кон сите луѓе. Би требало во тоа да бидеме макар и слаб одраз на Божјата љубов кон луѓето.
Да му принесеме чест и слава на Божјото човекољубие!
Слава на човекољубието Твое, Господи, кое богато го распростираш по земјата и со Твојата слава и простување ги покриваш гревовите на целото човештво! Амин.
Изговорена 1984 г. во Америка.
Старец Ефрем Филотејски: Гревот не е само нарушување на Божјите заповеди; ако не се молиме за другите луѓе, тоа е исто така грев

Благословени мои чеда!
Нашиот Бог е љубов, и кој пребива во љубовта, во Бога пребива, и Бог во него (1. Јн. 4, 16). Христијанин кој во своето срце нема Божја љубов нема ни Христов живот во душата. Тоа е големо дело на Божјото човекољубие! Тоа, што Бог Логос слезе на земјата, стана Човек и прими тело, тоа што живееше меѓу нас, не е ништо друго освен пројава на безграничното човекољубие на божествената Љубов. Божјата љубов нѐ чува и за сѐ се грижи.
Ние, луѓето, грешиме и го растажуваме Бога. Ние често правиме безбожни работи, но Неговото човекољубие е безгранично и сѐ ни простува. Сите ние, а јас прв, го растажувавме ова големо Божјо срце, кое се нарекува љубов кон човекот. Поради тоа во иднина мораме будно да внимаваме на својот живот, за да не го растажиме повторно Бога со својот грев.
Евангелската приказна за блудниот син (в. Лк. 15, 11-32) јасно покажува каква е љубовта на Бог Отецот кон грешниот човек. Во оваа приказна се вели дека блудниот син, кој е приказ на секој грешен човек на земјата, побарал од татко си да му го препушти делот од неговото наследство. Се разбира, било неразумно и неразборито да го побара својот дел, да замине од татковиот дом, да се лиши од татковата љубов и грижа. Синот, сепак, заминал, сметајќи дека е во состојба сам да се грижи за себе. Тој својата неразумност многу скапо ја платил. Во продолжение на оваа приказна, во Светото Евангелие се вели дека блудниот син брзо го потрошил целото наследство, водејќи многу грешен живот.
Гревот раѓа смрт. Платата за гревот е смрт (Рим. 6, 2), платата за гревот е душевна смрт, но гревот често е и причина за телесна смрт.
Откако го потрошил добиеното наследство, блудниот син дошол до тоа да пасе свињи и да се храни со трошки. Така се случува и со човекот христијанин: тој во Светото Крштение добива во наследство Божја благодат, а потоа, оддалечувајќи се од благодатта, ја прекинува секоја заедница со Бог Отецот и станува сад на ѓаволот, сад на гревот, живеејќи развратно (Лк. 15, 13), далеку од Бога и постојано ползејќи во грев.
Во продолжение на оваа приказна, гледаме дека во еден момент блудниот син дошол на себе и ја сфатил својата грешка. Очигледно е дека тој, кога паѓал во грев, бил надвор од себе, бил надвор од здравиот разум, разборитоста и расудувањето. Дошол на себе, вели Христос, и помислил: Колку наемници кај мојот татко имаат леб и преку мера, а јас умирам од глад (Лк. 15, 17), односно: „Јас пропаѓам во туѓина! Подобро е да се вратам дома и сѐ да му кажам на татко ми, дури и ако тој повеќе не ме нарекува свој син, бидејќи јас не сум достоен за тоа; ќе го замолам да ме прими како еден од своите слуги! Слугите кај татко ми живеат добро, а мене ќе ми биде доволно ако и јас живеам така. Не се осмелувам да го замолам да ме нарече повторно свој син, бидејќи го загубив правото така да се нарекувам. Го потрошив она што го добив во наследство, и сега ми е доволно само да се вратам и да бидам еден од неговите слуги”.
Откако вака размислил, блудниот син одлучил да се врати. Тој уште не се ни приближил до домот, а татко му веќе излегол во пресрет и го пречекал со раширени раце. Така и Бог секогаш е спремен да го прими грешникот. Блудниот син застанал на вистинскиот пат, патот на спасението, и, следејќи го него, се вратил во својот роден дом. Татко му го прифатил и прегрнал, го бакнал и заплакал на неговите гради. Блудниот син исто така плачел, а потоа му рекол на татка си: „Татко, згрешив против Небото и пред тебе, и веќе не сум достоен да се наречам твој син (Лк. 15, 21), направи ме еден од твоите наемници”. Што му одговорил татко му? „Заборави го минатото! Мене ми е доволно што се врати и што сега си дома. Ти беше мртов, а сега си воскреснат, беше загубен, а сега си пронајден. Тоа е сосема доволно. Тагата, грешките и загубата на наследството – сѐ заборави (спор. Лк. 15, 22-24)!”
Татко му најпрво заповедал да го искапат и облечат во блескава облека, а потоа му дал прстен на раката. Сѐ се изменило во еден единствен момент! Синот уште неодамна бил валкан свињар; меѓутоа, штом се вратил дома, станал чедо Божјо и царски син, облечен во блескава, богата облека! Блудниот син не се надевал на ваков пречек. Колку нежност и љубов нашол кај татка си! „Колку се измамив, колку погрешив што го оставив и заминав сам да живеам во туѓина”, морал да помисли синот.
Татко му заповедал да го заколат угоеното теле и започнал голема прослава во чест на повратникот. Настанало големо славење. Во татковите палати сѐ блескало, а синот, се разбира, не можел да дојде на себе, не верувал дека е повторно дома. Во чест на големиот ден, татко му се облекол во празнична облека, се радувал и веселел.
Љубовта на таткото кон неговиот блуден син е само бледа сенка на онаа љубов што Бог ја има за грешниот човек. Небесниот Отец во секое време е спремен сѐ да прости и да го заборави минатото, само ако човекот посака да се сврти кон благочестив живот, да Му се врати и да побара прошка. Потребно е само човекот да дојде на себе, да ги сфати своите грешки, да се смири и да признае дека не бил во право, да побара прошка од Бога. Бог ќе му одговори: „Заборави го минатото, чедо. Доволно е што се врати! Јас ти простувам сѐ, најважно е што ти сега си со Мене”.
Доаѓа, меѓутоа, човековиот непријател, ѓаволот, искусен во злото, ласкањето и лагата, и му шепоти на грешникот на уво: „Бог нема да ти прости, ти си најголем грешник! Направи такви злосторства! Сега те очекува сурова казна и пекол. Не ни обидувај се да Му се обратиш на Бога! Ти не си достоен ни очи да кренеш кон Него, да Го молиш и да бараш прошка. Бог се гневи на тебе…”, итн.
Грешникот, се разбира, не би смеел да поверува во тоа! Кога нивното чедо ќе се одврати од грешниот и развратен живот, секој татко и секоја мајка задолжително го примаат во своите прегратки, му простуваат и не се сеќаваат на поранешните навреди, дури и ако тоа чедо во свое време ги навредувало и тепало, само кога тоа се вратило! Ним, се разбира, ќе им биде доволно тоа што нивното дете се покајало и се вратило дома.
Ако мајката, по својата проста човечка љубов која, се разбира, никако не може да се спореди со Божјата љубов, простува и го љуби своето чедо кое заталкало, но се покајало, тогаш уште повеќе Бог, безграничен по љубов и доброта, несомнено ќе му прости на покајаниот грешник и ќе го помилува. Ние не смееме да ги слушаме наговорите на нашиот противник. Тој не спознал што е смирение, затоа и престојува далеку од Бога. Штом во човековата душа ќе светне искра на смирение, започнува неговото преобраќање. Според тоа, токму гордоста и егоизмот нѐ држат далеку од Бога.
Ако со срцето ја доживееме повеста за блудниот син, ќе се здобиеме со извор на непрестајно покајание и обраќање (кон Бога), а својата душа ќе ја збогатиме со Божјата љубов. Пред сѐ ќе почувствуваме дека Бог е наш Отец, чија љубов е безгранична. Во таква љубов не можеме да се сомневаме. Колку и да ни шепоти непријателот дека Бог нема да ни ги прости сторените гревови, штом во огледалото на блудниот син ќе го видиме Лицето на нашиот Небесен Отец, ќе се развеат сите демонски помисли.
Живееле некогаш двајца монаси, кои по
Source: https://www.tiveriopol.mk/starec-efrem-filotejski-grevot-ne-e-samo-narusuvaje-na-bozjite-zapovedi-ako-ne-se-molime-za-drugite-pravime-grev/